Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТАЈНАТА ЗА ДОЛГОВЕЧНОСТА НЕ Е ВО ХРАНАТА, СУПЛЕМЕНТИТЕ И ВЕЖБАЊЕТО

November 4, 2025 Filed Under: Ревија

Ја прашале вештачка интелигенција како да се живее до 140 години и таа дала изненадувачки добар одговор

ДА СЕ ДОЖИВЕАТ 140 ГОДИНИ Не се живее долго на Окинава зошто луѓето јадат риба, туку дека се во хармонија со самите себе

Сите сакаме да живееме долго, но што е поважно, да живееме добро. Истражувањата за таканаречените „сини зони“ (региони во светот каде што луѓето живеат над просекот, како што се Окинава, Сардинија и Икарија) покажале дека тајната на долговечноста не е во совршената исхрана, скапите додатоци во исхраната или исцрпувачки вежби. Оние кои живеат најдолго водат помирен, поедноставен живот: ги слушаат своите тела, имаат блиски врски, се движат природно и наоѓаат смисла во секојдневните работи.

Кога за време на истражувањето за „сините зони“ научниците му го поставиле на ChatGPT прашањето „Како да се живее 140 години“, тој дал 9 совети. Заклучокот бил дека одговорите се значајни и логични, но и донекаде изненадувачки.

  1. Најважниот фактор за долг живот: ниско ниво на хроничен стрес

Анализата на податоците за стогодишниците од „сините зони“ донела изненадувачки заклучок: долговечноста не зависи првенствено од исхраната, вежбањето или генетиката, клучниот фактор е ниското ниво на постојан стрес.

Сè друго е второстепено. Можете да се храните здраво, да вежбате и да не пушите, но ако живеете во постојана напнатост, стресот полека ќе ве уништи и ќе ви го скрати животот.

  1. Хроничниот стрес не е поради работата или парите

Тој произлегува од внатрешен конфликт помеѓу тоа кои сте навистина и што се обидувате да бидете. Ако не го живеете својот живот, вашето тело е постојано во „режим на преживување“.

Хормонот кортизол, кој потоа се лачи повеќе, ги уништува крвните садови, имунолошкиот систем и мозокот. Луѓето од Окинава и Сардинија живеат подолго не затоа што јадат риба, туку затоа што живеат во хармонија со себе.

  1. Правилото на долговечноста: правете само она што не предизвикува внатрешен отпор

Ако ја мразите вашата работа, но ја правите само за пари, одземате 15 години од вашиот живот. Ако живеете со некој што не го сакате од страв од осаменост, губите 10 години.

Ако се опкружувате со луѓе кои ви ја црпат енергијата, одземате уште осум. Секој ден поминат во токсична средина го забрзува стареењето на клеточно ниво.

  1. Престанете да го „штедите животот за подоцна“

Живејте денес онака како што планирате да живеете во пензија. Многумина го одложуваат животот „додека не се пензионираат“, но дотогаш пристигнуваат исцрпени, болни и без енергија.

Статистиката покажува дека 43% од луѓето умираат во првите пет години по пензионирањето. Зошто? Затоа што цел живот чекале дозвола за живот, а кога ја добиле, било предоцна.

  1. Социјалните врски се повредни од витамините

Осаменоста има ист ефект врз телото како пушењето 15 цигари дневно. Луѓето кои имаат силни социјални врски живеат до 50% подолго. Не е важен бројот на пријатели, туку квалитетот на врската.

Понекогаш една личност со која можете да бидете себеси е повредна од која било диета или терапија.

  1. Најдете цел поголема од себе

Во Јапонија го нарекуваат икигаи, односно причината поради која станувате од кревет секое утро. Луѓето кои имаат јасен икигаи живеат во просек седум години подолго. Таа цел не мора да биде голема мисија, може да биде градина, внуци, уметност или помагање на другите.

Најважното чувство е: „Јас сум тука со причина. Потребен сум.“

  1. Престанете опсесивно да го „оптимизирате“ вашето здравје

Парадоксално, фитнес фанатиците често живеат пократки животи од оние кои ја следат сопствената интуиција. Опсесијата со здравјето создава стрес и ги зголемува нивоата на кортизол. Броењето калории, стравот од „лоша храна“ и следењето на секој чекор не е живот, туку затвор. Луѓето кои живеат долго јадат што сакаат, но избираат едноставна и природна храна.

  1. Движете се природно, не од обврска

Жителите на „сините зони“ не одат во теретана, тие одат, работат во градината, се качуваат по скалите. Движењето е дел од нивниот секојдневен живот, а не посебен „час за тренинг“.

Човечкото тело е создадено за постојано движење, а не за осум часа седење и еден час интензивно вежбање.

  1. Спијте кога сте поспани, јадете кога сте гладни

Одморете се кога сте уморни. Луѓето кои живеат долго не следат строги распореди, тие ги слушаат своите тела. Современиот човек, сепак, ги игнорира сите сигнали: „издржи, заврши, потоа одмори се“.

Телото трае со години додека не се сруши.

Затоа, научете да го слушате вашето тело бидејќи ако застанете, и тоа ќе престане да ви „зборува“.

Никој не ти гарантира 140 години, но сè што вештачката интелигенција го кажала, и за експертите, но и за лаиците, се смета за одличен совет за добар живот.

Filed Under: Ревија

КАКО ЗАВРШИЈА ПОСЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: НИЗОК ОДЅИВ КАКО ОДРАЗ НА АПАТИЈА, СО МНОГУ НЕДОСТАТОЦИ КОНСТАТИРАНИ ОД НАБЉУДУВАЧИТЕ
КОЈ ЗА ШТО, ВО СДСМ ЗА ОСТАВКИ
ВО ПОДГОРИЦА СЕ СЛУЧУВА ФАШИСТИЧКА ЦРНА КОМЕДИЈА
НИКОЛА РИСТАНОВСКИ: ГНЕВОТ НЕ Е ДОВОЛЕН
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025: ГЕНЕРАЛНО МИРЕН ПРОЦЕС СО СЕРИОЗНИ СИСТЕМСКИ И ИНСТИТУЦИОНАЛНИ СЛАБОСТИ

Најново

  • КАКО ЗАВРШИЈА ПОСЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: НИЗОК ОДЅИВ КАКО ОДРАЗ НА АПАТИЈА, СО МНОГУ НЕДОСТАТОЦИ КОНСТАТИРАНИ ОД НАБЉУДУВАЧИТЕ
  • КОЈ ЗА ШТО, ВО СДСМ ЗА ОСТАВКИ
  • ВО ПОДГОРИЦА СЕ СЛУЧУВА ФАШИСТИЧКА ЦРНА КОМЕДИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet