Илјадници ожалостени се собраа во петокот на погребната служба во Москва на најистакнатиот руски критичар на Путин, Алексеј Навални. Се слушаше како извикуваа: „Навални, Навални! кога погребната кола со неговиот ковчег пристигна во црквата во областа Марино
Смртта на Навални не му дава мир на Путин: „Нема да простиме“, „Русија без Путин“ – приведени десетици демонстранти по погребот на опозицискиот лидер
Илјадници ожалостени се собраа денеска на погребната служба во Москва на најистакнатиот руски критичар на Путин, Алексеј Навални. Се слушаше како извикуваа: „Навални, Навални! кога погребната кола со неговиот ковчег пристигна во црквата Quench My Sorrows во областа Марино.
Многу луѓе положија букети со цвеќиња, а некои се придружија во скандирањата – „Русија ќе биде слободна“, „Не за војна“, „Русија без Путин“, „Нема да простиме“ и „Путин е убиец“, објави Ројтерс, Анатолиј Навални и Људмила Навални, родителите на Алексеј, присуствуваа на богослужбата, но неговата вдовица Јулија, неговиот син Захар и ќерката Даша не присуствуваа бидејќи живеат надвор од Русија заради нивната безбедност. Мајката на Навални била видена како ѝ приоѓаат ожалостени и поддржувачи кои ја прегрнале и рекле „благодарам“ додека ја напуштала црквата со нејзиниот сопруг.
„Не знам како да живеам без тебе“, рече Јулија Навални во прошталната порака објавена на „X“ до нејзиниот сопруг Алексеј. Таа му се заблагодари за „26 години апсолутна среќа“ и објави видео од клипови кои ги прикажуваат заедно.
Повеќе од четвртина милион луѓе го гледаа збогувањето со Навални на неговиот канал на Јутјуб, кој е блокиран во Русија. Според Ројтерс, државните медиуми малку покривале за погребот.
Кремљ соопшти дека сите неодобрени собири за поддршка на Навални ќе го прекршат законот. Во разговор со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да даде каква било оценка за Навални како политичка личност и рече дека нема што да му каже на семејството на Навални.
На погребната служба на Навални беа присутни и западни дипломати, вклучително и амбасадори од САД, Германија и Франција. Цвеќе, свеќи и слики беа положени во спомен на Навални и во градовите надвор од Русија, како што се Берлин, Минхен, Амстердам, Лондон и Тбилиси.
Шефот на британската дипломатија, Дејвид Камерон, рече дека „светот гледаше“ денес
Поранешниот премиер на Обединетото Кралство и актуелен министер за надворешни работи, на „X“, рече: „Путин се обиде да го замолчи Алексеј Навални. Но, светот гледаше“.
Според ОВД-Инфо, независна руска група за одбрана на човековите права, руските власти денеска приведоа повеќемина ожалостени по Алексеј Навални.
Во последните денови, полицијата уапси стотици луѓе кои положија цвеќе во спомен на Навални на локации низ целата земја.
По погребот, полицијата започна акција за апсење на сите кои извикуваа спорни пароли и според првичните извештаи, низ цела Русија приведени се најмалку 45 лица.
Видеата и сликите објавени на интернет од групата покажаа дека руските власти ги приведуваат ожалостените низ повеќе градови, вклучувајќи ги Москва и Новосибирск:
Европска унија: „Верувањата на Алексеј Навални нема да исчезнат“
Европската унија, исто така, изрази сочувство до семејството на Алексеј Навални по ненадејната смрт на рускиот опозициски лидер во руската казнена колонија.
„ЕУ изразува сочувство до семејството и пријателите на Алексеј Навални. Амбасадорот на ЕУ и другите дипломати оддаваат почит. Верувањата на Навални нема да исчезнат – идеите не можат да се измачуваат, трујат или убиваат. Тој останува инспирација за многумина во Русија и пошироко“, наведе на Икс високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.