Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СУДИЈА ЗА „ТАЛИР 2“ ЌЕ ОПРЕДЕЛИ АКМИС СИСТЕМОТ

August 6, 2019 Filed Under: Македонија

Судот го прифати обвинението за „Талир2“ – за незаконска градба на палатата на ВМРО ДПМНЕ

ПАЛАТА НА ВМРО Првобитната проценка беше дека објектот ќе чини близу 9 мииони евра

Советот во Кривичниот суд го одобри во целост обвинението за „Талир2“, кој сега треба да биде распределен на судија кој ќе го води според АКМИС – системот и ќе биде закажана главната расправа.

Обвинението „Талир2“ беше поднесено од СЈО на крајот на ноември мината  година.

„Советот за оценка на обвинителен акт на 10 и 11. 07. 2019 година одржа јавна седница во присуство на странките.

По ценење на фактите и доказите изведени на седницата за оценка на обвинителниот акт советот донесе решение со кое актот го одобри во целост, писмено го изработи и го експедира до странките.

Отткако по оценетиот обвинителен акт ќе биде формиран предмет кој  согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување и ќе биде закажан термин за главна расправа странките и јавноста ќе бидат благовремено известени“ соопштија од Судот.

Во случајот „Талир 2“ се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски, кои, според СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

„ Обвинетите ја искористиле состојбата на зависност во која се наоѓало правното лице ДГ Бетон АД Скопје во однос на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, со оглед дека над 75% од приходите кои ги остварило правното лице во 2011 и 2012 година биле од државни органи, единици на локална самоуправа или јавни претпријатија раководени од функционери на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ“ – пишува во обвинението.

ОД СУДЕЊЕТО НА ТАЛИР Постојани трикови за бесконечни одложувања

И покрај тоа што за правното лице ДГ Бетон АД Скопје важеле ограничувањата од Законот за финансирање на политички партии, сепак обвинетите договориле несразмерна корист за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во однос на обврските кои ги имало правното лице ДГ Бетон АД Скопје, овозможувајќи му да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кое имало инвестициска вредност од 424.733.242,00 денари, односно 6.906.231 евра, како и да уплати на жиро сметката на партијата износ од 132.573.582,00 денари, односно 2.155.668 евра, иако вложувањата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ изнесувале само 50.142.400,00 денари, односно 815.323 евра.

На ваков начин, а спротивно на законските прописи, обвинетите прибавиле значителна имотна корист за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во износ од 507.164.424,00 денари, односно 8.246.576 евра.

Во  судот веќе се води постапка за предметот „Талир“ за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите во „Талир“ незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

ЕЛИЗАБЕТА ЧИНГАРОВСКА Ја прифати вината и стана соработник на СЈО

Во меѓувреме Елизабета Чингаровска од ВМРО-ДПМНЕ ја призна вината во случајот „Талир“ и се спогоди со Специјалното јавно обвинителство. Судот потоа ја осуди на две годишна условна казна која нема да се изврши ако таа во наредните 5 години не стори ново кривично дело, објави Макфакс.

– Чингаровска беше последнообвинета за случајот и таа не знаела од каде потекнуваат парите кои влегувале во партијата. Од тие причини таа ја призна вината и се спогоди се специјалното јавно обвинителство, потврди за Макфакс нејзиниот адвокат Дејан Павлоски.

Чингаровска беше обвинета во случајот „Талир“ за перење пари. Во истиот случај, за првпат и ВМРО-ДПМНЕ како правно лице е обвинето за незаконското финансирање на партијата.

Во овој случај првообвинет е Никола Груевски, потоа Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димоски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска која сега ја призна вината

Судењето за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ „Талир” се одлагаше многу пати, поради отсуство на еден од поротниците. Или заради други отсуства.  Процесот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска од СЈО.

Во судница беа присутни обвинетите Миле Јанакиески, спроведен од притвор, Кирил Божиновски спроведен од куќен притвор, како и пратеникот Илија Димовски и Леко Ристоски.

На екс премиерот Никола Груевски му се суди во отсуство.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари лани, но судскиот процес се уште се наоѓа на почеток и со месеци се одложуваше почетокот поради неприсуство на некој од обвинетите или Судскиот совет, но и заради менување на бранителите и застапниците на ВМРО-ДПМНЕ, како и барање за автентично толкување на став од Законот за СЈО.

Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

 

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet