Обвинетиот Керим потпишал со првите луѓе на Опатија, Хрватска, „специјално овластување“, според кое тој ќе го промовирал градот како туристичка дестинација
ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Судскиот процес којшто Срѓан Керим, на почетокот на минатиот месец, успеа да го одложи, а во кој тој е обвинет за „финансиска дисциплина“, е презакажан за втори март.
Како што веќе пишувавме, обвинетиот Керим најави дека до скопскиот кривичен суд ќе достави своја одбрана, во пишана форма, а на увид ќе да доставел и неговата хрватска лична карта.
Станува повеќе од извено дека Керим не планира да се појави и на судењето во март, иако е повеќе од извесно дека тој ќе биде огласен за виновен, дотолку повеќе што против него постапката ја поведе Управата за јавни приходи, порди тоа што на една такси компанија и должи 208.000 денари или близу 3.500 евра, а на друга фирма уште 500 евра.
Она што е најново, а се однесува на обвинетиот е неговото „продавање“ во медиумите во Хрватска и пред се во политичките кругови. Како што пренесуваат тамошните медиуми Срѓан Керим потпишал „специјално овластување за застапување на Опатија во развивање на меѓународната соработка со институции и поединци“. Според ова „овластување“, инаку потпишано од градоначалникот на Опатија, Иво Дујмиќ и од претседателот на советот на градот, Фернандо Киригин, токму обвинетиот Керим ќе треба да ја промовира Опатија.
Дали „градските татковци“ на Опатија знаат дека Срѓан Керим е под кривичен прогон и во други предмети тешко е да се каже. Дали Керим прибегнува кон нови трикови, за да се спаси од заслужена казна допрва ќе се проверува, како што треба да се провери дали истиот човек му се нуди за советник на хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, притоа повикувајќи се македонски политички авторитети?! Како што е познато Срѓан Керим е еден од осомничените во случајот наречен „Империја“. Тој, од Синдикатот на македонските новинари и медиумски работници е пријавен за повеќе кривични дека.
Срѓан Керим на домашната јавност ќе и остане запаметен како човек кој успеа да ги уништи сите печатени изданија кои излегуваа од „Медиа Принт Македонија“ и на улица да остави стотици вработени.