Полицијата дежура ноќе по улиците, ловејќи ги прекршителите на полицискиот час, обвинителите работат на средување на документацијата за поведување на прекршочна постапка а дали судиите не мислат повеќе на одбраната на обивнетите?
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Со прекинот на полицискиот час многу е веројатно дека треба да се очекувам дека ќе се засили обидот да не се казнуваат прекршителите на забрана за движење во одреден временски период. Во стилот „било – поминало“. Се разбира тоа се однесува на оние кои направиле таков прекршок а кои ги има доста, без оглед што стојат забелешките дека во еден миг полицијата немаше намера да биде многу ревносна во тој поглед. Загрижувачки е по функционирањето на правната држава што бројот на лицата на кои судовите им изрекле казна е мал и што ова можело да влијае на дисциплината на сите други граѓани кои евентуално имале дилема дали ги прекрша полицискиот час или не. Во истражувањето на емисијата „360 степени“ имаме и конкретно размислување на претседател на суд кој споменува дури и амнестија за „ноќобдејците“. Еве едно такво мислење на претседател на основен суд.
СПИН „Моето мислење е дека од аспект на исполнување на заштитната функција, од аспект на целата оваа состојба, земајќи ги во предвид економските и социјалните состојби, за многу кратко време после донесувањето на овие одлуки дека било која власт, односно властите во нашата држава, очекувам дека ќе биде донесена одлука за амнестија“, (https://360stepeni.mk/video-kazneti-se-2-000-gragani-za-krshene-na-merkite-no-kako-i-dali-ke-platat/).
Ова го вели Лазар Нанев, претседател на Основниот суд во Кавадарци, каде има предмети за лица кои го прекршиле полицискиот час. ТВ прилогот со изјавата е емитуван десет дена пред укинувањето на мерката која тогаш беше актуелна и посочувана како недоволно ефикасна за да дејствува на теренот а со тоа и за да влијае посилно на намалување на интензитетот на корона вирусот. На некој начин ваквите изјави може да дејствуваат во прилогот на зголемување на недисциплината на граѓаните ако тоа го кажува официјално лице кое е должно стриктно да го применува законот. Или да ја извртува стварноста во насока на релативизирање на кзнената политика на една држава.
Судијата Нанев, не може да го каже тоа, бидејќи ниту една партија која теоретски може да дојде (или да ја задржи) власта никаде и никогаш не вметила амнестија по ова прашање. Напротив постојната власт ја донесе мерката и таа траеше од 21 март се до 26 мај на територијата на целата држава. Опозицијата исто така никогаш не се спротивстави на таа мерка а во рамките на „пржинската влада“ задолжен за нејзина имплементација беше министерот Наќе Чулев, кој доаѓа од редовите на партијта ВМРО ДПМНЕ.
КОНТРАСПИН Во тој миг во Кавадарци имало 46 веќе осудени лица кои вложиле приговор и ака го обегнале плаќањето. Тие инаку имале избор уште да ја платат казната и така постапката прекинува или да не се жалат, па да да одат во затвор. Никој не отишол во затвор, ниту ја платил казната што значи дека засега од подрачјето на овој суд државата немала аир. Се работи за лица чии пријави дошле во суските архиви во текот на март и април. А работа е на судијата да суди а не „да гледа во дланка“ што ќе с случува со казнената политика.
Еве што вели во истиот прилог портпаролката на Јавното обвинителство. Можна ли е амнестија? Таа постпака за овие случаи не доаѓа предвид, вели таа.
„Секако дека не. И тука не ја земам само во предвид обемната работа којашто е вложена од страна на јавните обвинители. Ќе се навратам повторно на доброто кое го заштитуваме со сите наши постапувања и повторно, во законски дадените рамки… овде имаме кривично дело коешто директно ни напаѓа во едно општествено добро. Би рекла, доколку би ми дозволиле да се изразам така, каде што станува збор за една несовесност во постапувањето на граѓаните“, –изјави Елизабета Недановска за истиот извор.
Она што од излагањето на првиот судија во овој град во продолжение на излагањето во емисијата излегува дека тој наоѓа многу оправдувања за оние против кои имаат пријави, просто човек да помисли дека им е адвокат!
Така, тој вели дека типот на казната е нов и тој е непознат за сторителот (се работи за казнени налози, кои пак треба да се судат по забрзана постапка!), па тоа треба да се смета за некаква олеснителна околности?
Зошто би оделе во корист на прекршителот на законот по овој основ? Во правото постои максима – „непознавање на законот штети“. Значи секој е самиот виновен ако законот не му е познат и тоа основно правило, што се учи во Римско право треба да се уважува без поговор.
Понатаму, Нанев вели дека казните се високи. За тоа се разговара кога истите се носат. Впрочем, последиците од непридржувањето до полицискиот час се уште поголеми и скапо ја чинат државата а да не говориме за човечките животи. Во одредбите за воведување на оваа мерка има доста околности заради кои на лицето фатено во време на полициски час нема да се суди, значи предцвидени се случаи за можно оправдување и тие немаат во себе никакво социјал-економско покритие..
Потоа, Нанев вели дека тешко се добиваат како сведоци во судењето полицјаците кои ја напишале пријавата бидејќжи се постојано на смени, што е уште еден небитен приговор – судот ќе ги прилагоди рочиштата на смените на полицајците, нели.
Оваа изјава на судијата Нанев може да се оцени како недозволива, ја изкривува смислата на казнувањето во тој миг и оттаму таа е штетна. Инаку судијата Нанев има и значајна општествена функција – претседател е на Комисијата при Министерството за правда која врши рецизија на АКМИС системот во Кривичниот суд.