Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СEEВЕР: ПРОМЕНАТА НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ СРБИЈА И КОСОВО МОЖЕ ДА ЈА ДЕСТАБИЛИЗИРА МАКЕДОНИЈА

August 13, 2018 Filed Under: Македонија

Ова го напиша аналитичарот за Балканот на неговиот блог Peacefare.net.. Да не излезе дека некој тука ја драматизира ситуацијата заради цели на референдумот

АНАЛИТИЧАР Сервер не е било кој во светот на меѓународните анализи

Косовскиот претседател Хашим Тачи јасно кажа дека има намера да разговара со српскиот претседател Александар Вучич за промена на косовските граници, напиша аналитичарот за Блаканот Даниел Сервер, на неговиот блог Peacefare.net.

Сервер анализира дека наводно Тачи е отворен да направи замена на некои или на сите северни општини со српско мнозинство во Косово, за териториите со албанско мнозинство во јужниот дел на Србија.

Тој додава дека пред да се направи замената на териториите, ќе треба да има заеднички дипломатски договор.

ГРАЧАНИЦА Поголемиот дел од Србите не живат на северот на Косово, смета Сервер – дел од селото Грачаница

„Со оваа идеја се калкулира многу изминативе недели, но, забелешките на Тачи се првиот јасен сигнал за албанската страна во оваа ситуација. Ова нема да се случи без посредништво на САД и Европа. Брисел и Вашингтон наводно одлучиле дека интегрирањето на северните српски општини во останатиот дел на Косово е премногу комплицирано“, вели Сервер.

Според него, корекцијата на границите е лоша идеја од повеќе причини.

На пример, мнозинството Срби во Косово, како и повеќето важни српски манастири не се во северниот дел, и замената би ја зголемила поддршката за тие Албанци во Косово, кои фаворизираат унија со Албанците, и за тие што се во Македонија, кои би сакале да се приклучат кон таканаречена поголема Албанија, што потенцијално ќе доведат до дестабилизација на Македонија.

ИНТЕРЕС Русија има свој интерес да има прекројувања на мапите

Сервер вели дека Русите ќе гледаат на оваа промена на границите како на преседан, што тие би сакале да го направат со Јужна Осетија и Абхазија во Грузија, Транснистрија во Молдова и Донбас, како и Крим во Украина, нагласувајќи дека се надева оти ваков договор е лоша идеја и ќе се покаже како тежок за исполнување.

Даниел Сервер е еден од најеминентните аналитичари. Професор е по конфликтен менаџмент за сениори во Центарот за ранстлански релации при Универзитетот за интернационални студии „Џон Хопкинс“ Тој исто така предава и на Институтот за Блискиот исток во Вашингтон.

Во текот на кариерата беше и министер-советник во Стејт департментот. До 1996 година беше вклучен во преговорите околу мировните процеси во Босна. По овој датум стана аменик претседател на Институтот за мир на САД. Главно е преокупиран со состојбите во Авганистан, Судан и на Балканот.

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet