Иако ќе режира три претстави, режисерот Синиша Евтимов не е задоволен од распределбата на средствата за проектите во драмската дејност. Поединечно највеќе средства доби Милчин
Ќендрим Ријани се надева дека одобрените средства ќе бидат доволни за да ги реализира сите три претстави
Режисерот Владимир Милчин ќе добие 2,1 милиони денари за да ја постави „Вишновата градина“ на Чехов во Турскиот театар во Скопје. Ова е и најголемата сума што стручната комисија за драмска дејност ја одредила за реализирање претстава од пријавите на националните установи.
Милчин вели дека не ги погледнал подетално резултатите од годишната програма, но е задоволен од средствата кои се одобрени за претставата што тој ќе ја режира.
„Само со таа претстава аплицирав во Турскиот театар, не сум подготвувал друга. Задоволен сум и од одобрената сума. Ние сега веќе ќе почнуваме и со читачките проби, претежно се актери од помладата генерација, бидејќи таков е и ансамблот на овој театар“, изјави Милчин.
Според објавените податоци на Министерството за култура, со вкупен буџет од 3,7 милиони денари, режисерот Ќендрим Ријани ќе има задача да режира три претстави во три различни театри. Поконкретно, по еден милион денари се одобрени за претставите „Народен непријател“ (Гостиварски театар) и „Свиркање во мракот“ (Кумановски театар), а 1,7 милион денари се одобрени за Чеховата „Три сестри“, која ќе ја режира во Албанскиот театар во Скопје.
Ријани вели дека проекцијата на буџетските средства ја остава на театрите во кои ќе работи, а тој како режисер се грижи за суштината на проектите.
„Што се однесува до буџетот, јас како режисер конкурирам со проекти, додека пак проекцијата на буџетските средства им ја оставам на театрите кои всушност се и надлежни за тоа. Се надевам дека плановите на театрите, каде што е предвидено да работам годинава, се совпаѓаат со фондовите одобрени од страна на Министерството“, ни изјави Ријани.
Додава дека претставата во Гостиварскиот театар е проект од 2019 година, кој се одолговлекува бидејќи театарот не успеал да го реализира и сега е префрлен и за оваа година. Сличен е случајот и со претставата наменета за ансамблот во Кумановскиот театар, кој бил лански проект, но, бидејќи не се реализирал, одобрен е за годинава.
„Што се однесува до проектот во Албанскиот театар, тој е предложен за реализација оваа година. Јас сум од скоро време вработен во овој театар како режисер и ова ќе биде прва моја претстава како домашен вработен режисер во оваа институција“, вели Ријани.
Меѓу режисерите што ќе работат повеќе проекти е и Синиша Евтимов, кому му се одобрени три претстави. Тој вели дека од една страна треба да слави што првпат му се одобруваат три претстави, но од друга страна е разочаран за распределбата на финансиите.
„Не сум задоволен со буџет од 800 илјади за претстава. По толку добив за претставите во Прилеп и во Велес, и со тие пари тешко се прави претстава. Буџетот за претставата во Турскиот театар од околу еден милион денари е некој минимум што треба да се доделува. Годинава ќе дебитирам и во Прилеп и во Велес, и среќен сум што тие институции ме побараа да работам со нивните ансамбли, но средствата за реализација се потценувачки. Изгледа како да се делеле од ракав, а не според некој критериум. И ова не е проблем од сега, туку е исто со години наназад. Не го гледам проблемот во Министерството, бидејќи колку буџет ќе им даде Владата со толку ќе располага, но културата е секогаш на последно место на секоја влада“,
вели Евтимов.
Тој е еден од режисерите чии претстави се распродаваат до последно седиште и долго се задржуваат на репертоарите низ театрите и затоа вели дека при распределба на средства за реализирање претстава е потребно да се има предвид и ова, бидејќи добро е доделените средства, сепак, да се враќаат во буџетот преку продажбата на претставите.
Бузалковска и Пројковски ќе режираат во Драмскиот театар
Од пријавите на националните установи за драмска дејност, одобрени се вкупно 73 проекти, за кои ќе бидат издвоени околу 53 милиони и 800 илјади денари.
Во Турскиот театар, покрај Милчин и Евтимов, кому му се одобрени 1,1 милион денари за „Кројач на дами“ од авторот Жорж Фејдо, ќе режираат и Џабир Доко со детската претстава на Браќата Грим – „Рапунзел“ за 400 илјади денари, како и Драгана Милошевски-Попова со „Славната Флоренс“ на авторот Питер Квитлер за сума од 400 илјади денари.
„Копипејст“ проектите без поддршка – објавени резултатите од Годишната програма за култура
Претседателот на Комисијата Фирдаус Неби и членовите Синоличка Трпкова и Сабина Мемиши определиле 1,9 милион денари со кои режисерката Зоја Бузалковска ќе има задача да ја изведе претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, по текст на Сајмон Стивенс во Драмскиот театар. Во овој театар и Димче Николовски ќе ја режира претставата „Кафезот кај откачените“ со одобрени еден милион денари, како и Коле Ангеловски „Птици со главата меѓу нозе“ и Дејан Пројковски „Пет часа со Марио“, за кои ќе бидат издвоени 800 илјади, односно 700 илјади денари.
Во Албанскиот театар во Скопје, покрај Ќендрим Ријани, своја претстава ќе има и неговиот колега Куштрим Бектеши, кој добил 1,6 милион денари за „Јазли“ на авторот Рефет Абази. Годинава во овој театар ќе режира и Калртина Тефику, на која ѝ се доделени 800 илјади денари за претставата „Сладостите на брачното неверство“ на авторот Валентин Красногоров.
За МНТ одобрени три претстави
Според податоците што ги објави Министерството за култура, Македонскиот народен театар (МНТ) добил поддршка за да реализира три претстави, од кои најмногу средства се издвоени за „Само глас“ од авторот Нина Плавањац во режија на Маријан Нечак во износ од 1,5 милион денари. Другите две претстави се „Митре Стрелата во земјата на чудата“, на Зоран Спасов во режија на Јордан Симонов (671 илјади денари) и претставата „Магнолија“ со адаптација и режија на Васил Христов. „Магнолија“ е проект од минатата година кој се префрла за реализација и во тековната година, а за таа намена се пренесуваат и 200 илјади денари. Освен за претставите, за МНТ се доделени 340 илјади денари за театарската работилница со модераторство на Дејан Дуковски.
Одобрени 1,2 милион денари за санација на покривот на МНТ
Во „Театар комедија“ во Скопје, со 900 илјади денари за „Грдиот“ од авторот Мариус вон Мајенбург, ќе режира Ирена Стеријовска, а со одобрени 400 илјади средства Александра Кардалевска ќе има за задача да ја постави „Напушти ја сцената“ од авторите Здрава Каменова и Мариана Сабева.
Театарот за деца и младинци од Скопје од програмата добива средства за три претстави. За две од нив, „Во детската соба“ на режисерката Милена Миланова и „Нови соништа“ на авторот Горјан Милошевски во режија на Игор Ивковиќ ќе бидат издвоени по еден милион денари, додека со 800 илјади денари е поддржана претставата „Палешка“ во режија на Давор Драгојевиќ.
Кој и што ќе режира низ театрите од внатрешноста
Во Битолскиот театар одобрени се средства за четири премиери, и тоа 1,2 милион денари за „History of mother fuckers“, според Шекспир, во режија на Андраш Урбан, еден милион денари за Нушиќевата „Сомнително лице“ во режија на Деан Дамјановски, 900 илјади денари за „Баал“ на Бертолд Брехт во режија на Васил Христов и 800 илјади денари „Патувачки театар Шопаловиќ“ од авторот Лубомир Симовиќ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски.
Освен за овие четири претстави, за Битолскиот театар се одобрени еден милион денари за реализација на меѓународниот „Шекспир фестивал“.
Во Тетовскиот театар одобрени се вкупно пет проекти, од кои четири претстави. Од нив, три се на албански јазик и една на македонски јазик. Поточно, ќе се реализираат „Убу Рои“ на Алфред Жари во режија на Алеш Курт, за која се одобрени еден милион денари, а по 900 илјади денари се издвоени за „Мечката и предлогот – осамено срце“ на Чехов во режија на Елмазе Нура и „Проклетите“ на Олса Пока во режија на Гент Мехмети. Во овој театар, 800 илјади денари ќе ѝ бидат доверени за претставата „Коза или која е Силвија“ на Едвард Алби во режија на Теа Беговска. Освен за претставите, еден милион денари се одобрени и за Меѓународниот театарски фестивал во Тетово.
Во театарот во Гостивар, пак, Ќендрим Ријани ќе ја режира „Народен непријател“, за која се одобрени еден милион денари, а поддршка од 900 илјади денари добива и Калтрина Тефику за „На земја“. Во Гостиварскиот театар претстава ќе има и поранешниот министер за образование Сулејман Рушити, кому му се доверени 800 илјади денари за „Додека смртта не нè раздели“, според сатирични новели на Антониот Амури.
Во Велешкиот театар одобрени се четири проекти, од кои две претстави, еден интердисциплинарен проект, а Фестивалот на античка драма „Стоби“ ќе добие еден милион денари. Претставата „Орестија“ во режија на Софија Ристевска-Петрушева, Ненад Витанов и Александар Иваловски е поддржана со 1,2 милион денари. За „Четири соби“ на Синиша Евтимов се определени 800 илјади денари, додека за интердисциплинарниот проект „Да се почне одново“ предвидени се 500 илјади денари.
За Кумановскиот театар одвоени се средства за четири претстави, две на македонски јазик и две на албански јазик, како и 700 илјади денари за Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.
По еден милион денари за реализација на „Гробишта на автомобили“ во режија на Нела Витошевиќ и „Свиркање во мракот“ во режија на Ќендрим Ријани. По 800 илјади денари се одвоени за претставите „Драма изгубена во времето“ во режија на Владлен Александров и „Игра на љубовта“ во режија на Нехат Мемети.
Во Прилепскиот театар, со поддршка од еден милион денари за претставата „Светулки“, ќе режира Драгана Милошевски-Попова, со 900 илјади денари Мартин Кочовски ќе го режира „Декамерон“, а поддршка од 800 илјади денари добива и „Претстава со грешки“ на режисерот Синиша Евтимов.
Во Центарот за култура во Охрид одобрени се средства за две претстави, и тоа еден милион денари за „Балкански шпион“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски и „Изгубени Германци“ во режија на Сашо Миленковски, со поддршка од 800 илјади денари.
Одобрени се средства за реализирање на претстави и за другите центри за култура низ државата, а деталните резултати за драмска и другите дејности може да видат на веб-страницата на Министерството за култур
добрени се вкупно 1,2 милион денари за санација на покривот на Македонскиот народен театар (МНТ). Овие средства се издвоени од буџетот на Министерството за култура, кој е предвиден за реализирање проекти преку Годишната програма за проекти од културата со национален интерес.
Покривот на Македонскиот народен театар беше во лоша состојба, а во изминатите години се случуваше и да прокапе среде проба или претстава. Не беа ретки ситуациите кога публиката при влез во театарот ќе затекнеше кофи во фоајето кои собираат вода од прокапениот покрив.
Сега, конечно, овој проблем ќе се реши, вели за „360 степени“ директорката на Театарот, Симона Угриновска.
„Задоволни сме што конечно добивме и средства за да се санира покривот на театарот, знаете дека беше во лоша состојба, така што тие 1,2 милион денари што се одобрени за материјални трошоци се наменети за тоа“,
ни изјави Угриновска.
МНТ за годинава, според Годишната програмата на Министерството, добива поддршка за реализација на три претстави, од кои најмногу средства се издвоени за дуодрамата „Само глас“ на авторот Нина Плавањац во режија на Маријан Нечак, во износ од 1,5 милион денари. Другите две претстави се „Митре Стрелата во земјата на чудата“, на Зоран Спасов во режија на Јордан Симонов (671 илјада денари) и претставата „Магнолија“ со адаптација и режија на Васил Христов. „Магнолија“ е проект од минатата година, кој се префрла за реализација и во тековнава година, за што се префрлаат и 200 илјади денари.
Освен за претставите, за МНТ се доделени 340 илјади денари за театарската работилница со модераторство на Дејан Дуковски.
„Ние ги следевме препораките за аплицирање и се пријавивме со мали проекти кои вклучуваат помал број актери со оглед дека сè уште сме во ситуацијата од ризици од ковид-пандемијата. Не одевме со апликации за спектакуларни проекти кои сакавме да ги работиме, туку аплициравме со мали форми кои можеме веднаш да ги почнеме со работа и до мај да извадиме и две премиери“,
додава Угриновска.
(360 стѕепени – опремата е на Глобус)