Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТАРАВАРИ: ЈА СРЕДИ ОПШТИНАТА, ЌЕ ЈА СРЕДУВА ДРЖАВАТА!

May 21, 2024 Filed Under: Македонија

Според објавената анализа на Portalb.mk, три општини во државата должат по повеќе од 9 милиони евра. Која е ранг листата на „најзадолжените“

ТАРАВАРИ Има рецепт за презадолжување, ќе го пренесе ли и на државно ниво?

Според анализата објавена на Порталб.мк.во првите три месеци од годинава општините во државата пријавиле вкупни доспеани а неплатени обврски во износ од 56,4 милиони евра. Во однос на декември 2023 та  долгот е намален за 2,3 милиони евра , пишува порталот. Новата должничка листа годинава има „ротации“ на позициите на најзадолжени општини. Помали локални самоуправи испливуваат со милионски долгови.

ОПШТИНИ СО ДОЛГОВИ ПОВИСОКИ ОД ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА

На новата „должничка листа“ во првата десетторка ги нема општините, но сепак дел од нив високо котираат според износот на долговите а дел пак само за три месеци значајно ги зголемија доспеаните а неплатени обврски. На крајот од март годинава најзадолжена е Општина Гостивар која го „украде“ приматот на Општина Тетово,  која пак на крајот на минатата година беше прва во друштвото на „најзадолжени општини“

Општина Гостивар на крајот од првиот квартал од годинава пријавила неплатени обврски во износ 9,5 милиони евра што е за 1,2 милиони евра повеќе во однос на состојбата на крајот на декември лани. Зад оваа општина според износот на долгови е Град Скопје со доспеани а неплатени обврски од 9,3 милиони евра или 2 милиони евра повеќе во однос на декември 2023 година. Општина Тетово во анализираниот период имала доспеани долгови во износ од скоро 9,1 милион евра што е раст на долгот од 720 600 евра за три месеци.

Доспеани а неплатени обврски (март 2024)

Општина Гостивар                           9 552 200 евра

Град Скопје                                        9 359 000 евра

Општина Тетово                               9 070 922 евра

Општина Делчево                           3 141 600 евра

Кисела Вода                                      1 607 400 евра

Општина Кочани                             1 565 123 евра

Општина Кавадарци                      1 513 600 евра

Општина Василево                         1 481 900 евра

Општина Струга                               1 479 600 евра

Општина Врапчиште                       1 340 560 евра

Извор: МФ

Четврта најзадолжена е Општина Делчево со износ од 3,1 милион евра со минимално зголемување од само 1 000 евра за три месеци а на петто место избива Општина Кисела Вода со доспеани а неплатени обврски во износ од 1,6 милиони евра, што е за 190 600 евра помалку во однос на состојбата на крајот на декември лани а веднаш зад оваа општина се : Општина Кочани и Општина Кавадарци со по 1,5 милиони евра доспеани а неплатени сметки, и Општина Василево со износ од 1,4 милион евра.

Општина Струга на крајот на март годинава пријавила доспеани обврски во износ од скор 1,5 милиони евра што е за скоро 225 000 помалку во однос на декември 2023 та. Зад оваа локална самоуправа на ранг листата е Општина Врапчиште со должнички износ од 1,3 милиони евра. Општина Чаир пријавила долгови од скоро 1,1 милион евра а зад неа се Општина Прилеп со доспеани а неплатени обврски во износ од 1 милион евра и Општина Липково со 904 000 евра, по што следуваат останатите локални самоуправи со долгови пониски од оној на Липково.

Сите општини во земјава во првото тромесечје пријавиле обврски во износ од 56,4 милиони евра додека во декември лани долговите изнесувале 58,7 милиони евра.

Доспеани а неплатени обврски на општините

Март 2024                                         56 416 600  евра

Декември 2023                                58 744 725  евра

Само првите пет најзадолжени локали самоуправи имаат доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 33 милиони евра што претставува дури 58% од вкупниот долг на сите општини. “Порталб“ веќе објави дека на крајот на првиот квартал од годинава вкупниот “внатрешен“ долг достигна скоро половина милијарда евра што е за дури 82 милиони евра повеќе во однос на декември лани. Најголем дел од вкупната должничка сума, или 235,4 милиони евра отпаѓа на  државните ЈП и фирмите формирани од државата а втори се општинските ЈП со износ од 76,7 милиони евра. На новата листа на Министерството за финансии се наоѓаат 954 должници.

(опремата е на Глобус)

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet