ЃОРЃИ СПАСОВ
Ова што тие го прават не е Коалиција за модерно Скопје, за булевари и електрични автобуси, тоа е Коалиција против надворешната политика на Заев и на владата со која стекнавме меѓунаредон углед и станавме членка на НАТО
Русија не е среќна со нашето членство во Нато. Дипломатските односи со протерувањето дипломати ни се на најниско ниво.
Таа не беше среќна ниту со членството во НАТО на Црна Гора и таму вложи големи напори преку Српската православна црква и други српско руски инсталации да ја смени власта и да ја разниша независноста на земјата.
Кога веќе имаше моќ да се замеша во изборите за претседател на САД ,некој веќе требаше да помисли и дека ќе проба да им помогне на сите што се на нејзина страна во глобалниот судир со САД, па и на оние во Македонија.
Сега пред вториот круг на локалните избори полека картите се отвораат.
- Има се поголем број индиции дека „независната ” кандидатка Данела за градоначник на Скопје е добро планирана инсталација од бугарските служби во соработка со режимот на Орбан и му е сервирана на Мицковски во замена за подршка. Таа дури откако се дознава за нејзиното бугарско државјанство, членувањето во Надзорниот одбор на бугарска банка и соработката со бугарското здружение „Тодор Александров” изјавува дека нејзина цел била „да се порази националното предавство на Заев” со кое Македонија стана членка на НАТО и на ЕУ.
- Не случајно кандидат за градоначалник на општина Центар станува историчарката Наташа Котлар, која стана позната по своето остро противење на договорите со Грција и Бугарија и често говори за „предавничката”политика на Заев која таа ќе се борела да биде поразена.
- Во првиот круг од локалните избори на општо изненадувње, во оштината Карпош не влегува во вториот круг докторот Оливер Зафиривски туку „независниот” Стефчо Јакимовдки, познат како Гагарин од Подржикоњ.
- И уште не се оладија изјавите на рускиот стипендист Апасиев со цитирање на Фидел Кастро дека нема да колицира со никого пред вториот круг, тој направи мнозинство во Советот на Скопје со Мицковски.
Левица е позната по својот анти Нато став и против сите договори од Рамковниот до Преспанскиот и оној со Бугарија.
А коалицирале само со цел да биде поразена сегашната политика на власта и да вртиме што е можно полево кон Русија.
Сето ова може на некого да му се чини како параноја и барање изговор за неуспехот на СДСМ во првиот изборен круг. Но, заслужува да се размисли дали не станува збор за поголема политичка игра во која се вплеткани сериозно Бугарија, Русија, Орбан и Груевски и нивните политички миленичиња во Скопје.
Ова што тие го прават не е Коалиција за модерно Скопје, за булевари и електрични автобуси, тоа е Коалиција против надворешната политика на Заев и на владата со која стекнавме меѓунаредон углед и станавме членка на НАТО.
Тоа е Колиција за некоја многу неизвесна „нова иднина”.
Останува само прашањето на што се темели подршката за една таква групација од Алијансата на Албанците и Алтернатива. Свесни ли се и тие што подржуваат.
И ако ова се случува пред локалните што ли ќе се случува пред парламентарните. Ќе биде ли вратена Македонија многу чекори назад и дали овој пат Бугарија со своите блокади и уцени ќе ја одигра за потребите на Русија улогата на одвраќач на Македонија од НАТО и од ЕУ како што Србија денес ја игра таа улога за Русија на теренот на Црна Гора.