Машинскиот факултет успешно ме подготви за мастер-студиите. Професорите се извонредни и особено сум благодарна што сум имала можност да учам од нив. Машински ме научи како да размислувам од многу различни аспекти и како логички да решавам проблеми – вели Тамара
МИЛЕНА АТАНАСОСКА МАНАСИЕВА
Тамара Митева, која на Машинскиот факултет во Скопје дипломира со просек 10, сега е на последипломски студии на еден од најдобрите факултети за роботика во светот – Ecole polytechnique fédérale de Lausanne (EPFL) во Лозана, Швајцарија. Таа вели дека добрата репутација на Машинскиот факултет и просекот ѝ овозможиле многу лесно да биде примена, без дополнителни испити за јазик.
Митева средно училиште завршила во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ и вели дека да треба повторно да избира каде да учи, изборот би бил ист. Средношколските денови ѝ се особено драги, а во сеќавање ѝ се останати незаменливи, бесценети моменти на дружба, учење и личен развој.
– Корчагин е место каде што се градат искрени пријателства за цел живот со прекрасни луѓе. До ден-денес моите најблиски другарки се истите, од Корчагин. Сега, кога ќе направам ретроспектива, сфаќам дека во Корчагин сум била на вистинско место во вистинско време, опкружена со вистинските луѓе. Мојата класна, Павлина Маркудова, која секогаш веруваше во мене, е извонреден професор и е една од причините за мојата љубовта кон математиката. Таа умееше да направи цела алгебра да изгледа едноставно и лесно за сите нас. Тоа се постигнува само со целосна посветеност и љубов кон тоа што се работи. Потоа, професорките Фросина, Сузана, Кристина се прекрасни професорки по математика кои придонесоа за мојот напредок во полето што го сакам. Потоа, професорката Марија Мекнолти по англиски и Елизабета Митева по хемија ми се особено драги бидејшто го сакам. Потоа, професорката Марија Мекнолти по англиски и Елизабета Митева по хемија ми се особено драги бидејќи секогаш неизмерно и несебично даваа совети корисни за секое поле во животот.
Продолживте на Машинскиот факултет. Какви услови имавте за студирање, што Ви овозможи овој факултет?
– Машинскиот факултет успешно ме подготви за мастер-студиите. Професорите се извонредни и особено сум благодарна што сум имала можност да учам од нив. Машински ме научи како да размислувам од многу различни аспекти и како логички да решавам проблеми. Исто така, ми овозможи да напредувам во средина со колеги кои го имаат истото поле на интерес и да остварам пријателства што траат целиот живот. Што би промениле во македонското образование кога би имале таква моќ?
– Мислам дека нашето образование има силни страни, но и недостатоци. За да еволуираме и да напредуваме, неопходно е да ги дебатираме слабите страни. Најпрво, приемен испит! Бидејќи не секој може и треба да заврши факултет. Среќна сум што имам можност да видам и да споредам два образовни системи. Во Швајцарија постојат многу повеќе опции/ нивоа за разлика од кај нас. На пример, на 14-годишна возраст учениците имаат државен испит. Доколку го положат, имаат право да одат погоре во образовниот систем (повисоко ниво), а доколку не го положат, немаат право и специјализираат во одредена струка како, на пример, шнајдер, изработувач на часовници, специјалист за мебел итн. Но, за разлика од кај нас, сосема е во ред да се падне испитот, бидејќи, државата ги прави овие работни позиции достојни. Под достојни мислам со високи плати и извонредни услови за работа. Тоа мотивира многу ученици да изберат да се насочат на некоја од другите струки, бидејќи високото образование не е единствена добра опција за вработување. Овие ученици исто така имаат еднаква можност за напредок и иднина во нивната определена гранка. Додека кај нас таквите позиции се обезвреднети и секој се насочува кон високо образование, без селекција. А последиците се огромни во образовниот систем, за студентите и за работодавците. Втор клучен фактор што ги разликува двата система е комуникацијата на универзитетот со компаниите. EPFL е во постојан директен контакт со компаниите. Најчесто по секој предмет, наместо од професорот, неколку предавања се од страна на CЕO од светски позната компанија, каде што имаме можност да слушнеме што е најактуелно, на што работат компаниите, и тоа директно од нив. Исто така, еднаш годишно се организираат големи саеми за работа, како што е FORUM, каде што присуствуваат над 100 светски познати компании, меѓу кои: Facebook, Microsoft, Snapchat, EY, Bloomberg, Deloite, BCG и ние како студенти имаме можност да аплицираме и лесно да стапиме во контакт со нив.
Како трет клучен фактор би ја издвоила автоматизацијата на студентската служба. Тоа би вклучило апликација каде што студентите ќе може да видат каде имаат предавања, кога имаат испити (4 месеци однапред) итн. Во кратки црти, целта е да се поедностави животот на студентот преку забрзување на административниот процес.
Кои се најсилните и најслабите страни што ги забележавте на факултетот во Лозана, како сте задоволни од условите за студирање?
– Меѓу позитивните страни би ги издвоила: постојано следење на новите технологии и брзо адаптирање на студиските програми, соодветно. Исто така, фидбекот на студентите е особено важен и студентите се секогаш во право. Евалуациските анкети темелно се анализираат и резултатите од нив се имплементираат во системот. Промените се случуваат брзо, а доколку тоа не е случај, во најмала рака студентот е ислушан од некого. Исто така, атмосферата на EPFL е огромна мотивација поради ентузијазмот и љубовта на студентите кон науката и преку дискусијата за неа. Би додала дека професорите се достапни за состанок и се однесуваат како колеги со студентите и никогаш над нив. Од негативните страни би издвоила: голем број предмети со мал број кредити, односно бројот на кредити не е усогласен со обемот на работа и постојат предмети од 2 кредита, а обемот на работа е двојно поголем и обратно.
Кое е Вашето поле на интерес, на што работите кога се во прашање последипломските студии?
– Моето поле на интерес постојано варираше во последниве неколку години, бидејќи, сакав да истражам сѐ што нуди мојата насока „Microengineering“, а нуди многу. Во него се опфатени роботика, оптика и „Microfabrication“. Следев различни предмети и работев на повеќе проекти, меѓу кои би ги издвоила „Embedded development for an aircraft“, „Step counter app for a smartwatch“, „Mobile robots and evolutionary robots projects with neural network applications“, „Bioexible electronics“, „Topics in advanced optics“, „Image processing“, „Machine leaning“….
Како Ви поминуваат деновите во Швајцарија и какви се Вашите планови за иднина?
– Деновите во Швајцарија ми поминуваат работно. Моментално сум на шестмесечна пракса во Logitech на тема „Machine Learning as a service“, каде што ги користам AWS (Amazon Web Services) и Convolutional Neural Networks. Исто така, вонредно работам во стартап-компанијата Inate.ch, каде што заедно со уште двајца колеги развивам веб-страница и апликација за продавање најразлични „inatable“ продукти. За иднина, откако ќе завршам со пракса, планирам да правам мастер-теза во некоја друга компанија, но во иста насока.
(www.fakulteti.mk)