Ерменците се пред нова и кој знае која по ред национална катарза за која Русија, како и секогаш во историјата, има своја директна вина – едноставно ги оставија на цедило и покрај потпишаниот договор со безбедносни гаранции
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Пред речиси две недели новинарот на Недељник Жељко Пантелиќ не потсети на една реченица која наводно ја изговорил Јосип Броз Тито. Таа гласи – „тешко им е на оние кои Америка ги брани, а Русија ги храни“, Ако тоа си го преведеме на некаква реалност излегува дека добро поминувале оние земји што Русија ги бранела а Америка ги хранела. Оваа реченица сега делумно не потсетува на фактот дека Ерменија, државата која во историјата целосно се предаде во рацете на Москва, пред се како кон „бранителка“ и никогаш во ниту еден момент во историјата не посакала да излезе од под сенката на Кремљ, денес, веројатно не по прв пат во историјата, се наоѓа „во небрано“. Пантелиќ во своето утринско експозе (https://www.youtube.com/watch?v=AOn0_ourWNI) оцени дека пораката од актуелната ситуација на Кавказот по последниот неколкудневен сурир меѓу Азербејџан и Ерменија секако е дека чадорот што отворено или прикриено го нуди Москва на земјите кои не се во некои познати одбранбени сојузи како „алтернтива“ ниту имала ниту ќе има реална вредност. Да додадеме дека ова секако најпрвин важи за земјите од Балканот – за Србија, Бсна и Херцеговина, но секако и за Црна Гора и Северна Македонија, обете во НАТО, но со надеж дека одредени антизападни структури, кои не се пасивни или политички поразени можат да направат пресврт со откажување на членството во Алисајнсата. Да не говориме и за Бугарија, исто така НАТО членка, каде односот на силите меѓу прозапдните и происточните граѓани е некако „фифти-фифти“, што го покажува и долгата политичка криза во Софија.
ПОТРЕСНИОТ ГЕНОЦИД ПОД АРАРАТ Првото големо страдање на ерменскиот народ во последните векови се случило во 1915 година, преку систематско и континуирано етничко чистење, протерување и
масовно убиство на припадници на ерменскиот народ во Отоманската империја. Тој настан се случува, само набрзина да се потсетиме, за време на Првата светска војна, извршено по наредба на тогашните османлиски власти. Иако истите воделе континуирана политика на прогон и депортација на ерменското население, особено во Мала Азија помеѓу 1894 година и 1923 година, најголемиот обем на протерувања и убиства се случил токму во текот на 1915 година. Според различни проценки, во ова злосторство биле убиени помеѓу 800.000 и 1.500.000 припадници на ерменскиот народ од Отоманската империја,
(https://mk.wikipedia.org/wiki/Ерменски_геноцид). Прогонетите Ерменци кои спасот го побарале во странство, денес претставуваат основа на современата ерменска дијаспора која е распространета низ целиот свет.
На 24 мај 1915 година, Обединетото Кралство, Франција и Русија го усвоиле текстот на заедничката декларација со која за прв пат во правната пракса тие директно ја обвиниле Турција за злосторство против човештвото извршено врз припадниците на ерменската заедница во просторот што таа го контролирала и за кој била одговорна. Меѓународната асоцијација за проучување на злосторства на геноцид во јуни 1997 година ги прогласила масовните убиства и прогони на ерменското население во Турција за време на Првата светска војна за геноцид.
ГРОЗОМОРА КАКО ОПРАВДУВАЊЕ НА ПОРАЗОТ Но она што е поводот за тој настан (или брутални настани) е фактот дека царската руска војска својата најголема победа во оваа војна ја има токму на својот јужен фронт, односно против традиционалниот противник – Турција Победената армија предводена од Енвер Паша, во битката кај Сарикамиш претрпела тежок пораз, а по неговото враќање во Истанбул, Енвер Паша ја навел ерменската соработка со Русите како клучна причина за поразот. На 25 февруари 1915 година Енвер Паша, кој во тоа време бил вршител на должноста министер за војна, ја донел „Директивата 8682“ за зголемување на безбедносните и мерките на претпазливост во сите воени единици со цел да се избегнат потенцијални соработки со непријателите. Во согласност со таа директива, на Генералштабот му било наредено целосно да ги демилитаризира сите етнички Ерменци кои служеле во османлиската војска, а од христијанското цивилно население било одземено сето оружје. Директивата директно ја обвинува дури и ерменската црква за соработка со непријатели и откривање на државни тајни на Русите. Демилитаризираните ерменски војници биле префрлени во работнички логори и работничко логистички баталјони. Ако денес во матичната земја живеат околу три милиони Ерменци може да се свати како 1915 година влијаела на бројноста на оваа популација.
Нацијата што го доживеа првиот геноцид во 20 век и најголемиот по холокаустот, иако одбра (не и со право на бирање, впрочем) да биде под заштита на „православниот брат“ од северот, повеќе пати е жртвувана, според нивна проценка.
ПОДАРОК ЗА РЕПУБЛИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Првиот пат кога после Октомвриската револуција влегува во составот на СССР Ленин и Троцки одлучуваат, заради мир на јужните граници да го одоброволат новиот претседател Кемал Ататурк, основач на Туѕрската република (1919 г.) и му понудиле да отстапат територии кои вековно и припаѓале на Ерменија. Се работи пред се’ за националната гордост – библиската планина Арарат (https://mk.wikipedia.org/wiki/арарат) и пошироката околина, каде наводно зстанала арката на Ное после стивнување на Потопот. Оваа планина зазема значајно место во ерменската култура и големоерменските идеи, и е претставена на грбот на државата..Земјата била – како што се вели – е на погрешната страна на историјата и без ниту еден друг сојузник оовен Русија, потоа СССР и денес одново Русија, а за тоа морала да проголта многу работи.
А СЕГА НЕШТО И ЗА БАКУ Второто предавство на Ереван во советскиот период е направено во мигот кога Сталин (1929 г.) се одлучува да предаде друг дел од нејзината територија, денес толку споменатиот Нагорно Карабах.(ова е руското име) кој е буквално доделен на Азербејџан, република исто така во рамките на СССР. Или потточно областа Нагорно Карабах станува нешто што ние од југословенското искуство би го нарекле покраина, извлечен е од Ерменија и присоединет со Азербејџан.
Ова се смета дека е начин да се придобие сојузништвото на една муслиманска земја (згора и шиитска) на границата со исто така шиитскиот Иран. Тој сојуз бил добар заради моќни нафтени извори, битни за секоја земја, па и за големата федерација. Ова подрачје со површина од 270 квадрати километри (околу 10 отсто од останатата површина на Ерменија) на овој начин станува предмет на постојани спорења меѓу Баку и Ереван.
Значи имаме доказ дека Москва секагаш си имала свои империјални есапи во кои апсолутна предност има нејзиниот интерес а не оној на земјите што е обврзана да го штити! Како лесно се тргува со територии на помалите земји…
КОГА „ЧУВАРОТ“ ТЕ ПРОДАВА ЗАД ГРБ Во последните години на распаѓањето на Советскиот Сојуз, регионот станал причина за воен спор, кулминирајќи со војната во Нагорно-Карабах. По примирјето постигнато со руска помош на 12 мај 1994, најголемиот дел од Нагорно – Карабах и неколку региони на Азербејџан влегле под контрола на војската на Ерменија, а НКР се здобива и со де факто посебна влада. Од тогаш, страните водат мировни разговори со посредство на ОБСЕ Групата Минск.
Коклкава е приврзеноста на Ереван на Москва говори фактот дека Ерменија исполнувала се’ што Русија ќе побарала од неа. Се откажаа од европската перспектива, не ни помислувала да влезе во НАТО, ја врзала својата судбина со Руската Федерација: економски преку членството во Евроазиската унија и безбедноста преку припадност кон Организацијата на Договорот за колективна безбедност. Во мигот кога Русија слабее а Турција, како заштитник на Азербејџан јакне и кога ситуацијата во тој регион одново зоврива, гледаме дека Русија им го сврте грбот на Ерменците затоа што повеќе ѝ се потребни Азербејџан и Турција во конфликтот со Западот.
Циниците би рекле дека историјата се повторува како трагедија. Русија не само што не го заштити Арцах (како Ерменците го нарекуваат Нагорно Карабах) бидејќи од 2020 година наваму на два пати дозволи војската на Азербејџан, со помош на споменатата Турција но и на Израел (!) да го преземат делот што тие го повратија во 1993 година.
ХАРТИИТЕ НА ЛАВРОВ Руската Федерација, освен што не дошла на помош на својот сојузник (за што ја обврзува договорот со кој се замени улогата на Варшавскиот пат, при што Азербејџан не сакаше да влезе во тој „пакт“, заради очевидни причини) иако се работеше за далеку посилен и подобро вооружен противник. Најнапред, Москва мирно ја следеше комплетната блокда на Нагорно Карабах а од неодамна и окупацијата, што заврши со масовно иселување на Ерменците од овој дел на Кавказот. Како што забележува новинарот Пантелиќ „баќушка“ одвреме-навреме, преку шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, чиј татко, каков парадокс, бил етнички Ерменец, дава соопштение или изјава што покажува повеќе немоќ отколку одлучност да ја укине променетата ситуација на Кавказ. Дури и кога постоеше очевидна хуманитарна катастрофа – населението во Нагорно Карабах беше со месеци оставано без храна, лекови, медицинска опрема, бензин, ѓубрива за земјоделството, се до струја помош во неркаква конкретна смисла од северот не дојде! Режимот во Баку дури и спречувал тешко болните да бидат префрлени на лекување во Ерменија со брза помош.
Во два наврати, во февруари и јули годинава, Меѓународниот суд на правдата во Хаг донесе одлуки со кои му наложи на Азербејџан да дозволи проток на стоки и слобода на движење на луѓе низ Коридорот Лачин, но без никакви резултати. Претседателот Илхам Алиев прво организирал протест на лажни екологисти кои го блокираа коридорот во декември минатата година. Тогаш автократскиот режим во Баку ги искористи протестите за да постави контролни пунктови на влезовите на коридорот во април, за буквално да ги затвори во јуни.
Пред блокадата, низ коридорот Лечин поминале 400 тони разновидна стока, бидејќи Арцах 90 отсто зависи од трговијата со Ерменија. Жителите на енклавата некако успеаја да преживеат до сега благодарение на залихите и пред се сезонското овошје и зеленчук. Бидејќи во Арцах нема шеќер, нема сол, нема други средства за зачувување на храната, честопати нема струја, населението буквално ризикува да гладува. Ерменскиот народ таму доживува нови ужаси! Не е забележливо дека Путин рони солзи и тоа токму кога води војна во Украина и кога со својата залулана положба нема никакви сили да ја сврти ситуацијата. Впрочем, човекот што ја шири смртта не може да биде било каков пример на грижа за човековите права.
Поранешниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд Луис Морено Окампо пред две недели објави извештај во кој отворено кажа дека во Нагорно-Карабах е во тек геноцид врз локалното население. „Нема гасни комори, нема колење. Гладот е невидливото оружје на геноцидот. Ако нешто не се преземе итно, ерменската етничка група која живее во Нагорно-Карабах ќе биде уништена во следните неколку недели“, пишува Окампо.
Целта на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, кој го наследи
неговиот татко во претседателската фотелја како Азербејџан да е монархија, а не република, сака да ја искористи исклучително поволната геополитичка ситуација за да го реши прашањето за Нагорно-Карабах, а потоа отвори криза околу Сјуник, јужната ерменска провинција што ја дели Туркомански народи,оние сместени меѓу Марица до Ксинџијанг. Режимот во Баку отворено покажува дека неговата крајна цел е етничко чистење на Нагорно-Карабах, елиминирање или протерување на 120.000 Ерменци кои останаа во Степанакерт и неколку други градови и села во Арцах. Алиев, со голема поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, игра двојна игра благодарение на руската инвазија на Украина и воведените санкции против Руската Федерација. Ова последново е уште една причина која го става Ердоган во ќорсокак.
Имено, Европа не може да си дозволи луксузот да се изгуби Азербејџан како продавач на гас и нафта. За работите да бидат уште погротескни, добар дел од гасот и нафтата што Баку и ги продава на Европа доаѓаат од Русија, што значи, како што истакна францускиот пратеник во Европскиот парламент Франсоа Ксавиер Белами, дека самата ЕУ ги заобиколува и ги прави бесмислени санкциите наметнати од Москва и дека меѓу институциите на ЕУ постои голема разлика: едни размислуваат низ призмата на европските вредности и хуманост, а други прагматично геополитички.
Европскиот парламентарец Белами, еден од лидерите на француските републиканци (наследници на деголистите), не е далеку од вистината дури и кога потсетува дека Европа е создадена врз пепелта на геноцидот со идејата дека тоа никогаш повеќе нема да му се повтори на никого. „Ако дозволиме да се случи геноцид на на нашите граници и на нацијата која веќе ја доживеала, никогаш нема да го измиеме срамот“, објаснува Белами.
Ова засега наидува на глуви уши.
Впрочем, македонскиот народ многу добро го знае тој практичен интерес, кој ние долго сме го доживеале токму кога се работи за рускиот империјален интерес. Цели 200 години Петербург а потоа Москва се определувале за оние нации кои ги сметале за покорисни за нивните геостратешки интереси. Ако не сме го вуделе тоа или дури сега по малку се освестуваме, треба да го градиме својот став кон „руската грижа“ и низ повеќе од трагичното исксутво на Ерменците.