Не стабилноста на Балканот е приоритет за Кремљ, бидејќи така се ослабува притисокот врз Русија, вели овој искусен медијатор и професор на Универзитетот Џон Хопкинс
„Доколку Русија ја нападне Украина, нејзините активности за дестабилизација на Балканот ќе се зголемат“, вели Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џон Хопкинс во САД.
Тој изјавил за приштинскиот дневен весник Коха дека успехот или неуспехот на Русија во конфликтот со Украина ќе ја одреди иднината на Русија во Европа.
„Доколку интервенцијата на Русија биде успешна, таа ќе го поттикне растот на нејзините активности на Балканот, насочени кон етничка поделба и дестабилизација. „Ако не успее, тоа може да биде почеток на крајот на повторното будење на Русија во Европа“, рече Сервер.
Сервер оцени дека проукраинската позиција искажана од Косово е соодветна.
„Србија веќе ја поддржа Русија во Украина и јас се согласувам со позицијата на Косово во корист на Украина“, рече Сервер, пренесува Косово онлајн.
Сервер инаку смета дека Балканот е подрачје на корупција и кревки регионални односи. Брисел е виновен што зазеде „стабилитократски“ пристап, т.е. фаворизираше стабилност пред реформи. Ова стана доминантна европска критика на повоената транзиција во поранешните југословенски држави, која често се споделува и во американскиот печат.
И тука фасли принципелност.
– Не е во ред. Врз основа на некој идеален европски прототип што можеби го нема никаде, дури и во Данска, овој пристап го занемарува опипливиот напредок постигнат низ Балканот од војните 1991-2001 година наваму. Напредокот треба да се мери од точката каде беше Балканот плурализмот а не од оддалеченоста од идеалот.
Даниел Сервер е инаку поранешен американски претставник во Босна и Херцеговина, кој беше во улога на медијатор помеѓу Хрватите и Босанците во преговорите за Дејтонскиот мировен договор. Сервер ја предводи програмата за менаџирање конфликти на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон. Во последниве години тој е нагласено критичен кон ЕУ и бара забрзување на процесот на евроинтеграција на земјите како Македонија, БиХ и Косово.