Поминаа пет години откако поранешниот директор на Wirecard избега во руската престолнина по скандалот со исчезнувањето на 1,9 милијарди евра од сметките на германскиот финансиски гигант, кој поради ова прогласи банкрот

БИЛЈАНА МИХАЈЛОВА
Тој водел бугарска шпионска ќелија која шпионирала за Москва: истражувачките новинари откриле каде и како живее Јан Марсалек, баран за финансиски измами од особено големи размери.
Неговата последна позната фотографија го прикажува меѓународно бараниот криминалец облечен во руска борбена униформа и голема буква Z на градите – селфи поздрав од Москва. Како што потсетува ZDF, поминаа пет години откако поранешниот директор на Wirecard избега во руската престолнина по скандалот со исчезнувањето на 1,9 милијарди евра од сметките на германскиот финансиски гигант, кој поради ова прогласи банкрот. Австриецот Јан Марсалек се смета и за шеф на агентска група во која учествувале шест Бугари кои планирале и спровеле бројни тајни операции во Европа во име на руската држава.
Во Москва, бегалецот ужива во наклонетоста на Кремљ и е недостапен за западните истражители, забележуваат германските јавни медиуми.
МАРСАЛЕК РАБОТИ ЗА ФСБ Репортери од неколку западни медиуми (ZDF, Spiegel, австрискиот Der Standard, американската програма Frontline и The Insider) успеај да го пронајдат Марсалек во Москва за време на неколкумесечна истрага. Голем број фотографии од безбедносните камери го покажуваат поранешниот финансиски менаџер во вратоврска и одело на пат од метро станица до седиштето на руската тајна служба ФСБ. Помеѓу јануари и ноември 2024 година, неговиот мобилен телефон бил пресретнат 304 пати во близина на седиштето на ФСБ во Москва. Извори во Москва им потврдија на западните новинари дека Австриецот работи за руските служби. Истрагата утврди дека Марсалек користи повеќе лажни идентитети и неодамна добил вистински руски пасош. Според документот, тој е роден на 22 февруари 1978 година во Рига, а неговото ново име е Александар Михајлович Нелидов. ZDF има копија од пасошот.
ДАЛИ НОВАТА ДЕВОЈКА НА МАРСАЛЕК Е КУРИР НА ФСБ? Многу од фотографиите што ги добија новинарите, вклучувајќи го и Христо Грозев, го прикажуваат Марсалек во друштво на дама – нејзиното име е Татјана Спиридонова, 41-годишна преведувачка. Познаници тврдат дека Марсалек научил руски благодарение на неа, а она што е сигурно е дека по неговото бегство редовно престојувал во нејзиниот стан во центарот на Москва.
Се верува и дека Спиридонова очигледно извршувала курирски задачи во име на нејзиниот пријател агент. Таа патувала од Москва до Истанбул најмалку двапати, враќајќи се само неколку часа подоцна – според информациите достапни за истражувачките новинари. На крајот на декември 2022 година, таа веројатно донела лаптоп во Русија, чија безбедносна технологија била од интерес за ФСБ.
Мисиите на Спиридонова се потврдуваат и со разговори до кои дојдоа западните медиуми. На пример, на 12 декември 2022 година, кратко пред полноќ, Марсалек поставил прашање во врска со испораката на лаптопот на аеродромот во Истанбул: „Каде треба да оди мојата девојка кога ќе слета?“ И понатаму: „Девојката предлага средбата да се одржи во канцеларијата на носителот на поштата.“ Еден ден подоцна, Марсалек објави дека е постигнат успех – лаптопот поминал низ царина без никакви проблеми и „бил во автомобил на пат кон Лубјанка“ (штабот на ФСБ).
МАРСАКЛЕК ОЧЕВИДНО БИЛ И НА БОЈНОТО ПОЛЕ ВО УКРАИНА
Анализата на податоците достапни за западните новинари, исто така, покажуваат дека Марсалек патувал во областите на борбите во Источна Украина и во Мариупол, окупиран од Русите. Се претпоставува дека таму извршувал задачи во заднината, но нема поконкретни информации за неговите активности таму.
Како што истакнува ZDF, Марсалек се бара за измама во вредност од милијарди и под сомнение за шпионажа. Германските јавни медиуми, исто така, потсетуваат дека во мај оваа година, група Бугари – членови на агентска шпионска мрежа предводена од Марсалек – биле осудени во Велика Британија.
Случајот открил планови за убиства и киднапирања на противници на Кремљ во Европа, како и шпионски операции на воени полигони во Германија. Западните новинари испратиле список со прашања до бегалецот менаџер на Wirecard, но ниту тој, ниту неговиот адвокат не одговориле.