Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТЕТОВО: КОРОНА ВИРУС КАКО СВАДБЕН ПОДАРОК!

August 11, 2021 Filed Under: Македонија

Заразени младоженци направиле свадба, дел од гостите на кислородна поддршка

СВАДБА Колку пати младенците се ислажале себе си и другите присутни?

Младоженци од Тетово направиле свадба иако двајцата, како и нивните семејства, биле позитивни на брзите ковид тестови. Ова го раскажуваат тетовски лекари кои и онака имаат работа преку глава, бидејќи овој град стана централна точка на – така да се здеме – масовните заболувања од ковид-10.

Лекарот Илчо Ефкоски во Фејсбук статус пишува дека зетот и невестата дошле да примат инфузии за да се освежат пред свадбата. Од дома се напиле парацетамол и не му пријавиле на докторот дека имаат температура.

Дома направиле брзи ковид тестови, кои покажале дека сите во семејството се позитивни, ама не им поверувале на тестовите дека се точни. Впочем, тестовите самите си ги купиле во аптека.„Не можам да верувам дека – зетот и невестата дошле да примат инфузии да се освежат пред свадба, испиле парацетамол од дома, не пријавиле на доктор дека воопшто имаат температура, свадба цела си истерале со сите салтанати. Направиле дома брзи тестови, позитивни цела фамилија, ама не биле точни тие од аптека сами ги купиле и ниеден не проверил ПЦР. Да не биде ова доволно, братот со фамилијата дел од позитивните, после свадба веднаш заминале на одмор во хотел во Албанија. Немаше ништо да дознаеме, зетот да не заврши на инфективно одделение со пневмонија. Сега се чекаат следните за хоспитализација, веќе доста се позитивни од таа свадба. Иако многу вакви поединци не се сметаат себеси за антиваксери, нивната неактивност е одлука да не се заштитат себеси или своите семејства, но и останатите во заедницата, државата, пошироко. Преку неактивност ќе дозволат пак да се исполнат болнички кревети, да дозволат да просперираат нови варијанти, како и директно да ги загрозат здравствените работници, хронично болните или имуносупресирани луѓе околу нив. Поради вашата неактивност, вработените во здравството пак да го преживуваме хоророт? Не е фер, ама ич не е фер.

РОМАНТИКА Болни, младоженците со дел од сватовите заминале и о Албанија на море

Особено што вакцините се безбедни! Ова ви е гарантирано од сите! Само мал процент не смее да ги прими. И да, вакцините можеби нема да ги спасат сите луѓе на планетата од Ковид-19, но ќе спасат многу. Секако ќе намалат потреба од медицинска грижа и нега на болни лица по болниците. Можеби не се “ФФП3”, но секако се “трослојна маска”. И таа намалува ризик во одредени ситуации“, пишува тој.

Додава дека вакцините не се лек за пандемијата, но тие сепак се дополнителна заштитна алатка.

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet