Борбата со нелегалната трговија со алхолот го создаде кримоналниот крем во САД а потоа истиот се префрли на трговија со наркотици. Единствена успешна прохииција е добиена само во бoрбата против пушењето
Нема сомнение дека цветањето на организираниот криминал се должеше пред се на прохибицијата. Дон Вито Касио Феро, првиот сицилијански Капо ди тути Капи, избегал во Америка во 1901 година за убиство и осуда за киднапирање, изнуда и закана. Тој ја основаше организацијата „Црна рака“, една од најважните организации во тоа време, Чарлс Лучијано, кој беше познат како нов Капо ди тути Капи и како прв мафијашки кум. Но, Ал Капоне била личност што веројатно оставила најголем белег во овој период. Додека тој бил млад, постарите криминалци го „тренирале“ затоа што препознале голем талент за правење „валкани“ работи.
Различни култури значително се разликуваат во нивните ставови кон потрошувачката на алкохол, како и во системите за контрола на производство и дистрибуција. Јапонците не ја осудуваат пијанството премногу остро, но на многу едноставни начини спречуваат пијаниците да се повредат себеси или околината. Некои други култури имаат релативно висока доза на толеранција за консумирање алкохол. Ова особено важи за европските медитерански земји, каде потрошувачката на вино се зема како дел од гастрономската традиција и животен стил.
До 19 век, мафијата стана еден вид религија за повеќето луѓе, „почитувано општество“.
До 19 век, мафијата станала еден вид религија за повеќето луѓе, „почитувано општество“. Ова го искористиле многу гангстери, кои направиле богатство во шверц и продажба на алкохол.
Кога алкохолот бил потребен за медицински цели, зад барањето мора да стоел документ, потпишан од американската влада.
Конвенцијата на Обединетите нации за наркотични лекови во 1961 година, скоро глобално, ги укина забраните за продажба на алкохол, тутун и кафе, кои се сметаат за легални лекови.
Сепак, и покрај сите разлики, скоро сите земји во светот имаат релативно строги контроли за продажба и дистрибуција на алкохолни пијалоци, бидејќи тие создаваат приход од високи даноци. За да се спречи алкохолизмот, некои земји своето внимание го насочуваат кон оние кои консумираат алкохол исто како и во Шведска, додека други се повеќе се грижат за оние што го тргуваат, како што прават САД.
На темата мафија, и италијанско-американското подземје, се снимаше филмот во три дела „Кум“, еден од најдобрите трилогии на сите времиња. Улогите ги толкуваа Марлон Брандо, како големиот кум, и Ал Пачино, како негов најмлад син и наследник. Моделиран на Ал Капоне, филмот Скарфејс е снимен, во кој глуми Ал Пачино.
За разлика од многу мафиозикои дошл од Италија, Капоне бил роден во Бруклин, сиромашна населба во Њујорк, како дете на италијански доселеници со наполитанско потекло. Од училиштето бил избркан на 13 годишна возраст, по што се вклучил во локалните криминални банди. Кога наполнил 20 години се преселил во Чикаго, каде заработувал шверцувајќи алкохол и покрај таквата забрана со закон. Покрај ова, поткупувал владини лица и се занимавал со организирана проституција.
И покрај овие нелегални активности, Капоне станал видна јавна личност. Донирал парични средства во многубројни хуманитарни организации, со што го добил прекарот „современиот Робин Худ“. Неговиот јавен углед бил нарушен со аферата „Масакрот на Св. Валентин“ (1929), кога настанала вооружена престрелка помеѓу членови на неговиот клан и на фамилијата на Ирецот Багз Моран. Во таа пресметка биле убиени седум членови на непријателската банда.
Во 1931 год. Капоне бил обвинет за даночна евазија и бил испратен во федералниот затвор, но бил ослободен во 1939. Затворската казна ја издржувал во тогаш новоотворениот казнено-поправен дом Алкатраз. По ослободувањето, Капоне имал тешки физички и ментални нарушувања, кои дополнително се влошиле поради болеста невросифилис (кила на мозочното ткиво) која била во поодминат стадиум. Починал на 25 јануари 1947, како последица на застој во срцевата работа, откако претходно претрпел мозочен удар.
Иако бил далеку помалку познат од познатите гангстери како Ал Капоне, Маранцано сепак оставил длабока трага во светот на криминалот. Верувале или не, тој, додека бил дете имал голема желба да стане католички свештеник на Сицилија.
Сепак, наместо тоа, тој се искачил на вртоглави височини кога станува збор за достигнувањата во криминалот, каде што имал голема моќ како и неговиот историски идол – Јулиј Цезар. Маранцано толку многу му се восхитувал на римскиот владетел, така што го носел прекарот „Малиот Цезар“.
Но, пред „Малиот Цезар“ да ја формира големата американска мафија и да се круниса како „бос над сите босови“, Салваторе Маранцано станал познат криминалец на Сицилија. До моментот кога пристигнал во Њујорк после Првата светска војна, прохибицијата била во полн налет, а Маранцано се вклучил во бизнисот со коцкање, проституција, се коцкал и имал бројни други пороци преку кои што исто така остварувал заработувачка.
Притоа тој дошол до контакт со гангстери како што се Чарлс „Лаки“ Лучијано, Багзи Сигел и Мајер Лански. Посебно Лучијано станал важна фигура откако избила таканаречената „Кастеламарезе војна“ во 1930-та година.
Таа војна започнала кога Салваторе Маранцано и Џо Масери, првиот човек на семејството Џеновезе, ја посакале контролата над подземјето во Њујорк. Војната траела се додека Лучано, тогаш десната рака на Масери, не го предал својот шеф и го убил во 1931-ва година.
После убиството на Масери, Салваторе Маранцано се истакнал како „Capo di tutti capi” и ја организирал мафијата во Њујорк составена од озлогласените пет семејства. Тој дури и организирал кодекс на однесување за оваа нова „конфедерација“ наречена „La Cosa Nostra” или „Нашата работа“.
Сепак, владеењето на Маранцано било краткотрајно. Во рок од само пет месеци од неговиот подем, Лаки Лучијано кој претходно го предал Масери, сега се свртел против Маранцано и ангажирал убијци да ја нападнат неговата канцеларија на Парк Авенија кои што ја завршувал работата.
Како и неговиот идол Цезар, исто така и владеењето на Маранцано завршува со убиство со нож и предавство. Како и Цезар, Салваторе Маранцано засекогаш променил еден дел од светот и неговата приказна станала легендарна.
.Според сведочењето на еден од уапсените италијански мафијаши, оваа криминална организација имала одредени кодови и лозинки со кои тие се идентификувале. Тие главно биле марамчиња со различни бои.
Тој, исто така, ја опишал иницијацијата во толпата, ритуал за време на кој иден член е прободуван со игла во средниот прст, а потоа се цедела крвтта кон иконата на некој светец. После тоа, иконата се гори а пепелта се става во раката на оној што се прима во организацијата, по што тој ја изговара заклетвата: „Се колнам дека сум верен на моите браќа и никогаш нема да ги изневерам, и ако клекнам, дозволете ми да изгорам како оваа слика“.
На мафијата повеќе од државниот прогон, подложен на корупција и се заканувал кодекс на крвната одмазда. Така, заради одмаздата, честопати се ликвидирале цели семејства. За време на владеењето на семејството Корлеоне, извршени се 153 убиства меѓу самите членовите на фамилијата.
Набргу по основањето во Америка, мафијата била моделирана по деловни организации. Сличностите со легитимните деловни организации се однесувала особено на хиерархијата, структурата, планирањето, извршните тела, сметководството, персоналот за поддршка… За разлика од стандарните правни лица, традиционалната мафија, како што најчесто се претставуваше пред јавноста во средината и крајот на минатиот век, ги следела своите планови со употреба на насилство и заплашување.
Многу семејства од Сицилија се нашле во криминалната толпа, иако повеќето од нив првично работеле на доковите во градовите покрај океанот. Најсилната американска мафијашка гранка е сместена во Њу Орлеанс, од каде потекнува организацијата Црна рака. Неговите членови биле претежно осудени криминалци кои избегале од Сицилија и ги водел споменатиот Вито Феро, првиот донатор (!) кај американската мафија. Но вистинското лице на Црната рака не се донации туку киднапирањето на деца, за чие ослободување барало откуп.
Мафијата, како што се гледа и во филмот „Кум“ имала проблем да ја прифати трговијата со наркотички средства. Секако, кога алхохолот не бил забранет, станал неинтересен и скрупулите целосно пднале. Потоа власта кога се борела против трговијата со наркотици се борела и со – мафијата. Ова е особено интересно после 1971 година, кога претседателот Никсон донел драстични мерки – се апсело и за мали количества дрога, казните биле високи и слично. Критичарите на мерките веле дека тоа не е вистинското оружје – босовите остануваат недопрени а во затвор одат сините престапници, обично Афроамериканци. Па дури и кога ќе се фати некој бос (годинава беше осуден на доживотна робија во Њујорк шефот на мексиканската мафија Ел Чапо) организацијата изнедрувала друг шеф и се оди по старо.
И покрај војната против дрогата САД последните години бележи пандемија на наркоманијата. Заради предозуирање само во 2017 година починале 70 илјади лица. Од политиката на Никсон се откажале 11 сојузни држави кои дозволуваат слободно користење на марихуаната. А 33 држави дозволуваат користење на марихуаната во медицински цели.
Единствена успешна прохибиција е борбата потив пушењето, која со комбинирани методи довела до масовно откажување од пушењето цигари!