Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СУДИЈА РИСТЕСКА „СУДОТ НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ПОВТОРНО ДА СЕ ВРАТИ ПОСТАПКАТА ОД ПОЧЕТОК“

July 12, 2020 Filed Under: Македонија

Обвинетиот Мијалков си се шета низ судот и постојано го користи медија центарот како место да се договара со другите обвинети

ПОСТОЈАНО Некој од обвинетите мора да отсуствува за процесите да се одложуваат

Во Кривичниот суд Скопје деновиве повторно се одложи закажаното рочиште за предметот „Тортура“ кој го води судијата Александра Ристеска а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.

На денешното рочиште сите странки беа навреме пристигнати со исклучок на обвинетиот Метуш Шабани, кој не се појави во судницата, а како причина за неговото отсуство е доставена фотокопија од решение за изолација со датум од 29.06 до 11.07.2020 година поради контакт на обвинетиот со заболено лице од корона вирусот.

На прашање на судот кога ќе биде доставен оригиналот од решението како и дали обвинетиот Шабани веќе има направено тест, па се очекуваат резултати, никој од судницата не даде одговор.

Јавниот обвинител Лапе по ваквата наведена околност се обрати кон судот со барање за раздвојување на постапката за овој обвинет со оглед дека не би се знаел резултатот од таквиот тест а воедно укажувајќи на судот дека доколку не се одржи рочиште до 18.08.2020 година ќе истече рокот од 90 дена на последно одржано рочиште и постапката повторно би била вратена на самиот почеток.

Поради смена на поротник и изминати 90 дена од последното рочиште, судењето за предметот „Тортура“ беше вратен од почеток на 22.10.2019 година, но судот овој пат нема да дозволи постапката повторно и повторно да биде враќана од почето,к како што изјави судија Ристеска на ова рочиште.

МАЛТРЕТИРАЊЕ Ова се снимки од малтретирањето на Љубе Бошковски при неговото апсење

Одбраната со приговор на ваквото барање од Јавниот обвинител истакнувајќи дека со раздвојување на постапката дополнително би се оптоварила одбраната за да присуствува на уште една постапка па адвокатот Василев ваквото барање за раздвојување на постапката го нарече „тенденциозен притисок на болно лице да му се суди“.

Судот одреди пауза за да донесе одлука по ова барање, но и по паузата истиот соопшти дека одлука не е донесена.

Судија Ристеска соопшти дека ќе биде одреден термин за ново рочиште кое би се одржало задолжително без никакво одлагање и на истото накнадно ќе биде донесена одлука по ова барање со оглед дека не се знае точно здравствената состојба на обвинетиот Шабани.

По дадениот термин за рочиште повторно одбраната со реакција и негодување за термините се до утврдување на заеднички прифатлив термин кој се закажа за ден 16.07.2020 година во 10 часот.

Од нашиот мониторинг ја информираме јавноста за повторно кршење на правилата на законите и редот како и одреденото движење на лица во самиот суд и службените простории.

Обвинетиот Сашо Мијалков повторно без пречка ја користеше просторијата на медиа центарот во судот која е наменета единствено за претставниците на медиумите и на невладините организации.

На денешното присуство во таа просторија обвинетиот Мијалков го повика и обвинетиот Ивица Анчевски-Пуки и истите останаа внатре извесно време кое може да се утврди по самите судски камери.

За истата појава ја информиравме јавноста и на ден 29.06.2020 година на рочиштето за предметот „Трезор“ кога обвинетиот Мијалков ја користеше оваа просторија за свои приватни разговори користејќи го мобилниот телефон.

Повторно апелираме иалармираме да не се дозволува злоупотреба на службени простории во судот од лица за кои истите не се наменети.

За јавноста повторно ќе истакнеме дека Медиа центарот на судот е наменет за претставниците на медиумите кои ја следат работата на судот а е во рамки на заложбите на судот за поголема транспарентност и отвреност со медиумите и невладините организации како претставници на јавноста.

Центарот е опремен со шест компјутери, библиотека со стручна литература и аудио и видео опрема за следење на судењата во Судница 1 каде се одржуваат најголем дел од главните расправи кои се од интерес на јавноста.

Во овој предмет обвинети се : поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Ачфа” Ивица Анчевски-Пуки, и петмина припадници на Алфите – Новица Станковски, Филип Атанасов, Петар Милошевски, Јован Боцевски и Метуш Шабани.

Според обвинението им се суди за мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување за начинот на лишување од слобода на лидерот на политичката партија „Обединети за Македонија”, Љубе Бошковски на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Следното рочиште е закажано за 16.07.2020 во 10 часот.

(ЗЕЛЕНА ЛУПА информира а јавноста нека цени).

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet