Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТЕШКО Е ДА СЕ РАЗГОВАРА СО СТРАНА КОЈА СЕ УШТЕ МИСЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ПЛОД НА КОМИНТЕРНА

May 19, 2020 Filed Under: Македонија

Изјавите со негирање на македонскиот јазик и историја кои последните денови доаѓаат од официјални бугарски претставници не е ништо друго освен класично политичко уценување, кое не се потпира на научни факти велат дел од историчарите.

МИКИ ТРАЈКОВСКИ

OБОСТРАНО Сметам дека најлесниот пат е ако едни на други си признаеме постоење или индивидуалитет, вели историчарката Наташа Котлар

Последните изјави кои доаѓаат од соседна Бугарија и нивни официјални претставници, дека македонскиот јазик е создаден врз бугарски дијалект или пак дека Северна Македонија со фалсификување на историјата не може да се надева на членство во ЕУ, е класично политичко условување кое не се потпира на научна методологија вели професорот, Ванчо Ѓорѓиев. Тој е член и на македонско-бугарската комисија за историски, образовни и културни прашања.

„Преку оваа комисија која беше насочена кон постигнување на некаков компромис и релаксирање на односите меѓу двете земји, очигледно е дека источната страна настојува да наметне свои политички терк на работата и веројатно има некаква политичка агенда за тоа. Апсурдот овде е во тоа што тие кои обвинуваат дека Македонија и македонската страна имаат фалсификувана историја и дека крадат историја, всушност преку работата на оваа комисија настојуваат да тушираат дел од својата историја, сакајки да се заборави она што било историска реалност“, вели Ванчо Ѓорѓиев, член на македонско-бугарска комисија за историски прашања.

Ѓорѓиев додава дека тешко е да се разговара за минатото со некој кој не ја гледа сегашноста.

Професорката Наташа Котлар смета дека Македонија треба да изгради цврста надворешна политика во однос на прашањата со Бугарија, односно да знае до каде може да оди.

„Треба да знае до каде се нејзините гранични меѓи, што може да преговара и што неможе да преговара. Мислам дека во моментот, таа настапува премногу одбранбено и премногу се повлекува. Сметам дека најлесниот пат е ако едни на други си признаеме постоење или индивидуалитет“, коментира Наташа Котлар, историчарка.

OБОСТРАНО Сметам дека најлесниот пат е ако едни на други си признаеме постоење или индивидуалитет, вели историчарката Наташа Котлар

Сепак, се чини дека најтешкото прашање за решение – е Гоце Делчев, за кој професорот Ѓорѓиев вели дека не е единствениот проблем кој постои меѓу двете страни, но оти акцентот е врз него, затоа што го има централното место во борбата за создавање на автономна македонска држава.

„Имајки ги во предвид нивните согледувања како тие гледаат на ова прашање, тој треба да послужи како мост и да се премости јазот во бугарската историографија, бидејќи нивната приказна е дека до 1944 година сме еден народ, а потоа сме создадени од коминтерната од Тито и од комунизмот. Од друга страна, кога станува збор за наметнати чевствувања бидејки тоа е идеја и предлог од бугарска страна за Гоце Делчев, мора да се има во предвид дека македонските историчари нема да прифатат политичко решение“, коментира Ванчо Ѓорѓиев, член на македонско-бугарска комисија за историски прашања.

Ставот на Ѓорѓиев како член на заедничката комисија е дека има прашања за кои може да се разговара, но не во смисла некој да прифати нечиј историски наратив, туку да се најдат одредени допирни точки кои би биле симбол кон приближување на двата народи. Сепак смета дека ќе биде потребно уште долго време да се дојде до некакво решение.

(VOA)

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet