Аудио визуелните мдиуми за ланските локални избори инкасирале 4,2 милиони евра! Печатените медиуми и оние што функционираарт он-лајн заработиле четири пати помалку
Телевизиите заработиле најмногу пари од рекламирањето на партиите за време на локалните избори кои се одржаа во октомври минатата година. Тоа го покажува најновиот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата. Или, од рекламирањето од политичките партии за локалните избори кои се одржаа лани во октомври, радиодифузерите заработиле 2.58,8 милиони денари, односно 4,21 милиони евра, покажува најновиот извештај на ДКСК.
За разлика од радиодифузерите, пак, каде што влегуваат 41 телевизија и 48 радиостаници, весниците и интернет медиумите добиле многу помалку пари. Односно, 10 печатени медиуми и дури 195 електронски медиуми и интернет портали, од партиите за локалните избори заработиле вкупно 57,5 милиони денари или 935 илјади евра, односно четири пати помалку од радиодифузерите.
Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ која беше предводена од СДСМ на локалните избори, за рекламирање по класичните медиуми дала вкупно 84,5 милиони денари, или 1,4 милион евра. Притоа, за радиодифузерите се дадени 76,3 милиони денари, додека, пак, за интернет порталите само 8,2 милиони денари.
ДУИ за рекламирање во класични медиуми потрошила 70 милиони денари, а од нив за телевизии и радија се дадени 56,3 милиони денари, додека, пак, за интернет портали биле дадени 13,8 милиони денари.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, пак, всушност дала најмногу пари за рекламирање, и тоа 87,8 милиони денари, односно 1,4 милиони евра. Од овие пари, 69 милиони денари отишле кај радиодифузерите, додека, пак, 18,9 милиони денари отишле кај онлајн медиумите.
Следуваат Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои за рекламирање кај класичните медиуми вложиле вкупно 56 милиони денари, односно за радиодифузери 42 милиони денари, а 14 за порталите.
Коалицијата „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП, дала за рекламирање пет милиони денари, од кои 4,5 милиони за телевизии и радија, а половина милион денари за интернет медиуми.
Нешто повеќе пари за класичните медиуми одвоиле Левица, односно вкупно 5,2 милиони денари, додека, пак, БЕСА одвоила за тоа 5,8 милиони денари. ДПА, пак, платила еден милион денари.
За рекламирање партиите плаќале и на социјалната мрежа Фејсбук, а ДКСК, врз основа на анализата на објавените реклами, ги утврдиле следниве состојби.
ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук за своите реклами му платиле близу 54 илјади евра, или попрецизно 53.998 евра.
Додека, пак, СДСМ, односно сите општински комитети, на Фејсбук му платиле двојно помалку, односно 24.676 евра, според резултатите на ДКСК.
Трета по ред според платените реклами на Фејсбук е Левица, со 13.292 евра, односно таа е и пред ДУИ, кои за оваа намена одвоиле 12.065 евра.
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски е петти по ред, со платени 6.435 евра платени на Фејсбук, а по него е партијата Интегра, кои одвоиле 4.431 евра.
Алијанса и Алтернатива издвоиле точно 4.404 евра за Фејсбук рекламирање, додека БЕСА платила 3.990 евра на социјалната мрежа.
Скопската градоначалничка Данела Арсовска, пак, за таа намена издвоила 3.265 евра за рекламирање на Фејсбук, која на изборите настапи како независна, но поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, а Единствена Македонија платиле 2.911 евра.
Коалицијата на либералдемократите и “домовците“, пак, издвоиле 1.846 евра за рекламирање на Фејсбук.
Извештајот на антикорупционерите практично, покажува дека телевизиите се уште доминираат со заработката од изборната пропаганда, но и дека партиите со своето платено политичко огласување се обидуваат да допрат до секоја возрасна популација што има право на глас. Од најстарите, кои се уште традиционално се пред ТВ екраните или со весник во рака, до оние најмладите кои не се одвојуваат од смартфоните и преку нив читаат и дознаваат секаква информација.