Корејскиот полуостров е еден од најсилно милитаризираните региони во светот. Зата тој мора да се демилитализира
Јужна Кореја и САД се очекува да го објават прекинот на „големите” воени вежби оваа недела, со одредбата дека тие ќе се рестартираат ако Северна Кореја не успее да го задржи своето ветување за денуклеизација, објави новинската агенција Јонхап во неделата.
Суспензијата следеше изненадувачки залог на претседателот Доналд Трамп да стави крај на „воените игри” по неговиот самит со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Сингапур пред две недели..
Еден начин за проценка на силата на соодветните воени сили е да се спореди бројот на луѓе во вооружените сили на секоја земја и бројот на вооружените сили што ги поседуваат.
Вооружените сили на Северна Кореја го надминуваат бројот на своите соседи од Јужна Кореја, кои поседуваат предност од два према еден, кога станува збор за војници и артилериски орудија.
Според извештајот за воените биланси во 2015 година, објавен од страна на истражувачкиот центар на ИКК со седиште во Британија,, Северна Кореја има 1.19 милиони активни војници на 655.000 јужнокорејски и 21.000 артилериски единици на 11.000 на Јужна Кореја.
Оваа држава троши речиси една четвртина од БДП на својата војска, според проценки на американскиот Стејт департмент.
Сепак, експертите велат дека споредувањето на воените сили само со број на вооружени сили и војници не ја објаснува огромната квалитативна разлика меѓу оружјето, а Јужна Кореја со најсовремена опрема и оружје ја снабдува сојузникот – САД.
„Советскиот Т-62 како тенк на севернокорејската армија од крајот на 1960-тите години не може да биде на исто рамниште со тенкот од Јужна Кореја К2 Црн Пантер од 2013 година”, вели експертот за Меѓународен центар од Бон, Мартин Балес, за Дојче Веле во 2017 година.
На хартија, Пјонгјанг располага со 563 воени авиони, меѓутоа, секој што поминал кратко време во оналаиза на оваа бријка знае дека уште во 2014 година, оваа бројка е десткувана заради проблеми со одржувањето и сервисирањето, а државата се потпира и на застареното воено и поморско оружје, според ИИСС.
Нерамнотежата помага на објаснувањето на Северна Кореја дека мора да развива нуклеарно оружје, што му дава клучна предност над Јужна Кореја и тоа објаснување беше во фокусот на минатонеделниот самит меѓу Ким и Трамп.
Северна Кореја го задржува поголемиот дел од својата арсенал на ракети, главно варијанти на советските скадови, а некои се способни да носат нуклеарни боеви глави, обучени за напад на градовите во Јужна Кореја, особено за главниот град Сеул, кој е близу до Северна Кореја. Клучна предност на Јужна Кореја е тоа што таа влегува под заштита на својот сојузник на САД, со воена сила од 28.500 војници кои постојано се во земјата. Силата на американската војска фрла голема сенка врз Северна Кореја.
Во САД има 6.800 нуклеарни боеви глави, од кои 4.000 се складирани и 1.800 се распоредени, а 2.800 се во резерва, според извештајот на Федерацијата на американски научници. Ова се споредува со 60 нуклеарни боеви глави, тврди Северна Кореја.
САД имаат 1.3 милиони војници во активна служба и еден од најголемите воени буџети во светот, со војници кои вршат служба со најсовремена опрема и се подложени на интензивна обука.Спротивно на тоа, војниците на Северна Кореја се лошо хранети, а дезертерите кои се жалат на постојан глад, додека се на воена служба.
И покрај неодамнешните знаци на затоплувањето во односите меѓу Северна Кореја и САД и намалувањето на воените вежби на САД и Јужна Кореја, војниците на трите земји остануваат подготвени за борба на првиот знак на агресија.