Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТИЕ ДОБИЈА НЕ САМО БИТКА, ТУКУ И ВОЈНА ЗА ОСКАРОТ

March 18, 2026 Filed Under: Ревија

Големата победа на филмот „Една битка по друга“. Од доделувањето на највисоката филмска награда беа испратени значајни политички пораки!

ДОБИТНИЦИ Екипата на филмот „Една битка по друга“ која доби награда за најдобро дело

„Една битка по друга“ (One Battle After Another), во кој глуми Леонардо Дикаприо, ја освои наградата за најдобар филм на 98-то доделување на наградите „Оскар“. Акциониот трилер освои вкупно шест Оскари, од кои три му припаднаа на режисерот и сценарист Пол Томас Андерсон.

Иако имаше вкупно 16 номинации (!), филмот „Грешници“ (Sinners) ја заврши вечерта со „само“ четири Оскари, од кои еден му припадна на Мајкл Б. Џордан за најдобар актер.

Џеси Бакли ја освои наградата за најдобра актерка за „Хамнет“, станувајќи првата ирска актерка што ја освои најпрестижната награда на филмот.

Ветеранот актер Шон Пен го освои Оскарот за најдобра споредна машка улога за неговата изведба на непредвидливиот негативец полковник Локџо во „One Battle After Another“.

Пен не беше на церемонијата на доделување на златната статуа. Па и тоа е веројатно политичка порака!

Ејми Мадиган, која првпат беше номинирана за Оскар пред 40 години, ја однесе наградата за најдобра споредна женска улога за нејзината улога како застрашувачката тетка Гледис во хорор филмот „Оружје“.

Отум Дуралд Аркапо е првата жена што го освои Оскарот за најдобра камера.

Филмовите „Пејачите“ и „Двајца луѓе разменуваат плунка“ го поделија Оскарот за најдобар краток игран филм, што се случи по шести пат во речиси вековна историја на церемонијата.

Касандра Кулукундис го освои својот прв Оскар за најдобра женска улога за „Една битка по друга“, а „Аватар: Оган и пепел“ го освои Оскарот за најдобри визуелни ефекти.

Ова беше вројатно најисполитизараното доделување на оваа награда во историјата, се разбира пред се заради жестокото антивоено расположение на уметниците од Холивуд!

Хавиер Бардем се појави 98-тото доделување на Оскарите носејќи беџ што последен пат го употреби пред повеќе од две децении, како протест против војната на Блискиот Исток.

Актерот првпат го носеше беџот „No a la Guerra“ („Не за војна“) во 2003 година на Goya Awards, кратко по инвазијата на Ирак во 2003 година. Во тоа време, со овој симбол тој изрази противење на војната што ја започнаа Соединетите Држави во Ирак.

АКТЕРИ СО ТРОФЕЈ Џеси Бекли за настапот во „Хамлет“ и Мајкл Џордан за главниот лик во „Грешници“

Годинава Бардем го донесе истиот беџ на Оскарите, користејќи го за да протестира против тековната војна во која е вклучен Иран.

„Носам беџ што го користев во 2003 година за време на војната во Ирак, што беше нелегална војна“, им рече Бардем на новинарите на црвениот тепих. „И ние сме тука, 23 години подоцна, со уште една нелегална војна, создадена од Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху со уште една лага“.

Бардем, кој подолго време е гласен поддржувач на Палестинците и критичар на израелската војна, на реверот од својот смокинг носеше и беџ во поддршка на Палестина.

На беџот имаше цртеж од Хандала – лик создаден во 1969 година од палестинскиот новински карикатурист Naji al-Ali. Хандала е десетгодишно момче кое не може да порасне сè додека не му биде дозволено да се врати во својата татковина.

Додека ја доделуваше наградата за најдобар странски филм од неанглчиско јазично подрачје (Sentimental value) Бардем изјави „Не за војна и слободна Палестина.“

Гестот на Бардем беше една од неколкуте јасни политички пораки на церемонијата на Оскарите, која се одржа во момент кога се води нова војна на Блискиот Исток, но и во услови на низа политички контроверзии што доаѓаат од Вашингтон. За време на својот втор претседателски мандат, Трамп раководи со администрација обележана пред сè со силно и директно спроведување на неговата политичка агенда.

(BBC – frontline)

 

Filed Under: Ревија

ТИЕ ДОБИЈА НЕ САМО БИТКА, ТУКУ И ВОЈНА ЗА ОСКАРОТ
ФАТМИР БИТИЌИ ЗА НОВИОТ ЦЕНОВЕН УДАР И МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА: НАМАЛЕТО ГО ЛУКСУЗОТ И ЌЕ ДОЈДЕМЕ ДО МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА
ДВЕ МАРИИ, ТРИ АНИ, ТРИ МАРИИ … КАКО ДЕЛ ОД НАСЛЕДСТВОТО НА СЛАВКО ЈАНЕВСКИ
НАЈНЕПОПУЛАРНАТА ВОЈНА ВО САД

Најново

  • ТИЕ ДОБИЈА НЕ САМО БИТКА, ТУКУ И ВОЈНА ЗА ОСКАРОТ
  • ФАТМИР БИТИЌИ ЗА НОВИОТ ЦЕНОВЕН УДАР И МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
  • ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА: НАМАЛЕТО ГО ЛУКСУЗОТ И ЌЕ ДОЈДЕМЕ ДО МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet