Официјален претставник од Стејт департментот објави дека покренувања обвинителни акти се резултат од „20 годишен период“ и се чекор напред во процесот кон правда и помирување на Западниот Балкан. По ова косовскиот претседател Тачи, кој е споменат како потенцијално обвинет го откажа патувањето во Вашингтон а изненадување е што тоа ден потоа го направи и Хоти, „најолемиот Американец“ воп Приштина!
И косовскиот премиер Авдулах Хоти го откажа патот за Вашингтон, еден ден порано, тоа го стори и претседателот на Косово Хачим Тачи.
Хоти преку Твитер наведе дека „поради новите околности во Приштина, како резултат на Судот во Хаг, мора да се врати во земјата и да се справи со ситуацијата“. Тој појасни дека го информирал специјалниот пратеник на Белата куќа Ричард Гренер дека нема да може да допатува во Вашингтон на 27-ми јуни.
Косовскиот претседател Хашим Тачи и уште девет други поранешни борци на ОВК се обвинети за серија злосторства против човештвото и воени злосторства, од страна на Специјалниот обвинителство во Хаг.
„10-ти осомничени се обвинуваат за речиси 100 убиства, киднапирања, прогон и мачење, меѓу нив косовски Албанци, Срби и Роми“, се вели од Хаг. Обвинението е резултат на долготрајни истраги и го одразува уверувањето на обвинителството дека може да ги докаже вон разумен сомнеж сите обвиненија содржани во неа“, соопшти обвинителството во Хаг.
Официјален претставник од Стејт департментот објави дека покренувања обвинителни акти се резултат од „20 годишен период“ и се чекор напред во процесот кон правда и помирување на Западниот Балкан, особено за воспоставување владеење на законот и правда за жртвите во Косово, како ѝ да е придвижи земјата по овој турбулентен приод кон евроатланската заедница.
Тачи требаше да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белата куќа на крајот од неделата, во саботт, чија цел беше да се направи обид да се стави крај на 12-годишниот дипломатскиот ќорсокак во односите меѓу Србија и Косово.
На прашањето од српскиот сервис, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја окарактеризира средбата во Белата куќа како „можност за рестартирање на дијалогот меѓу двете страни и обид да се направи вистински напредок за изнаоѓање политичко решение за ситуацијата на Косово“.
Новинарот на Франкфуртер алгемајне цајтунг Михаел Мартенс минатата недела разговарал со косовскиот претседател Хашим Тачи во пресрет на најавената средба со српскиот колега Александар Вучиќ во Вашингтон. Интервјуто требаше да биде објавено денеска. Во среда, тој разговор доби сосема нова димензија откако беше објавено дека Тачи заедно со уште десет поранешни припадници на ОВК е обвинет за воени злосторства од обвинителството во Хаг.
„Тачи со месеци критички се изјаснува за Европската унија, а истовремено не пропушта можност да го пофали американското раководство на чело со Доналд Трамп и неговиот специјален пратеник за Балканот, Ричард Гренел“, пишува ФАЦ.
„Западните дипломати во Приштина веќе долго се сомневаат дека тоа би можело да значи дека Тачи се надева на американска заштита- со поставувањето како неопходен партнер кон Вашингтон, Тачи наводно сакал да ја придобие американската политичка поддршка за да избегне обвинување за воени злосторства. Доколку тоа навистина била неговата цел, сега е помрсена“, се наведува во текстот.
Сега е познато дека Тачи се врати од Вашингтон, а учеството го откажа и косовскиот премиер Авдулах Хоти. Во разговорот за ФАЦ, Тачи повторно ја критикува ЕУ и ја фали Белата куќа:
„Американците повторно докажуваат дека можат да делуваат побрзо, попрецизно и поефикасно од европејците. Затоа американското водство е нужно за Србија и Косово да ги надминат своите конфликти. Доколку за нашите земји има светло на крајот на тунелот, тогаш тоа доаѓа од Вашингтон“, ќе изјави Тачи.
Швајцарскиот Ноје цирхер цајтунг потсетува дека „можеби најважниот заговорник на правното соочување“ со тие случувања е швајцарскиот либерален политичар Дик Марти.
„Тој во 2010 објави извештај за наводните злосторства на припадниците на ОВК. Таму, меѓудругото, се споменуваат етнички прогони, егзекуции и трговија со органи од воените заробеници. Марти смета дека најодговорен за тоа е Хашим Тачи“, пишува НЦЦ.
Весникот наведува дека Тачи секогаш бил противник на Специјалниот суд воспоставен пред пет години за да ги расветли злосторствата на ОВК, а Судот е сместен во Холандија токму за да се заштити од притисоци.
„Обвинението против Тачи доаѓа во политички турбулентни времиња. Во март падна владата на Албин Курти по помалку од два месеци, што ја воведе земјата во тешка политичка криза. Тачи од заднина играше важна улога во уривањето на Курти“, пишува НЦЦ.
Во анализа на Швајцарската радио-телевизија (СРФ) се вели дека обвинението против Тачи го става Косово во крајно тешка позиција, но „може да биде шанса за историски пресврт“.
„Доколку специјалниот суд за Косово во Хаг на крајот го осуди Тачи, тоа би го отворило патот за нов почеток. За нов претседател кој не ги урива демократски избраните влади со трикови“, пишува СРФ.
„Тогаш можеби и на Косово би можел да преовлада ставот дека човек со сомнителен имиџ како Тачи- без разлика на заслугите- не е подобен да биде шеф на една европска држава која себеси се нарекува демократска“.