АНА ЧУПЕСКА
Согласно психопрофилрачките одредници на некои од политичките субјекти, може да утврдиме дека една „објаснувачка психо-рамка” би можела да ни послужи во олеснувањето на напорите да ги разбереме истите тие субјекти
Често,препознаваме само една нивна лавирачка содржина, имено, дека оперираат во светот на еден конзервиран регрес, независно од историските контексти, повици, и одговорности за неопходноста од движење напред.
Но токму тоа нивно инсистирање на непроменливост, статус-кво – воство, анти-реформизам, неолиберализам, и слични позиции, укажуваат на неопходност од една подлабока согледба. Па така, ако ја позајмиме од пихологијата толкувачката рамка за т.н. „темнa тријадa” на личноста која се состои од следниве карактеристи : макијавелизам, нарцисизам и психопатија; ми се чини дека полесно ќе се
справиме со стварноста (и општествената и политичката).
Уште повеќе, доколку ова темна тријада ја соочиме со нејзиниот антипод и сооднетниот негов посветол резон , или, „светлата тријада” на личноста : хуманизам, верба во човештвото, и кантизам. Ајде да се обидеме да ги воочиме полтичките нешта и од оваа
перспектива, и претставителните политички „персоналитети, секако.
Сакам да кажам, бидејќи и политичарите се „човеци”, но, сепак се едни „поспецифични човеци”, тие исто така може да застрадаат од темната тријада или пак да имаат светол тријаден аспект на своите личности.
Исто како и сите ние. Во случај кај нив да доминираат карактеристиките од темната тријада: макијавелизмот, нарцисоидноста и психопатијата, веројатно очигледна ќе е и нивната тенденција кон бесчувствителност, манипулативност, спремност на се за да го постигнат замисленото.
Со напумпаното гледиште за сами себе, или групата што божем ја
претсавуваат, не ретко се и бесрамни. Вакви поединци , и собрани во групи содржат однесувачки веројатности кон импулсивности, ризично однесување, криминалитет и секако спремност да извршат злосторства: без воопшто да имаат свест и сенс за тоа како нивните постапки влијаат на другите.
За точно идентификување на овие даркерски лични/па и колективни особини, сепак, треба да се постапува во клинички услови со лекарски соодветен протокол и ние како граѓани не можеме тоа да го правиме, т.е. немаме стручност да им го измериме нинарцизмот, ни психопатијата и ни макијавелизмот.
Едноставно, не сме лиценцирани за вакви оценки.
За што сме лиценцирани – тогаш ?
Иако не можеме со 100 процентна сигурност да знаме што се крие во овие „политички величини”, единствено што имаме на располагање е нашата лиценца за интелигенција, искуство и логички капацитет за разумно одлучување.
И овие наши резонанти, и дури како можат да ни доловат дали некои од политичките субјекти во обид ги поседуваат оние темните или светлите тријадни психокарактеристики. Иако може навидум тешко да се оцени темниот тријаден аспек без формална евалуација, сепак елементарен минимум е и проценката дали некој лаже/манипулира и за која цел го прави тоа?
Или, ако некој постојано лаже/манипулира, па и ако покажува изразен недостаток на емпатија (ксенофобија, шовинизам, напр) или, пак, ако ги малтретира другите за да ги постигне своите цели – веројатно дека е западнат во ендо психо-даркеајство – кои и фдури како може да рефлектира политички.
Кај некои политички персоналитети ова добива дури такви евидентно загрижувачки димензии, кои не би смееле да ги третираме на ниво на разонода.
Тие, со своите мрачни особини, кога се во “муд” на политички лов на гласови, со засилен интензитет ги обзнануваат ваквите свои особености. А во настојовањето и мобилизацијата на разновидните општествени групи да конгрегираат во хомоген политички идентитет, даркериве, се трудат и да го ексклузивираат „народот“ , што вклучува и сериозен дискурзивен процес кои ги артикулира и стимулира истите такви особини и кај другите/гласачите ( нарцисизам, макијавелизам и манипулација).
Све тоа кога ќе се залепи на едно политичко платно, е една голема кркатица, на се’ и сешто и е слика и прилика „ужаси постмодерне” : од антиваксерство, до вечна Mакедонија, смрт за ш..тари,
нато-зликовци и сл. Патем, тие фабрикуваат една популистича катакреза, преку најгнасни јазично дискурзивни манипулации, со кои како вешти измамници предизвикаат и силни/страотни емоции ( ќе не нема, нема да постоиме, ќе умре јазикот, државата, сите ќе умреме итд итд); Се разбира дека резулат од тоа може да биде и организирано насилство, од 24 декемри, до 27април, па се до бекатон протест, да не зборам за Вања!
Мора да има правда за неа.
Значи, лажат кога велат дека тука се за „заедничка политичка кауза”, или, за некаков си збир од политички барања. Тука се по основ на црната триадност. Тоа се гледа преку мобилизацијата на даркрерајтвото преку катакризата, која за нив е модус операнди ( ќе те истурам со црнила, ќе паднеш во егизтеннцијална криза, истовремено јас ќе те спасам ).
Од реланоста, ни трага ни глас, од вистината што подалеку.
Што да Ви кажам , мили мои.