Една од истрагите на Обвинителството во земјва за случаи на кражба на бебиња наменети за трговија покажа неможност од докажување. Иницијатор беше канцеларијата на Народниот правобранител. Но Македонија има вуисока стапка на смрт на новороденчиња пшто може да „мириса“ дека таков вид на криминал сепак постои
За да се појави практиката на продажба на бебиња потребно е да постои соодветна клима – постоење на двојки кои н можат да имаат свој пород, обично ако се во врска десет години. Потоа, долгото чекање на нормално, законско посвојување отвора врата за нелегално посвојување а фактот дека тој вид на криминал цвета во регионот, секако прави вистински „пазар“ во оваа област
Според еден прилог на Телевизијата Орбис од пролетва се тврди дека
Како главна причина за оваа појава, експертите го сметаат бавниот процес на посвојување, кој трае и до пет години. Во 2018 година бил донесен нов закон, со кој е намалено времето на чекање за посвојување, но, сепак, оние кои се лекувале од неплодност, да речеме една деценија а потоа треба да чекаат уште 5 години на посвојување – престаруваат за да изградат нормални релации со новороденче..
Трговијата со деца не е никаква новина во опскурниот криминален свет.
Сите се сеќаваме како романска двојка со автомобил украла бебе од пред продавница во Белград и како со голема брзина поб егнале. Фатени беа дури на територија на Хрватска, на автопатот кон Загреб.
Потоа, во Германија била уапсена брачна двојка од Бугарија, која веќе некое време се занимавала со шверц на новороденчиња во Грција. Бугарската полиција известила дека брачната двојка ќе биде екстрадирана во земјата заради понатамошна постапка.
Како што соопштија бугарските медиуми, за оваа двојка уште во февруари била издадена европска потерница заради сомневање за учество во организирана криминална група што шверцувала новороденчиња на грчка територија.
Нивниот син веќе е во притвор во Бугарија, а нему и на неговите родители им се заканува затворска казна од десет до 15 години.. тврди Тв Орбис. Тие во нелегалниот бизнис со бебиња влегле уште во 2015 година. Бебиња обезбедувале така што наговарале бремени жени од сиромашни региони од Бугарија да ги продадат своите сѐ уште неродени деца за износ од 2.500 до 3.500 евра. Откако ќе се договореле, тие ги сместувале бремените жени во станови во Атина, каде што чекале да започне процесот на породување.
Неколку дена откако ќе се породеле, бебињата им биле продавани на локални криминалци што се занимавале со шверц со деца, а кои најверојатно припаѓаат на меѓународна мрежа што се занимава со трговија со новороденчиња.
Засега е утврден идентитетот на десет жени за кои е утврдено дека се од сиромашно потекло. Нивните деца биле родени и продадени во Грција.
Впрочем, трговијата со новороденчиња не е новитет во Бугарија. Најпрво беше распространета во ромските маала околу Бургас на истокот од земјата. Трговијата со бебиња во последно време се шири и во другите делови на земјата, а најчестата дестинација е Грција.
Породилките кои се дел од тој пазар инаку добиваат најмногу десеттина од цената на едно бебе – во Грција трговците наплатуваат по 30 илјади за едно новороденче. Секаде причините за продажбата на бебиња се исти. Беспарицата е најчестата причина поради која мајките се одлучуваат да ги продадат бебињата за суми до три илјади евра, додека за криминалните групи, кои на големо се занимаваат со овој профитабилен бизнис, заработката е огромна.
Но каква е ституацијата на овол во земјава. Ако се следат хрониките на криминалот во македонија, јавното обвинителство во периодот 2018 година водело постапка по допрен глас за постоење на основ за ваква трговија. Оваа работа во свои раце ја имало одделението за организиран криминал кое посебно ги испитувало тврдењата во некои медиуми како и сомневањата на Народниот правобранител дека има црна трговија со здрави бебиња. Но докази за такво нешто не нашло
Државното Јавното обвинителство, по предистрагата отворена по допрен глас дека се тргува со здрави новороденчиња, соопшти дека нема место за отворање истрага.
„По спроведување сеопфатно проучување на добиената документација и известувањата од надлежните органи во врска со наводна трговија со здрави новороденчиња, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција. Ова обвинителство во декември 2018 година, следејќи ги информациите во медиумите, отвори предмет по допрен глас. Во медиумите беа изнесени сознанијата на Народниот правобранител дека постои сомнение за организирана криминална група која подолг временски период се занимава со трговија со здрави новороденчиња. Наводно, на биолошките родители веднаш или по краток временски период по раѓањето им се соопштувало дека новороденото е починато, а всушност тоа било здраво и заради понатамошно посвојување станувало жртва на трговија“, вели во Обвинителство за случајот.
По дејствијата преземени од надлежен обвинител и врз основа на прибраната документација и побараните известувања од Народниот правобранител, од Министерството за труд и социјална политика и од Првата детска амбасада „Меѓаши“, произлезе дека во конкретниот случај нема докази, ниту индиции за постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, вели Обвинителството.
Секако, не може да се побегне од фактот дека високата смртност на бебињата кај нас, отвора простор за еден таков криминал, кој секако мора да е организиран, односно во него да постои ланец на учесници.
Македонија е на второ место во Европа по смртност на новороденчиња, а на 105 место во светот со средна стапка на неонатална смртност од 8,3 на 1.000 живородени. Според овие бројки 1 од 120 живородени бебиња ќе умре во текот на првите 28 дена од животот.
Според податоците од УНИЦЕФ на светско ниво според стапката на смртност пред нас се само африкански и азиски земји, додека сите балкански земји имаат пониска стапка на смртност. Словенија пак е меѓу првите пет земји во светот со најниска неонатална смртност.
„Нашата земја има втора највисока стапка на смртност кај новороденчињата во Европа. И додека таа е во опаѓање во другите земји од Западен Балкан, овде е зголемена. Тоа не мора да биде така. На овие бебиња можеме да им дадеме повеќе од еден ден, повеќе од еден месец – повеќе од опстанок. Можеме да ги спасиме повеќето од нив преку финансиски прифатливи, квалитетни решенија на здравствена заштита за секоја мајка и секое новороденче“, вели Бенџамин Перкс, постојаниот претставник на УНИЦЕФ во земјава.
Тој вели дека стапката на смртност кај новороденчињата е одраз не само на ефикасноста на здравствениот систем, туку и на развиеноста, сиромаштијата и социјалната благосостојба, стапките на заболувања и квалитетот на животната средина.
„Потребен ни е систем во кој квалитетот и темелноста ќе се наградуваат, а негрижата ќе се повикува на одговорност“, вели Перкс.
Тој смета дека треба да се преземат мерки и во однос на ризик факторите во текот на бременоста, кои влијаат на тоа дали новорoденчето ќе биде здраво или не.
„Во земјава, скоро секоја четврта жена пуши за време на бременоста. Ова го зголемува ризикот од повеќе негативни здравствени исходи поврзани со бременоста, вклучувајќи и ниска родилна тежина, неонатална смртност, мртвороденче и предвремено породување“, вели Перкс..
Како и да е во толкав број на починати се остава простор за сомнеж за постоење на продавање и на наводно починати бебиња. Може ли ние да сме исклучок на Полуостровот?
(крај)