Фирма која добила тендер од Македонски пошти за хигиенскли услуги немала ниту еден вработен, остварила минимален платен промет а немала ниту средства за вршење на таква дејност

Денеска објавуваме нова бомба, нов скандал! – објавија од СДСМ во неделата на пладне. Во стартот н пресот беше речено дека дека истиот се поврзува повторно со милионски тендери. Фактите и доказите пристигнале до партијата од свиркачи преку платформата МИЦКО.мк. Ова се прифаќа како факт дека граѓаните се приклучуваат, заедно се води борбата против криминалот и корупцијата.
Се работи за фирмата БС Клининг увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер во вредност од 1,2 милиони евра од Пошта на Северна Македонија, се вели во соопштението од СДСМ, презентирана од Рената Младеновска од Извршниот одбор на СДСМ.
Договорот што е потоа склулчен е за чистење и одржување на хигиена.
Тоа е инаку фирма без работници, без претходно реализирани договори, без искуство.
Во моментот на аплицирање, оваа фирма не ги исполнувала основните услови наведени во тендерската документација. А кои се тие?
Немала минимум три претходни договори за хигиенско одржување, немала најмалку 50 вработени, не остварувала годишен приход од најмалку 100 уилјади евра во последните три години.
Па дури и немале техничка опрема. И покрај овие недостатоци, фирмата сепак била избрана.
Како?
Со тоа што во групната понуда се појавува подизведувачот „Серта“, компанија со долгогодишно искуство во областа на хигиената. Сомнително? – прашуваат од СДСМ.
Само дваесетина дена откако фирмата го добива милионскиот тендер од Пошти, на 24 ноември 2025 година, пред еден месец, нов сопственик на фирмата станува Сашо Петровски.
Како фирмата да била основана исклучиво за да го добие тендерот. Сопственикот се менува непосредно по изборот на тендерот- се констатира од оваа партија и се додава – но, извесен Сашо Петровски е советник од ЗНАМ во Општина Кисела Вода.
Дали е истото лице што мислите? Фирма поврзана со ЗНАМ.
АКТ продолжува со откривање на сите скандали, на сите криминални тендери за испумпување на парите на граѓаните.
По овој прес се јавува и штабот на партијата ЗНАМ. Се вели во контра-соопштението дека во однос на тендерската постапка на хигиеничарски услуги во ЈП Македонски пошти, сакаат да ја информираат јавноста дека Движењето ЗНАМ за наша Македонија нема никакво партиско-политичко влијание во ниту една ваква постапка. Се признава дека Сашо Петровски бил носител на советничката листа за општина Кисела Вода, но тој не е носител на каква било партиска функција. Во превод – бил искористен како како мамец за гласачите ама не стабнал советник во Општина Кисела Вода.
Од ЗНАМ додаваат дека истиот е приватен стопанственик кој долги години се занимава со бизнис за одржување на хигиеничарски услуги во приватниот сектор и во минатото имал сериозно професионално портфолио во оваа сфера во одржувањето на приватни компании, но и државни институции.
„Што се однесува до конкретниот случај, несакајќи да навлегуваме во материјална дискусија, доколку кој било надлежен орган утврди каков било конфликт на интерес, прекршување на постапката или прекршување на законите, ги повикуваме надлежните да постапат согласно законската норматива“. И се додава дека секој го има демократското право да води сопствен бизнис и да учествува на јавните конкурси. Но тие како Двиење се оградуваат од тој случај.
Инаку, Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ ја одбрало БС КЛИНИНГ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје како најповолен понудувач. Компанијата БС Клининг ќе заработи приход од 1.189.593 евра за две години со тоа што ќе се потпре на соработка со други „подизведувачи“ од каде што ќе доаѓаат хигиеничарите.
Според еден медиум кој го следи бизнисот во првата година од своето работење, БС Клининг остварил приходи од само 74.300 денари, расходите и биле 19.401 денар, а прикажаната нето-добивка е 54.156 денари. Фирмата немала вработени во 2024.
Во меѓувреме од АД Пошта, согласно планот за 2025 година, била предвидена оваа јавна набавка која завршила со избор на најповолна, а тоа била понудата на група на понудувачи чиј носител е БС Клининг ДООЕЛ Скопје.
Порталот „Фактор“ веќе направи обид да дојде во контакт со Петровски, а доколку успее во тоа, ќе го објавиме и гледиштето на новоизбраниот советник од Кисела Вода во наредниот период како дополнување на информацијата.




