Очевидно дека Мицковски и дружината бараат причина за влошување на односите за да дадат простор на своите коалициони парнери да ги измамат своите гласачи!
Политичките тензии меѓу Скопје и Софија повторно се интензивираат. Обидите за повторно преговарање на веќе преземените меѓународни обврски може да доведат само до дополнително дистанцирање од почетокот на преговорите за членство во ЕУ, порачаа од бугарското МНР по изјавата на премиерот Мицкоски дека во Бугарија има техничка влада со која не треба сега да се преговара.
Од бугарското МНР велат дека Софија останува отворена за дијалог, но потенцираат тој дијалог не вклучува репреговарање на веќе преземените обврски од Скопје.
– Изјавата на премиерот на Република Северна Македонија, за жал, уште еднаш отворено ја доведува во прашање европската перспектива на неговата земја. На властите во Скопје треба да им биде јасно дека обидите за покренување идеи за повторно преговарање на веќе преземените меѓународни обврски може да доведат само до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ. – велат од МНР на Република Бугарија.
Николовски, кој порано беше претседател со Националниот совет за евроинтеграции, изјавата ја даде откако МНР на Бугарија вчера излезе со реакција на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека преговарачката рамка со ЕУ, односно францускиот предлог, може да биде дополнет, односно репреговаран, на што од Софија стигна порака дека такво нешто нема да се случи ниту со техничка ниту со политичка влада во Бугарија.
„Секогаш кога во Бугарија ќе дојдат избори се злоупотребува темата Македонија. Не знам сега, не сум сигурен кога им се изборите, затоа што до толку се нефункционални што не можат ни избори да закажат. Ова им е седма или осма техничка влада, веќе не можат луѓе да најдат за во техничката влада. Такашто нека си ги средат прво дома работите,нека изберат политичка влада и ќе седнеме и зборуваме со политичката влада. Немам намера да одговарам на луѓе кои што ловат политички поени, а кои што се политички маргиналци во моментов во Бугарија, затоа што се претставници на влада којашто нема легитимитет од никого“, изјави Николовски.
Се добива веќе слика за планот ан Мицковски – како да ја спасува Владата кога гласачите на ВЛЕН ќе започна да се бунат зошто доцнат судбоносно преговорите со ЕУ. Па ете, Софија „ја навредува“ македонската страна…