Фотографија од наводен штрајк на американските пилоти кои не сакаат да го прскаат со хемикалии народот од небото, во рамки на масовното менување на контролата со луѓето
Појавата на пандемијата со ковид – 19 ја обнови теоријата на „запрашувања од небото“ кое предизвикува масовно нарушување на здравјето на народот. Практично се јави само мала временска дистанца, по првичната појава на оваа теорија, пред да се најде ново сомневање во здравствените власти ширум планетата за, овој пат, директно или индиректно не потсетат на т.н. танкер терминатори, кои, директно или индиректно се виновни и за пандемијата. Поддржувачите на оваа теорија ги има и на улица, кога многумина објаснуваат зошто не сакаат да носат маски на лицето, бидејќи болеста е измислица и дека нам умот ни бил мозкот „запрашуван одговоре“, но се најчесто се присутни на социјалните мрежи.
Примерот кој го изнесуваме е ширен од наша граѓанка која „открива сензација“ дека пилоти штрајкуваат бидејќи биле приморани да станат распрашувачи на небото со хемикалии (хемтралси). Распирувачот на оваа вест предизвикува јавувања на други лица, поголем дел од групата на поддржувачи на оваа теорија, но има и такви кои едноставно одмавнуваат со рака и во оваа вест препознаваат лажни факти.(https://www.facebook.com/marina.kostovska.71/posts/1095753700854958)
Фотографијата ја објавена во многу варијанти, главно од српско јазично подраќје.Некаде е збогатена со разни исповеди, наводно од пилоти (јасно, без било каква можност за идентитет) на пример во
каде се тврди – да повториме одново – дека се работи за „глобален програм на хемиски млазови“. Се тврди дека оваа програма се извршува постојано, во текот на цела година и во секое време “
Википедија овој термин (хемтрајл) го објаснува (https://en.wikipedia.org/wiki/Chemtrail_conspiracy_theory) како една од конспиративните теории на заговор кога обичната физичка појава на кондензација (или оној „ху ефект“ кога човек во ладно гледа како му замрзнува неговото издишување!) ја претв ора во кошмар. Според оваа теорија целта на воените власти е ослободувањето на хемикалијата која може да биде начин за управување со сончево зрачење, да биде модификација на времето, психолошка манипулација, контрола на човечката популација, биолошко или хемиско војување или тестирање на биолошки или хемиски агенси врз популација и дека патеките на небото што ги оставаат авионите предизвикуваат респираторни заболувања и други здравствени проблеми.
Објавената фотографија како што објаснува Катарина Шубашиќ од Агенцијата Франс прес, дописништво во Белград претставува снимка на протести на пилотите за повисоки плати од 2011 година.( https://cinjenice.afp.com/ova-fotografija-je-sa-protesta-o-platama-i-promenjena-je-da-pokaze-kemtrejlse?fbclid=IwAR3BKE5v68VQGR2Ij-y8qSxo3eg9A3ANW_DmzRIm_BZ0dD7K8FkN8QmpjuE).
Извештај од вистинскиот собир имаме на овој линк https://www.dailymail.co.uk/news/article-2042680/Wall-Street-Protests-Continental-United-Airlines-pilots-fed-bosses.html?fb_ref=LikeButtonBottom&fb_source=profile_oneline
А потекбнува од весникот Дејли мејл.
(вистиномер.мк)