Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ: „ЗЕМЈА ВО КОЈА НЕ СЕ СТИГНУВА“ ДЕЦАТА ДЕНЕС

December 17, 2018 Filed Under: Ревија

Сите тие покрај искусниот и разигран Драган Спасов-Дац, со оглед на фактот дека со него се речиси цело време на сцената, станале актери кои без никакви пречки, збунетост или евентуален страв/срам, се мали јунаци/актери/ликови. Играат искрено и ги кажуваат своите (и сечии на таа возраст деца) проблеми, радости, силна верба во тоа што го играаат/прикажуваат на сцената

ЛИЛЈАНА МАЗОВА

ПРЕПОРАКА Претставата треба да се гледа без оглед на возраста

Најновата претстава во Театарот за деца и младинци – Скопје е мјузикл за деца со наслов „Земја во која не се стигнува“. Мјузиклот е работен  според текст на Оливера Николова, музика е на Александар Џамбазов, драматуршката обработка и режија се на Виолета Џолева. Куриозитет е што покрај искусниот и вонредно разигран гостин Драга Спасов–Дац кој е и асистент на режијата и двајцата актери на ТДМ Катарина Илиевска Силјановска и Мартин Јордановски, дури седумнаесетте други ликови (17 и со бројка) ги играат деца.

Децата (чинам одбрани на аудиција) со безпрекорна ведрина и сосем совладана игра се: Јован Петровски, Лука Златков, Петар Златков, Михаил Николовски, Александар Грчев, Јован Дукмеџиев, Ена Исмаили, Ема Ќулавкова, Лара Трпческа, Лена Катја Илиевска, Неда Димкова, Мања Митевска, Јелопи Седеу Нишевиќ, Марија Јанчевска, Луна Бејков и Ангела Алексовска.

Сите тие покрај искусниот и разигран Драган Спасов-Дац, со оглед на фактот дека со него се речиси цело време на сцената, станале актери кои без никакви пречки, збунетост или евентуален страв/срам, се мали јунаци/актери/ликови. Играат искрено и ги кажуваат своите (и сечии на таа возраст деца) проблеми, радости, силна верба во тоа што го играаат/прикажуваат на сцената.

РАЗИГРАН Драган Спасов-Дац и детската екипа беа навистина разиграни и ја пренесоа својата вдрина на децата

Целата екипа – онаа на сцената и онаа што не ја „гледаме“ – Маја Стевановиќ (драматург), Кренаре Невзати–Кери (кореографија), Елена Дончева (костимографија), Александар Митевски (музички продуцент), Дамир Имери (аранжер), Емил Петро (автор на видео сценографија), Филип Кондовски (снимање на видео и фотографии) и Пикадр креативен колектив (дизајн на промотивниот материјал), е убаво слокмен тим кој се грижи еден за друг.

Претставата го прикажува светот на децата денес во кој тие се изложени на притисоци од родителите, наставниците – од возрасните. И деца се деца – среќни се. Особено кога се заедно со чичкото кој ги разбира, им се радува, ги дели со нив нивните настани. Како уверлива, вистинска прошетка и по нивниот детски имагинарен свет. И играат како актери кои се на сцената којзнае од кога. Браво со работата на Џолева со нив и на поддршката што ја имаат од Драган Спасов-Дац и од целата екипа во нивната претстава „Земја во која не се стигнува“.

Го имаат и текстот на Николова и одличната музика на маестро Џамбазов.

Драган Спасов-Дац којзнае по кој пат, а овојпат со деца-актери, докажува колку умее, колку може да се трансформира, колку може да работи со секој а да остане свој. Неуморен, точен, темпераментен/разигран, пол со емоции, насмевки и досетки. И колку овој мјузикл без него не би бил она што е. И без децата – одличните мали актери.

Препорака: „Земја во која не се стигнува“ треба да ја види секое дете, родител, млад или возрасен човек.

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet