„Лидер“ тврди дека со анкетата за задоволството од економијата политика во земјава германските инвеститори „и дале нула“ на Владата на Заев, но вотекстот не се објаснува како таа констатација се совпаѓа со големата отвореност на компаниите, да речеме кон нови инвестиции!
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
„Оценка нула за својата работа доби Владата од германските инвеститори во државата во анкетата што годинава во февруари ја спроведе Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (https://lider.com.mk/ekonomija/vladata-na-zaev-dobi-ocenka-nula-od-germanskite- investitori/?fbclid=IwAR0A2DIaWYjKUAHvmluGmZWg5b1_2Zblm2R4hI62sz7hH3onjv1grNgJ1KE). Во таа анкета ниту една од испитаните компании не рекла дека Владата работи добро“ – се вели во воведот на текстот што „Лидер“ во бројот од 27 март го пренесуваат изводот од традиционалната анкета која секој февруари ја прави споменатата Дирекција меѓу своите членки и се изнесува јавно секоја пролет.
Кога би била точна, оваа констатација би била и повеќе од сериозна – во оваа групација на стопанственици има 200 фирми со 20.000 вработени и тие прават промет од 3,65 миклијарди евра годишно. Но анкетата, која сите можат да ја видат и прочитаат, инаку богата со многу илустрации на сајтот на Делегацијата (www.mazedonien.ahk.de).
Најпрвин, анкетата не содржи поединечни изјави, туку оценки на стопанственици класирани по одредени групи, со своја оценка. Па така, во соопштението до јавноста, скусената верзија на анкетата уште во поднасловот стои дека „76% од инвеститорите повторно би инвестирате во Северна Македонија. Компаниите оптимисти очекуваат дека деловната 2019 ќе биде многу подобра од минатата година“. Веднаш потоа, во текстот, се констатира дека „економска ситуација во земјата во 2018 година 5% од компаниите ја оценија како добра, а 56% ја оценуваат како лоша, 39% како задоволителна. Компаниите се оптимисти во однос на очекувања во 2019 – 22% сметаат дека состојбите во стопанството ќе се подобрат (2018: 45%), 54% не очекуваат да има поголеми промени, 24% се песимисти и очекуваат да се влошат“.
Каква и да е генералната оценка, таа секако не е „нула“.
Јасно насловот треба да резултира и од другите парамаетри, На пример на прашањето како компаниите ја оценуваат ситуацијата од аспект на својата работа и онаа во браншата 61% од испитаниците се задоволни со моменталната состојба во сопствената компанија, 29% ја оценуваат како добра, само 10% ја оценуваат како лоша.
Во текстот се цитира и „Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско- Германското стопанско здружение кој истакнува дека „годината започна веќе со неколку нови инвестиции, а 76% од испитаните компании повторно би инвестирале во земјата!
Овие показатели сосема јасно покажуваат дека насловот е тенденциозен Или едноставно значи изнесување на лага. Уште повеќе што редакциите добија испечатен материјал што можеа самите да се уверат во резултатите на испитувањето на расположението на претставниците на 200 фирми.
Малку е веројатно дека ќе добиеме исправена слика во македонските медоиуми за овие оценки на бизнисмените, бидејќи, насловот и оценката која ја изнесе „Лидер“ беше експресно пренесена во многу други медиуми, пред се електронски (!).4
Локалните услови се оценети со полоши оценки за разлика од изминатата година. Тоа е “повик за будење“. Инвеститорите ги критикуваат следните фактори: корупцијата, неефикасноста на јавната администрација, правната несигурност, даночните оптеретувања и непредвидливоста на економската политика.
Анкетата за деловната клима ја одговорија 41 компанија кои работат во земјава. Во оваа анкета учествуваа компании од 20 земји во Југоисточна Европа, во однос на рангирањето на локалните услови Северна Македонија беше рангирана на 13-то место.
„Во изминатите неколку години земјата се истакна како “скриен шампион” во глобалната конкуренција за привлекување на странски инвестиции. Со цел да се задржи овој тренд, споменатите слабости мора да се подобрат“, заклучува Делегацијата на Германското стопанство во Македонија.