Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТЕРЕЗА МЕЈ ВО МЕНГЕМЕ

September 22, 2018 Filed Under: Свет

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Британската премиерка бара некаков мек договор за раскинување со ЕУ. Тоа не го сакаат ниту во Брисел а ниту нејзините „тврди“ сопартијци

ЗАМИНУВААТ Фирмата Водафион е втор најголем оператор на мобилна телефоинија и се мискли да се пресели во Дуизбург

Британската премиерка ги предупреди застапниците на т.н. тврд Брегзит во нејзината партија од нерегулирано излегување од Европската унија: или ќе ќе биде нејзиниот договор за Брегзит – или нема да има договор.

Тереза Меј ги повика своите противници во Конзервативната партија да го поддржат својот т.н. „Чекерс“- план за излез на Велика Британија на ЕУ. Не постои друга остварлива опција од договорот што таа го планира, изјави премиерката на Би-Би-Си. „Мислам дека алтернативата ќе биде да немаме договор”.

Меј е под притисок бидејќи преговорите со ЕУ околу излегувањето на Велика Британија, планирано за крајот на март 2019 година, се во застој. Покрај тоа, таа поради нејзината стратегија за Брегзит долго време се наоѓа во вкрстен оган во нејзината конзервативна партија. Таа сака да оствари зона на слободна трговија со ЕУ и да задржи дел од заедничката регулатива. Од друга страна, многу поддржувачи на Брегзит се залагаат за јасен прекин и се закануваат дека ќе остават да пропадне евентуалниот договор кој би го постигнала премиерката.

ОПУШТЕНО Тереза Меј делува опуштено ама само ако е што подалеку од дома – во посета на ЈАР

Едно од главните спорно прашања е како би требало да функционира разделбата од единствениот пазар на ЕУ без граница меѓу британската провинција Северна Ирска и Република Ирска која е членка на ЕУ, и како во иднина таму би требало да биде контролиран стоковиот промет. Според извештајот во весникот „Тајмс”, преговарачот на ЕУ, Мишел Барние, работи на нов предлог за компромис. Тоа подразбира употреба на специфична технологија за минимизирање на граничните контроли.

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека „нема да биде крај на светот“ доколку Лондон и Европската унија не постигнат договор за условите за излегувањето на Велика Британија од Унијата.

Министерот за финансии на Велика Британија, Филип Хемонд минатата недела истакна дека британските финансии би претрпеле штета доколку земјата истапи од ЕУ без постигнат договор со Брисел. Тереза Меј за време на патувањето во Јужноафриканската Република истакна дека прогнозите на кои укажува Хемонд се застарени.

На тие бројки сѐ уште се работеше во тоа време, истакна Меј и го повтори коментарот на претседателот на Светската трговска организација дека излегувањето на Обединетото кралство од ЕУ без договор „не би било прошетка во парк, но ни крај на светот“.

ПОВТОРУВАЊЕ Блер бара нов референдум а не е осамен

Британската премиерка се надева дека со Брисел ќе биде постигнат договор поволен за бизнисот и за трговијата. Во редовите на нејзината партија постои струја која се залага за раскинување на сите врски со ЕУ, односно за таканаречен тврд Брегзит, како и онаа на која ѝ припаѓа министерот Хемонд, која сака да бидат задржани блиски врски со Унијата. Меј уште еднаш повтори дека за Велика Британија е подобро да излезе од ЕУ без договор, отколку со лош договор.

Британската политика сѐ повеќе се заглавува во борбата  околу модалитетите на напуштање на Европскта унија. Како тврдокорните застапници на Брегзит така и проевропските пратеници тврдат дека го знаат најдобриот пат за излез од Унијата.

Второ гласање за Брегзит како излез?

Во дискусијата се вклучи и поранешниот британски премиер Тони Блер. Тој во втор референдум за Брегзит го гледа единствениот излез од заплетканата внатрешно-политичка ситуација. Сегашната политичка ситуација е „тотален хаос” и може да се реши само со втор референдум за излез на Велика Британија од ЕУ, рече Блер во интервју за новинската агенција Франс Прес.

БРЕЈКЗОВЦИ Има разлики и меѓу нив

Тој истакна дека сочувствува со конзервативната премиерка Тереза Меј. Таа е на функцијата во западната политика за која најмалку може да ѝ се завидува, рече Блер. Стратегијата на Меј да се стреми кон блиски врски со ЕУ по Брегзит е план кој никого не го задоволува. Покрај тоа, партнерите во преговорите во Брисел веројатно нема да го прифатат, рече Блер, кој ја предводеше британската влада од 1997 до 2007 година како лидер на левоориентираната Лабуристичка партија во Лондон.

Поранешната министерка за образование, Џастин Грининг, веќе предложи втор референдум за Брегзит во Долниот дом на британскиот парламент со цел да се излезе од заплетканата ситуација.

 

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Свет

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet