Дефектот на аеродромот Петровец е со тешки маки отстранет а за монитарање на неотпакуваниот ново-стар радар е потребна одлука на Владата!

Ние немаме ниту еден функционален радар за полетување и слетување на скопскиот аеродром, вели Александар Тасевски, претседател на синдикатот на контролори на летање при М-НАВ во интервју за Аргумент плус на ТВ 24.
М-НАВ е компанија во државна сопственост, која делегира задачи и одговорност за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија.
„Радарите кои моментално се користат претежно за прелети, за авиони кои полетуваа и слетуваат, а кои ги гледаме на повисоките висини се радари кои се одалечени од Скопје. Едниот е во Бугарија, другиот е во Грција, а третиот е во Охрид. Од двата радари кои беа лоцирани во скопскиот аеродром, не работи ниту еден. Тоа значи дека авионите на скопскиот аеродром не ги гледаме од земја до некаде 3,5 до 4 илјади метри надморска висина“, вели Тасевски.
Тој објаснува дека во таква ситуација постојат процедури по кои постапуваат, но додава дека не требало да се дозволи да дојде до тоа да откаже и бекап системот.
„Едниот радар, кој е на самата контролна кула е поставен пред 1995 година, па тој е нефункционален и не дава точни податоци, наназад веќе десетина години; требаше да биде сменет, ама за жал тоа не е направено досега. Вториот радар кој е во близина на скопскиот аеродром е монтиран во 2000 година, со опремата која се уште ја користиме и тој е тој што сега откажа. Веќе имаме двојно откажување на радарска опрема што не смееше да се дозволи да откаже“, додава тој.
По објавувањето на информацијата дека контролата на летање имаат проблем со радарите, од М-НАВ на 22 септември соопштија дека тие проблеми не влијаат на безбедноста, туку на темпото со коешто се одвива слетувањето, односно на бројот на авиони што можат да се опслужат во еден час
По гостувањето на ТВ Телма на истиот говорник се дозна дека навистина постои и втор радар што стои неотпакуван, но дека и тој е веќе остарен иако не бил во функција, заради проток на време.
Министерот за транспорт Николовски во четвртокот, на 25 септември, истакна дека радарот што имал дфект е поправен и дека тој слетал утрото со негова помош. Проблем имало бидејќи тешко се доаѓало до делови бидејќи се работи за стар модел. Обзнани дека до тогаш за да функционира скопскиот аеродром бил опслужуван со помош на радари од Бугарија и Италија! Неотпакуваниот радар ќе почне да се монтира откако Владата ќе донесе соодветна одлука!