Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СTРАЗБУР И НЕГОВИТЕ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА РАБОТАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – НЕКАЗНИВОСТА КАКО ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ (2)

January 21, 2026 Filed Under: Фељтон

Во минатиот број го пренесовме текстот на колешката Слободанка Јовановска за забелешките на Унијата упатена кон состојбите во правосудството. Во ова продолжение од истиот текст на Јовановска во „Независен“ го пренесуваме делот посветен на неказнивоста во земјава. Исто така има осврт на состојбата во затворите и на изборот на членови во независние институции

РЕКОРДНИ МАНДАТИ Европа е шокирања од траењето на мандатите во во ААВМУ и МТВ

Како и Брисел, и Стразбур гледа голем проблем во неказнивоста:

„И покрај неодамнешните напори за истражување и гонење на корупцијата, одложувањата во судските постапки и ограничените ресурси продолжуваат да го спречуваат развојот на силна евиденција во случаите на корупција на високо ниво. Ваквите случаи честопати се соочуваат со одложувања или резултираат со минимални казни и ретко резултираат со конечни пресуди… За време на нашата посета, властите нè информираа дека Министерството за правда подготвува измени на постојниот Кривичен законик, со цел да се справи со негативното влијание на промените направени во септември 2023 година. Сепак, ваквите измени на Кривичниот законик нема да бидат ретроактивни и нема да обезбедат повторно започнување на прекинатите истраги и постапки.

Министерството за правда работи на сеопфатен нов Кривичен законик, кој ќе ја модернизира казнената политика и ќе се справи со организираниот криминал и корупцијата, кој треба да го усвои парламентот до декември 2025 година. Исто така, планира да подготви нов Закон за кривична постапка, кој би се фокусирал на области како што се конфискација, замрзнување на средства, електронски докази, финансиски истраги, посебни истражни мерки, притвор и жалбен процес“, наведува Стразбур во извештајот објавен деновиве, но очигледно напишан пред да стане јасно дека и ова ветување на Владата нема да се оствари, бидејќи место закон поднесоа измени, а за тоа кога ќе дојде новиот Кривичен закон – има само временски поместувања.

Корупцијатата, според Стразбур, е присутна не само во владата, туку и во затворите, при што корупцијата на пресоналот во „Идризово“ се оценува како „ендемска“, па се повикува на реформа.

„Иако има екои подобрувања во затворите во Скопје, Штип и Прилеп, ситуацијата во затворот ‘Идризово’ остана алармантна поради физичко малтретирање од страна на персоналот и продолжена изолација на предизвикувачките затвореници, високо ниво на насилство меѓу затворениците, нехигиенски и небезбедни услови и сеприсутната корупција и фаворизирање на персоналот. Обезбедувањето здравствена заштита е несоодветно и стратешката реформа на затворскиот систем треба да се фокусира на искоренување на корупцијата меѓу персоналот и професионализација на управувањето со затворите преку транспарентни, засновани на заслуги и деполитизирани назначувања.

Во 2021 година, Комитетот за тортура (КПТ) ги оцени деловите од затворот како нехумани, пренатрупани и нехигиенски. Постојаното постоење на неказнивост за тортура и друго малтретирање е олеснето од недоволно финансираниот Национален превентивен механизам, недоволната обука и истраги, како и неуспехот да се спроведе независен систем за надзор на чуварите и полицијата“, стои во извештајот.

Стразбур има забелешки и околу работата на нашиот парламент при што стои дека тој е „под влијание на политичката поларизација, што резултира со одложувања и честа, понекогаш несоодветна, употреба на забрзани законодавни процедури“. Според оценката, поради  интензивните поделби, предизвик е планирањето на донесувањето на законите.

„Опструкцијата на парламентарните активности, честопати поради недостаток на дијалог, ги одложи назначувањата на клучни позиции во независните институции, вклучувајќи ги судиите во Уставниот суд, замениците на народниот правобранител и членовите на Програмскиот совет на Јавниот радиодифузен сервис и Советот на АВМУ. Кандидатите избрани од парламентарната комисија за прашања на изборите и именувањата честопати немаа релевантно професионално искуство или не ги исполнуваа квалификациските критериуми, што предизвика загриженост во врска со изборот врз основа на заслуги“, стои во оценката на Стразбур.

МАКЕДОНСКИ ЗАТВОРИ Комитетот за тортура дава сериозни забелеѓшки за состојбите во нашите затвори

Немање напредок се констатира и во реформирањето на локалната самоуправа, при што се констатира дека поради одложувањето на процесот на децентрализација многу општини се соочуваат со економски проблеми кои влијаат на квалитетот на нивните услуги.

За медиумите стои дека се длабоко поларизирани по политички линии, при што приватните медиуми често се поврзани со политички или деловни интереси кои влијаат на нивната содржина, иако има  „неколку критички и независни медиуми, првенствено онлајн“.

Многу сериозни заостанувања Стразбур регистрира околу запрените реформи во изборното законодавство и политичките излети околу нив пред последните избори, особено за учеството на независните кандидати и рекламирањето.

„Иако законската рамка останува погодна за одржување демократски избори, остануваат многу празнини и недоследности, што ја прави понатамошната реформа неопходна. Голем број клучни препораки дадени од Венецијанската комисија и ОДИХР остануваат неспроведени. Некои важни области како што се правилата за кампања, пристапот до медиумите и распределбата на државното финансирање не се регулирани, поткопувајќи го клучниот принцип на правна сигурност, поради што е потребна ревизија на Изборниот законик.

Во однос на финансирањето на кампањата на последните избори, методот за распределба на државните средства за кампањи и медиумско време ги стави во неповолна положба помалите партии и оние без никаква застапеност во парламентот. Во исто време, транспарентноста и отчетноста на финансиите на кампањата беа ослабени од минималните барања за известување за финансирање на кампањата, како и ограничените ресурси и капацитети што им се дадени на надзорните тела. Затоа, потребно е да се донесат мерки за зголемување на транспарентноста на финансирањето на партиите и кампањите, а прописите за распределба на платени политички реклами треба да се ревидираат“, оценуваат известувачите. Ова не е ни  ново ни непознато, но нема политичка волја кај партиите да ја сменат состојбата која сега од политиката им направи „дуќан“.

(продолжува во следниот број)

Filed Under: Фељтон

ТРЕНЧЕВСКА: БУЏЕТОТ ЗА ГОДИНАВА Е ИНДИКАТОР ДЕКА ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
И ЛАНИ ПИШУВАЧИТЕ НА РОМАНИ БЕА АКТИВНИ
НЕУСПЕШНИОТ „САМИТ“  ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ АКТИВИРА ОБВИНИТЕЛСКИ АМБИЦИИ КАЈ ВЛАСТА
ЦРНА ПРОГНОЗА АКО САД ГО ЗАЗЕМАТ ГРЕНЛАНД
ЕВРОПСКИ ОСКАР: ГЛАВНИТЕ НАГРАДИ ЗА НОРВЕШКИ ФИЛМ

Најново

  • ТРЕНЧЕВСКА: БУЏЕТОТ ЗА ГОДИНАВА Е ИНДИКАТОР ДЕКА ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
  • И ЛАНИ ПИШУВАЧИТЕ НА РОМАНИ БЕА АКТИВНИ
  • НЕУСПЕШНИОТ „САМИТ“ ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ АКТИВИРА ОБВИНИТЕЛСКИ АМБИЦИИ КАЈ ВЛАСТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet