БИЛЈАНА СЕКУЛОВСКА
Нам, кутрите наивни почетници во демократските бајки, ни се чинеше дека е потребно само малку време за да го доживемеме триумфот на СЈО. Времињата не се прескокнуваат, не се преспиваат, не се забораваат. Но, правдата секако еднаш ќе дојде пред портата на банкоматот во Будимпешта, онаа правда, неизбежната.
Убиството на СЈО, неговата смрт, е најдоброто што може да и се случи на оваа земја. Ако сака да преживеaт сите власти, ако сака да не и бидат скршени коските за да не дојде до добивање на правдата.
Затоа што, никој и ништо нема да остане, ако навистина некој посака правдата во оваа земја да победи.
Низ призма на изборите, пред да се прогласи и офиицијално таа кутра смрт, Катица Јанева е добитната комбинација за залажување, барем за изборните денови, оние, кои брзо поминуваат, но, за жал на власта, не се забораваат.
Мислат дека одат во заборавот тие лажни, привидни изборни ветувања за правдата и мирот кој сепак ќе биде добиен, и заради кои конечно му подаруваат на СЈО денови на преживување, преку апарати за дишење, но со добар план- однапред едната жица да биде исклучена.
Стравот од уништувањето на СЈО, длабински ги потресува деновите кога власта маршира низ изборната кампања, но тоа се денови, часови, незначителни секунди.
Ако се загребе на површината, лицата на ударните тупаници на СЈО се најдобриот билборд за таа кампања, сега претседателската, затоа е и важно само привидно да вегетираат, во име на потенцијалната победа.
Правдата и правото е најдобро да се закопаат, еднакво како и идеалите на Шарените, кои не знаеа дека марширале за сопственото самоуништување, за да станат најгруби шамари тие повисоки цели.
Нека се закопаат и тие идеали, како и кантарот на таа правда, оној кој го носи Јустииција, кој не вреди ни да се крева, ниту да се премерува, најмалку да се бара да превагне сета борба, од која и онака ништо не останало.
Постои само една можност- онаа најмалата, слично на она што се бара со децении и не може да открие- од што е составена таа црна материја низ Космосот, како тој функционира совршено. Идентично така, беа потребни не многу години додека не беа објавени бомбите, па потоа следеше прекратко време додека не беше составена свеста за потребата од СЈО, повторно она малку време додека тоа не профункционира, и она време кое не се ни забележува, а што остана, додека Јанева да дојде пред прагот на колапсот.
А само видете ја историјата на демократиите- колку ним им било потребно време, векови кои на другите земји им биле потребни за добивање на некаква правда, која неретко се транформирала повторно во неправда, за повторно да помине време, ужасно многу време. Нам, кутрите наивни почетници во демократските бајки, ни се чинеше дека е потребно само малку време за да го доживемеме триумфот на СЈО. Времињата не се прескокнуваат, не се преспиваат, не се забораваат. Но, правдата секако еднаш ќе дојде пред портата на банкоматот во Будимпешта, онаа правда, неизбежната.