Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТАЛЕВСКИ: ДПМНЕ САМО СЕ КИТИ СО „ТУЃИ ПЕРЈА“

July 9, 2025 Filed Under: Македонија

СДСМ заврши над 90% од патот низ Фаришката клисура, ДПМНЕ САМО неколку поситни работи. Говорите на министерот Николовски и на функционерот задолжен за патиштата Коце Трајановски се предмет на многу шеги

ФАРИШКИ АВТОПАТ Претходната власт практично го заврши експресниот пат ама новата „преместувала планини“

Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско – изјави за јавноста

Задоволството е поголемо заради огромното значење кој овој пат го има не само за Прилеп и прилепчани, туку и за граѓаните на Битола, Ресен и целиот Пелагониски регион.

Горди сме затоа што СДСМ во својот мандат заврши над 90% од работите од овој проект:

  • Завршени беа 2 тунела со вредност од околу 6 милиони евра кои беа најсложени за изградба;
  • Асфалтирани беа над 95% од вкупната должнина на патот;
  • Изградени беа сите клучни конструктивни елементи: 21 мост, 11 потпорни ѕидови, 15 пропусти, 1 вијадукт, 1 галерија.

Проектот долг 10,2 километри, со вредност над 33 милиони евра, најтешкиот и најкомплексен дел од трасата во Фаришката клисура го заврши Владата на СДСМ.

Што направи ВМРО-ДПМНЕ?

За цела една година санираа само едно свлечиште, поставија бетон во должина од 10 метри и завршија дел од сигнализацијата и оградите.

И она најважното за нив – да се китат со туѓи перја, да се сликаат пред камерите и да го претставуваат овој проект како свој.

Но сепак добра вест за граѓаните е дека патот конечно е завршен, дека граѓаните од целиот Пелагониски регион добиваат пат значаен за економијата, транспортот и безбедноста.

СДСМ многу инвестираше во различни проекти, особено во патната инфраструктура: експресниот пат Градско –Дреново е исто така проект на СДСМ, обновата на патната делница кај Плетвар, патот од Прилеп кон Прилепското езеро, почетокот на реализацијата на стратешкиот проект за автопат Прилеп-Битола како дел од Коридорот 10д итн.

Изградбата на втората фаза од експресниот пат Прилеп-Градско, односно делницата од Дреново до Фариш беше еден од најкомплексните проекти кои во моментов се градат во Македонија, а во последните година дена се направи повеќе отколку во сите 9 претходни години, истакна во вечерашното гостување во “Тема на денот”, на ТВ Сител, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

– Се работи за комплексен проект, но причините зошто доцнел се бројни, од промена на изведувач, се сеќавате дека овој проект го следеа и бројни контроверзии во однос на претходниот изведувач, имаше обвинувања дури и за корупција, но суштинскиот проблем е затоа што немало посветеност. Се работи за вториот најкомплексен проект кој што во моментов се работи во Македонија, после Охрид-Кичево, затоа што се пробиваше патот низ Дреновската Клисура, и дополнутелно патот се пробиваше низ планини и низ карпи, рече вицепремиерот Николоски.

Делницата Дреново – Фариш требаше да биде пуштена во сообраќај во март годинава, но поради безбедносни причини работите се одолговлечија уште три месеци, со што сега граѓаните имаат на располагање целосно безбеден и модерен пат.

ЗАБРЗУВАЊЕ Министерот Николовски вели дека сега од Скопје до Прилеп ќе се стигнувало експресно, а до 2027 година од Битола до Скопје ќе се доаѓало пак за тоа време!

– Првичниот проект според мене беше лош, затоа што цела планина надвиснуваше над експресниот пат, и минатата година ние одлучивме дека нема да правиме заштита со мрежа, или со одредени челични сајли кои што беа предложени, туку дека едноставно ќе ја поместиме планината за да имаме безбедност. Имаше една чудна коинциденција. Ние почнавме за ова да размислуваме некаде околу септември-октомври, кога имаше поделени мислења од одредени инженери. И јас и премиерот од прв ден бевме на мислењето дека треба да имаме безбедност на начин што ќе се отстрани тој дел од планината. Откако се случи онаа несреќа во Нови Сад со железничката станица, сите се сложија на нашето мислење, затоа што и таму беше со челични сајли онаа настрешница, па за жал заврши трагично. Затоа одлучивме од Градско до Дреново да го пуштиме во јануари, а овој дел наместо во март, како што беше првично планирано, да го пуштиме еве крајот на јуни, потенцираше вицепремиерот Николоски.

Вицепремиерот додаде дека со изградбата на оваа делница, од Прилеп до главниот град ќе се стигнува за 1 час и 10 минути, а со завршувањето на изградбата на автопатот Прилеп-Битола – кон крајот на 2027 година, од Битола до Скопје ќе се стигнува за  еден час и 30 минути (!). Околу она „планини поместивме“ излегоа многу шеги, со правио впрочем ама секако и СДСМ си има кабает кога остави толку многу работи кои некој може да си присвои во заслуги. Серкако со тгие фалби во услови кога речиси сите медиуми се партиски едноставно ќе си направи топ реклами.

ТАЛЕСКИ Најтешкиот и најкомплексен дел од трасата во Фаришката клисура го заврши Владата на СДСМ

Инаку, кога станува збор за шегите посебно се издвојува репликата на Коце Трајановски на отворањето на автопатот. Немаше што да говорти туку за тоа дека онаму каде тој говори некогаш бил убиен Перо Тошев. Би имало повеќе логика да говори за несреќите во Дреновската клисура кои однесоа многу животи, па и на видни личности (да речеме поглаварот Ангелариј), ама за такви асоцијации „надлежниот“ за патиштата во земјава нашол да прави потсетувања на личности кои немаат врска со градењето на било што. Но, очевидно ВМРО ДПМНЕ се држи до иконографијата која одамна ја има присвоено.

(Р.Г.)

 

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet