ЈУГОСЛАВ ПЕТРОВСКИ
Значи инсистирам секој кој на било кој начин се опкористил или ја злоупотребил положбата во пирамидалната диктатура на Груевски, да биде максимално казнет во однос на стореното злодело… оти тоа е главното, што ќе ја разјасни и бетонира положбата на граѓаните каде тие, граѓаните, се оние во чија служба се сите: од министрите – до последниот владин службеник
Претерана еуфорија не е добра, бидејки, може лесно да не одведе во друга крајност а тоа е брзо ( чисто и непромислено ) разочарување. И тоа веќе можам да го забележам во некои постови…
И ве молам за една работа, бидејки борбата не е ни од далеку завршена, не очекуваат уште многу искушенија и битки кои мора да ги добиеме за Македонија да стане стабилна демократска земја, со еднакви права и слободи за сите незјзини граѓани, затоа мојата молба се однесува на тоа да не се делиме, подвојуваме, а најмалку да се јави некое незадоволство и премерување на тоа кој колку направил, кој колку допринел… зошто јас мислам дека нашата борба беше и секогаш ќе остане како завет првенствено за една здрава Македонија која наскоро би морала да се издигне на столбовите на демократијата, личната и колективната слобода е нешто што го очекувам од ден на ден да расте, да расцвета до максимум… а пред се правдата, значи главната парола ни беше за ПРАВДАТА без која нема МИР; значи инсистирам секој кој на било кој начин се опкористил или ја злоупотребил положбата во пирамидалната диктатура на Груевски, да биде максимално казнет во однос на стореното злодело… оти тоа е главното, што ќе ја разјасни и бетонира положбата на граѓаните каде тие, граѓаните, се оние во чија служба се сите: од министрите – до последниот владин службеник, кои треба да ги сервисираат нашите потреби, оти ние граѓаните сме нивни “послодавци“!
Тоа е она што базично го баравме и мора да го добиеме!
Да – И дајте – “Бројчаник на Триунфална“ и хитно нека почне да се врти! …Оти „сиромаштијата“ се’ уште ни го глоде народот… ме глоде и мене!
Од друга страна – Мислам дека е навистина тесноградо, и многу малограѓански, а пред се тоа е пат кој ќе не однесе во погрешен правец – Одредени кадровски решенија да ги гледаме од визура да го премеруваме во однос на тоа колку мислиш ти дека имаш допринесено а колку има тој.
Еј! СТОП! Не по тој пат, не во тој правец!
А и не е фер, сепак сите тие се наши соборци – та кога си можел да се потпреш грб со грб, кога не тепаше специјалната полиција по наредба на Чавков и Змијалков, зошто не би се потпрел и сега, зошто не би му верувал(?) …
… ништо не се изменило што тој е именуван за примерно – потпарол, министар или државен секретар, а ти ете не си… та нели целосно ги споделувавме желбите и идеалите на револуцијата што се случи…
Или е поинаку?! Не е веќе исто? Незнам… не би трбало!
Чекај, чекај – “пуста моја македонска куса меморија“… Колу се сеќавам Амди не беше наш. И тој е само екстремен пример, ги има подоста…најчесто т.н. “неутрални“???
Тоа во крајна линија – Вие си го знаете. Мој не е! А другото че морате да го образложите – трансапарентмо(!), и верувајтѕе, добро ќе мора да се испотите да ги оправдате ваквите “политички проритети“!
Ете можеби тоа не можам да го разберам или едноставно несакам да го разберам ( …премногу ми е гадно за да го гнасам умот за да разбере такво нешто… )
Но една работа знам – ништо не сме направиле, и ништо не правиме, со Македонија добра само за себе и своите себични потреби…. Да бараш или да прижелкуваш Македонија која ќе ги задоволи сите твои алчности е за мене „знак“ дека сме оделе по исти улици, сме извикувале исти пароли, но не сме се бореле за исти цели – а гледам,ве има доста такви(!)…, А од друг аспект – ништо од таква револуција и такви промени, ако се предводени од такви луѓе ( тука е мојот проблем со нешто што ми се нуди како “партиски приоритет“, „моментална државничка потреба“ или „нужен партиски компромис“ … но, ‘на крајот од денот“, вас ќе ве мачат или нема да ве мачат таквите компромиси, мене не! Мислам дека секому му е јасно дека ништо не сме направиле, ако Македонија не направиме подобра и по просперитетна за сите!
Затоа:
Ако си допринесувал искрено, дури сега ти е шансата да допринесеш уште повеке, бидејки, сега имаме едено чисто поле за дејствување и борба за остварување на своите идеали, и остварување на желбите Македонија да ја видиме наскоро како нормална Европска земја!
п.с.
Ако си свесен за своите вредности и својот квалитет, понуди го тој квалитет да биде, до максимум,. искористен за добро на Македонија.
Но пред се гледај за што понатаму треба да се бориме и својот квалитет сам да го вградиш во темелите на Новата Македонија – која ни беше и мора да ни остане сон се дур тој сон не стане наша јаве…
Не сакам да престанам да сонувам – Оти тој е нај брз начин, нашиот сон за подобро утре да умре!
Не се откажувам од идеалите на #ШаренатаРеволуција, и ако ми е знајно дека често револуциите си ги јадат децата, не запитам со верба во тие идеали бидејќи не сум запрел ни со борбата, значи по мене ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА е процес кој е жив, кој се’ уште трае, можеби во моментот бара некаква поинаква форма и начин (што е добро); но таа револуција неможе да згасне, оти коренува врз граѓанските права и слободи, составена е исклучиво од граѓани кои се освестени, будни, кои не сакаат да се дел од било која или било чија Власт, бездруго- оти знаат дека во вистиска демократија – министарот треба/мора да биде „слуга на граѓанинот“ (министар лат. збор – слуга на народот), а дека работодавачот на секоја Власт, е повторно тој – граѓанинот!
Во моментот пишувам нов драмски текст, што верувам како и другите мои текстови ке биде дел од „Антологијата на Македонската драма“, работам и на спас на македонската драматургија која ке исчезне ако не се превземе нешто – во тој правец со моите најпочитувани колеги го формивме ЗДРУЖЕНИЕ НА ДРАМАТУРЗИ и СЦЕНАРИСТИ ма Р. Македонија…. значи до максимум се давам, цигла по цигла, да го изградам она што е урнато или руинирано во областа во која сум нај стручен и највеке можам да дадам од себе… Е истото го барам и од оние кои се нафатија да врз пеплиштата на груевизмот, ако се нафатиле со премисла дека се најкорисни за изградба на Нова Македонија кај ке има „живот за сите(!)“ како министри, пратеници, директори, и тн. да го прават истото – барам максимум и нема простор за оправдување!
п.с.
Своето дете го караш и се обидуваш да му објасни кај греши ТРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ од друго, непознато дете, кое не е твое. А тоа го правиш за негово добро оти го љубиш и сакаш да порасне во полезна, нормална и здрава личност.