Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТАЖНО, ПОТАЖНО, НАЈГЛУПАВО!

July 22, 2019 Filed Under: Колумни

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

И самиот сум разочаран повеќе отколку што може да се опише во неколку редови, мисија на СЈО, но, и во овој случај не ме бендисува нивото на јас сум тој кој до последен момент веруваше во правната и дури културолошка некое чудно задоволство и сеир кои не им дозволуваат на луѓето да сфатат дека поразот на Јанева и на СЈО, е пораз и тоа драматичен пораз на сите граѓани

Веќе не е важно дали Катица Јанева ќе биде или нема да биде осомничена, обвинета или дури осудена, веќе во оваа фаза на постапувањата по предметот трговија со влијанија, таа, а, се плашам и целото обвинителство со кое раководеше, се целосно дискредитирани. Тоа е така тажно од аспект на надежта што ја делегиравме во Специјалното јавно обвинителство во борбата со злосторичкиот режим на вмро-дпмне и за правда и мир, но, можеби, и знак за некоја нова надеж. Одбивав да поверувам во некои информации кои укажуваа на ваков развој на ситуацијата затоа што ми се чинеше нестварно дека специјалниот обвинител кој е избран да работи по предмети поврзани со прислушкуваните разговори ќе се стави во ситуација да го компромитираат со слични или сосема исти методи и ќе подлегне на истите предизвици.

Ми пречи можниот криминал, а уште повеќе ми пречи отсуството на секаков стил, односно тоталниот пораз на една идеја преку огромни количества инфантилност, стрв и глупоќа. Тоа е така безвезе. Но, од друга страна, типично за Македонија. Останувам кон уверувањето дека отворањето на денешнава афера, меѓу другото, е дел од пакетотот за размотување на клупчето околу реформите во правосудството, посебно со законот за јавното обвинителство и евроинтеграциите на земјата. Став што го имав во врска со оставката на Јанева. Во целата операција има и охрабрувачки елементи, но, сепак, мислам дека граѓаните имааат многу сериозни основи да стравуваат од тоа што ќе остане кога не екраните ќе ни се појави комплетната мрежа на криминалот и корупцијата. Ја разбирам разгневеноста на јавноста, конечно, и самиот сум разочаран повеќе отколку што може да се опише во неколку редови, мисија на СЈО, но, и во овој случај не ме бендисува нивото на јас сум тој кој до последен момент веруваше во правната и дури културолошка некое чудно задоволство и сеир кои не им дозволуваат на луѓето да сфатат дека поразот на Јанева и на СЈО, е пораз и тоа драматичен пораз на сите граѓани. Не знам дали се разбираме, но јас сум убеден дека е така.

 

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet