Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СУДЕЊАТА ЗА ПУЧОТ ОД 27 АПРИЛ 2017 ГОДИНА СО УСПОРЕН РИТАМ

January 14, 2020 Filed Under: Македонија

На Јанакиески, Ристовски, Вељаноски и Атанасовски конечно ќе им се суди за организација на „27 април“

НА СКАЛИЛАТА НА СОБРАНИЕТО На тој настан од 27 птил 2017 година на овие скалила продефилираа многу познати личности

На поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, актуелниот пратеник и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, и на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, ќе им се суди за организација на настаните од 27 април 2017 година во законодавниот дом.

Обвинителниот акт против нив е целосно одобрен, соопштија од Основниот кривичен суд. Тие се обвинети за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Со истрагата за организаторите беа опфатени и експремиерот Никола Груевски и поранешниот разузнавач Никола Бошкоски, но затоа што тие се во бегство, како што соопштија од Обвинителство при поднесувањето на обвинението, постапката за нив ќе продолжи кога тие ќе бидат пронајдени.

Обвинението за случајот беше поднесено уште на 31 мај 2019 година, но досега оценката постојано се одложуваше бидејќи се изземени осум од девет судии во Одделението за организиран криминал затоа што по разни основи биле поврзани, односно учествувале во останатите предмети кои се водеа пред судот за настаните од „крвавиот четврток“.

Откако е прифатено обвинението, сега, според електронскиот систем АКМИС, предметот ќе се распореди кај надлежен судија по што тој ќе треба да закаже и почеток на судењето.

Според истрага на обвинителството, осомничените го подготвиле и реализирале планот за 27 април 2017 со цел да спречат мирно примопредавање на власта по парламентарните избори во декември 2016 година.

„За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето ‘За заедничка Македонија’, што кулминираа со насилното влегување во Собранието. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието“, тврди Обвинителството.

БОШКОСКИ Едно време овој полициски функционер бил истражител на Зврлевски

Во седиште на ВМРО-ДПМНЕ двајца од обвинетите, според наодите на Обвинителството, континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети.

„Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност (Никола Бошкоски), со возило во сопственост на Управата за безбедност и контраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот „Жена борец“ донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг-собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард-дисковите од собраниските камери“,

наведоа од Обвинителството кога во мај го поднесоа обвинителниот акт.

Ова е втор поголем судски процес кој ќе се води за настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

КУРТУЛИ Оперскиот пејач Дурловски куртули од пресуда за учество во „крвавиот четврток“

Најобемниот предмет за „крвавиот четврток“ заврши со првостепена пресуда. Во него беа опфатени 33 лица, но 15 од нив добија амнестија со закон што Собранието го донесе во 2018 година. Од останатите единствено Игор Дурловски доби ослободителна пресуда, додека другите добија вкупно 211 години затвор. Највисока казна доби поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков – 18 години затвор.

Покрај овој, се водеа уште неколку други случаи за учество во толпа и за насилство.

(360 Степени)

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet