Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СУДЕЊЕТО НА СРЃАН КЕРИМ НА 10. ДЕКЕМВРИ!

November 10, 2020 Filed Under: Македонија

Судењето на Срѓан Керим за избегнување плаќање на коминтенти, односно за „финансиска недисциплина“ е извесно, но според наши сознанија, тој ќе се обиде да не дојде, ама и да избегне распишување потерница по него

ПРОМЕНА Керим излегува од СЈО, место кое го промени „статусот“ на осомничениот, но се чини не му го одзеде пасошот

ЉУБИША СТАНКОВИЌ

Судењето на поранешниот косопственик на „Медиа Принт Македонија, Срѓан Керим, за „финансиска недисциплина“, иницирано од Управата за јавни приходи, скопскиот кривичен суд го закажа за 10. следниот месец.
До стартот на судењето има доволно време Керим да биде повикан да присуствува, иако тој веќе подолго време живеее во Опатија, Хрватска, но како што дознаваме, обвинетиот веќе преземал одредени активности во насока на избегнување да се појави на судење?
Со оглед на тоа што Срѓан Керим се води како осомничени и во случајот „Империја“ постои ризик, за него, да биде распишана меѓународна потерница. Токму поради опасноста за него да биде распишана потерница тој, наводно, побарал помош од некои тамошни, но и од наши политичари?
Во интерес на судската постапка која што ќе следи, засега, нема да објавиме ниту едно име, но доколку сомневањата се покажат како точни и Керим не дојде на судење, а за него да нема потерница, тогаш ќе ги има и тие ќе треба да дадат одредени појаснувања!
Инаку, постапката за „финансиска недисциплина“, во скопскиот кривичен суд е веќе две години, но судијката која што претходно го водела овој предмет никогаш не започнала да го суди овој предмет. Сега предметот е кај друг судија и извесно дека на Срѓан Керим ќе му биде судено.
Инаку, како што веќе објавивме, на Керим ќе му се суди поради неизмирено обврски кон правните лица „Офсет Ацо ДООЕЛ“ и „ИН Такси“. Во Барањето за поведување на прекршочна постапка стои дека врз основа на извршен надзор врз должникот „Медиа Принт Македонија“, а за што постои и записник од 18. јуни 2017 година, било констатирано дека должникот не ги исполнил паричните обврсјки кон доверителот „Офсет Ацо ДООЕЛ’ и „ИН Такси’!“. Сега обвинетиот Керим бил известен за постапка која се води пред државните инситуции, но тој го игнорирал известувањето и не го плаќал долгот, иако, уште на 21. јуни истата година, тој примил „Известување за пречекорување на законските рокови за плаќање на обврските“!

СПОМЕН Заедничка фотографија меѓу Керим и актуелниот хрватски претседател Милановиќ

Што се’ се случувало во „Медиа Принт Македонија“ во периодот додека Срѓан Керим директоруваше и газдуваше допрва ќе се утврдува, но во една друга судска постапка. За него, уште кон крајот на мај 2017 година, поради бројни злоупотреби новинарите поднесоа кривична пријава за неколку кривични дена, но скопското Јавно обвинителство речеси и да не постапуваше по пријавата. Се’ се смени кога Специјалното јавно обвинителство на 13 септември, 2018 година, го повика Керим на распит во нивните простории, а набргу потоа беше соопштено дека и тој е еден од оние чии што имиња беа објавени, а во склоп на случајот наречен „Империја“!

П.С.

Пред нешто повеќе од две недели потсетивме дека за Керим треба да има благовремена достава на покана за судење и дека треба да се има вo предвид распишување на потерница.

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet