Во Северна Македонија реалната инфлацијата се движеше околу 20 отсто, но на годишно ниво се движи накај 15 отсто, a иста е инфлацијата и во Хрватска и Бугарија која се земји членки на Европската унија, а Македонија има послаба економија од овие две земји.

Политиката и економијата се постојано поврзани, бидејќи економските движења зависат од политичките состојби, дали во државата, дали во светот. Голем предизвик беше војната во Украина затоа што не само Македонија туку и целиот свет закрепнуваше од корона вирус кризата, каде што владите потрошија многу средства за да ги помогнат економиите“, рече Соња Танеска од ЦИВИЛ, меѓу другото, говорејќи за дезинформациите и пропагандата на годишниот мултимедијален јавен настан на ЦИВИЛ „Перспективи 2023“.
„Македонија имаше 6 пакети мерки за справување со корона вирус кризата каде што беа опфатени сите сегменти од општеството. И кога се очекуваше на почетокот од 2022 година закрепнување на економијата и бизнисите од корона кризата, се случи војната во Украина. Тоа придонесе да се зголемат цените на енергенсите затоа што се покажа дека Европа е премногу зависна од гасот од Русија и во текот на годините не се успеало да се создадат нови, а видовме дека има и други ресурси освен рускиот гас. Ако имаше паника во февруари/март дека Европа нема да преживее без рускиот гас се воспостави дека рускиот гас сега е на најниско ниво од било кога. Беше потребно од многу месеци да настане некаква стабилизација со енергенсите, цената на струјата растеше на светските берзи и дури минатиот месец имавме некоја стабилизација на стујата, а тоа носи предизвици во животот на луѓето, односно во стопанството. Стопанството е зависно од енергенсите, под стопанството не се само компаниите, туку е и храната која доживеа највисока цена“, истакна Танеска.
Таа додаде дека во Северна Македонија реалната инфлацијата се движеше околу 20 отсто, но на годишно ниво се движи накај 15 отсто, a иста е инфлацијата и во Хрватска и Бугарија која се земји членки на Европската унија, а Македонија има послаба економија од овие две земји.
„Македонија за разлика од овие две земји, е зависна од увоз. Увозот е тој што прави голем проблем, и затоа всушност имаме двојна или поголема инфлација бидејќи и производите што ги увезуваме веќе имаат одредена инфлација од земјите од кои ги увезуваме“, нагласи таа.
Танеска потенцираше дека 2022 година беше година на големи економски предизвици.
„Нашиот буџет беше исцрпен со претходните антикризни мерки, но и покрај тоа беа издвоени антикризни мерки за енергетската криза од околу 250 милиони евра. Субвенционирана е струјата за домаќинствата колку и да звучи тоа дека постојано се повторува и од владата и од медиумите. Од опозицијата има реакции дека тоа не е баш така, меѓутоа просторот во економијата е простор каде може многу лесно да се шират дезинформации или манипулации со бројки.
Македонската економија е исцрпена (ова е констатација од разговор со економисти), бидејќи толку се средствата. Опозицијата реагира дека може да се зголеми помошта, дека може да се зголемат средствата, наместо 1.500 денари помошта да биде 3.000 денари, но никогаш не посочува од каде. Велат има средства во буџетот, меѓутоа буџетот не е бесконечен“, вели Танеска.
Таа истакна дека ние добивме помош и од ММФ што е многу значаен кредит, бидејќи сепак ќе се контролираат средствата и нема да може да има злоупотреба.
„Конечно добивме преговори со ЕУ и сето тоа значи дека пополека во земјава ќе се случува стабилизација, особено во економијата тоа е многу специфично бидејќи не оди така брзо. Потребно е закрепнување на сите сегменти во стопанството. Фирмите треба да се научат дека во Македонија плаќаат најнизок данок. Тука и мало дуќанче и голема фирма да плаќаат рамен данок. Таа тема се отвори во 2022, меѓутоа поради реакциите од Стопанската комора се одложи за 2023 година за воведување на прогресивниот данок. Таа тема се провлекува неколку години наназад и тоа е нешто што е значајно, бидејќи тоа е едно од начините на кој се полни буџетот во најголемиот дел од државите во светот“, рече Танеска.
Танеска вели дека во 2023 година не може да очекува 100% сигурност. Глобалната слика за економијата е дека се очекува стабилизација, но по завршувањето на војната на Русија врз Украина.
„Сега веќе нема толкава завосност од енергенсите. Покрај две големи кризи и добро е да има стабилизиција негде во септември, но не мора да значи дека стабилизацијата може да биде и подоцна. Тоа би значело дека ќе се намалат цените, инфлацијата ќе се намали до 7 проценти, тоа се и проекциите на Народна банка и проекциите на Буџетот.
Буџетот е изгласан и голем дел од преоектите се во согласност со препораките од ЕУ, односно ќе се користи за ранливите категории. Приоритет им се дава на малите претпријатија коишто исто така треба да закрепнат од оваа криза за да не отпуштаат вработени“, вели таа.
Очекувањата на Танеска се дека и 2023 година ќе биде тешка со големи предизвици цитирајќи го проф. Ванчо Узунов кој вели „во вакви кризни времиња секогаш е добро да се штеди“, односно ние како народ треба да научиме да штедиме.
(civilmedia.mk)