Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СУСПЕНДИРАЊЕ НА ПАРТИЈА НЕ Е САМОСУСПЕНДИРАЊЕ

April 16, 2019 Filed Under: Македонија

Постои голема разлика кога на една партија како Орбановата Фидес ќе го замрзне членството во групацијата на Европски народни партии или ќе го самозамрзне. Македонската телевизија Алфа, која е сега под унгарско туторство тврди дека оваа партија самата одлучила да се – суспендира. Колку може да се верува на изворот на ваквите извртени вести?

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

ПРИЛОГ НА АЛФА Превртување на вистината за суспензијата на ФИДЕС – како да и се верува на оваа телевизија?

На 20 март годинава се одржа Собрание на европските народни партии (ЕНП) на чиј дневен ред се најде и одржливоста на членството на унгарската партија ФИДЕС, која е позната по својата монополистичка позиција во нејзината земја. На овој собир на најмоќната групација во Европскиот парламент и се готвеше елиминација од членството на патијата на Орбан, познат кај нас како давател на политички азил на нашиот експремиер Груевски. На крајот присутните гласаа за суспензија на ФИДЕС, што е малку поблага мерка од исклучување и односот беше 190 гласови „за“ и само 3 „против“. Како и да е таа партија не ќе може да учествува и да ја крои политиката на европската десница во догледно време. Што би се рекло – додека не ги исправи своите политики и однесувања кои се опишани и да не речеме – „нацртани“. Ова ќе влиае и на можноста Орбан после изборите за европарламентарци да има можност да учествува во гласањето на носителите на идни функции во ЕУ!

Но за разлика од она што го пренесоа сите медиуми во светот, освен голем дел од унгарските, македонската телевизија со национална фрекфенција Алфа ТВ (https://alfa.mk/орбан-фидес-самоволно-го-стави-во- миру/?fbclid=IwAR2rktK1FbVQ6n2C5KEGX3Mz3oMHhKe6cL0vKSmByLjnxzFZFs3v3STKTWQ)

го пренесе само ставот на Орбан, изнесен на негова прес конференција во Хелсинки, каде стои дека „владеачката унгарска партија ФИДЕС еднострано одлучи да го стави во мирување своето членство во Европската народна партија“. На овој начин се преврте суштината на состанокот во Хелсинки за кого многу влијателни политичари во Унијата му се остреа токму на унгарскиот властодржец: тој не беше воопшто човекот кој одлучува за било што, беше ставен на обвинителна клупа и нему едноставно таму му се судеше. На овој начин ТВ Алфа оневозможи нејзините гледачи да ја дознаат вистината, туку таа ги презентираше односите во Унијата како небаре зависни од волјата на шефот на ФИДЕС а не такви какви што се: сите Европејци десничари против Орбан. Тоа е веќе изолација на човекот од кого зависи и престојот на нашиот бегалец од правдата Груевски во Будимпешта, но на кого се потпира и актуелното раководсво на нашиот ВМРО ДПМНЕ и српската Народна партија на Вучиќ, да речеме.

Алфа не се повикала на став на ниту на еден европски политичар, во тој извештај од Хелсинки, ниту ги објаснила консеквенците на одлуката на „народњаците“ од состанокот во Финска. А не дека немала избор!

ОДГОВОР Исклучувањето на ФИДЕС е очекувана реакција на европската десница

„Европските народни партии покажаа заби: ја исфрлија партијата Фидес на Виктор Орбан, барем привремено. Ова е исправно, смета Фолкер Вагенер…“ и се пренесува ставо на коментаторот на Дојче Веле (https://www.dw.com/mk/калкулирана-шут-карта-за-орбан/a-48009022)

Радио Слободна Европа е децидна во насловот (Партијата на Орбан суспендирана од Европската народна партија) а исто така дава и детално објаснување за последиците од тој чин (https://www.slobodnaevropa.mk/a/29832904.html).

Но и странските медиуми известуваат изедначено – отпорот кон присуството на Орбан е „вжштемо“ а опомената е дадена еднодушно. Еден угледен украински медиум („Практика“) пишува дека „лидерите на Европските народни партии решија да го суспендираат членството во групата на партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан „Фидес“. За тоа гласааа 190 членови против беа само 3“ (http://praktika-vlasti.com.ua/orban-doigralsya-enp-priostanovila-chlenstvo-partii-fides/)

и се продолжува во тој стил  дека „членство на Фидес ќе биде суспендирано веднаш“ и се цитира претседарелот на ЕНП Џозеф Доул!  Во веста на Алфа се вели дека за суспензијата ќе решава тричлено тело допрва и т.н. што е спротивно на заклучокот дека се работи за суспензиа на неодреден рок и дека ФИДЕС „го изгубила правото да учествува во работата на ЕНП, ниту да кандидира членови за телата и органите“.

НАСЛОВНА НА УЛЕДЕН УКРАИНСКИ ВЕСНИК Суспензијата е неминовна и без временски рок

Истото ова може да се потврди во вста на руски, кој веројанто е поблизок до мнозинството читатели на угледниот Еуроњуз – „Најкрупната гракција на Европскиот парламент на неопределен рок го суспендирала членството на Фидес…“, со детални објаснувања зошто тоа е сторено. (https://ru.euronews.com/video/2019/03/20/ru-hungary-fides

ТВ Алфа значи целосно ја превртува веста а ги нема ниту значајните детали, бидејќи така секако би се „самосуспендирала“ во однос на вистинитоста. Овој метод на вести секако не прави крајно претпазливи кон вестите на телевизијата воопшто, особено кога се работи за интересите на Орбан.

Колку за поврзаноста на Алфа со унгарските центри на моќ, значи со една девалвирана политика, спротивна на европските традиции и вредности може да се прочита во една анализа на Призма – https://prizma.mk/ungarets-del-od-sopstvenishtvoto-na-alfa-tv/. Колку да бидат работите појасни.

 

Filed Under: Македонија

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet