БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Секоја нетрпеливост, секоја непопустливост или прозелитизам, го открива бестијалниот фон на вмровскиот ентузијазам. Со одбивање на какви било историски релаксации и релативизации пред 41
Вмро е медиум кој треба да ја покаже и докаже невозможноста на Македонија.
На општо ниво свеста и функцијата за тоа не мора да се исти.
И со промакедонски ставови може да се стигне до докази дека Македонија е промашен проект.
Ако во македонизмот ја преминете линијата на логиката, нормално е дека ќе паднете во политичка епилепсија (Сјоран).
Состојба во која подолго време, ако не и од самиот почеток, е вмро-дпмне.
Нечиста идеја променета во вера.
Набиена со страст и лудило.
Но, на одредено ниво свеста и функцијата се исти.
Да повториме: да се покаже невозможноста на државата и, особено, на нацијата.
Сите други работи: избори, победи, порази, пљачки, масакри, урбани и човечки, властодржниоти опозицискиот статус, блокадите на се и сешто, се само функции на главната точка на нивната мисија.
Секоја нетрпеливост, секоја непопустливост или прозелитизам, го открива бестијалниот фон на вмровскиот ентузијазам. Со одбивање на какви било историски релаксации и релативизации пред 41. Не, историјата за нив не е тоа што е за Сјоран и за мене: парада на лажни апсолутности, една низа на храмови подигнати во името на некакви изговори, едно понижување на духот пред неверојатното, туку ровови за вечната војна со непријателите.
Ширењето на свеста за тоа мора да биде главната сила што ќе ги турка вмро кон маргините на општеството и на политичкта сцена.
Тоа е прашање на нашата егзистенција.
И на егзистенцијата на заблудените и изманипулираните кои се уште веруваат дека во вмро е вистината за Македонија.
Да, другари, но таа вистина е категорична повеќе од смртта.
Таа е смртта како таква.
Бегајте оттаму како знаете и умеете.