По покана од Здружението на мали семејни винарии, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски го посети тиквешкиот регион запознавајки се со поголем број на семејни и бутик винарии кои започнуваат да градат винска туристичка понуда
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо
Јаневски истакна дека винскиот туризам треба да биде носител на туристичката понуда во тиквешкиот регион преку преставување и промовирање на голем број семејни винарии со специфични традиционални и автентични сорти на вина и нивно туристичка понуда на поширок круг на посетители. Состојбата со пандемијата и влијанието на кампањата #домасиедома мотивира голем број на домашни туристи да ја запознаат својата земја, овозможувајќи руралните и еко -туристичките дестинации со својата понуда да бидат многу успешни.
Одличната местоположба и близината со патниот правец Е75 отвора можности за посета на поголем број на регионални и транзит туристи кои треба многу поконкретно да се запознаат со винската култура и гастрономијата, нудејќи префинет еногастро концепт кој треба да прерасне во бренд кој ќе мотивира се поголем број на туристи да бидат присутни во тиквешкиот регион.
На состанокот се потенцира потребата од градење на капацитетите преку поактивно учество во искористување на меѓуграничната соработка и можноста оваа година преку ИПАРД создавање на нови туристички содржини и зајакнување на сместувачките капацитети. Преку соработка со општината и кластерот на мали семејни винарии се подготвува промовирањето на тиквешкиот регион на српскиот пазар во почетокот на април 2021 година, зголемување на промоцијата и учество во кампањата #домасиедома
Ако во зимскиот период странските посетители се маѓепсани од убавините на Шара, Маврово и Пелистер, додека во летните месеци, прекрасниот Охрид привлекува илјадници туристи оде целиот свет, есента во Македонија е дефинитивно сезона на виното.
Ретко познат и помалку подзаборавен факт е дека на територијата на денешна Македонија се произведува висококласно вино уште од античко доба, кога провинцијата Македонија претставува главен центар за производство на грозје и вино во Римската Империја. Таа улога на Македонија не е намалена и во нашата помодерна историја кога виното произведено во малата Македонија зафаќаше речиси 60% од вкупното производство на вино во бивша Југославија. Ова се факти кои говорат не само за богатата традиција на правење вино во нашата земја туку и за се’ уште недоволно искористениот потенцијал за вински туризам во Македонија.
Според генералниот директор на винарската визба, Тиквеш, бројот на вински туристи минатата година е зголемен за 15%. „Винскиот туризам е во сам зародиш, тој пазарен сегмент со инвестициите на Тиквеш и другите винарии во винскиот туризам кои следат. Следната година сериозно ќе придонесеме за диференцирање на Македонија на светската туристичка мапа и нашата мисија е Македонија за 5 години да стане позната дестинација
Со околу 24,000 хектари лозови насади и производство од преку 100 милиони литри годишно, Македонија е 25-иот најголем светски производител на вино што е импресивно достигнување, имајќи ја предвид големината на земјата (145-та во светот по големина на територија). Најголем дел од производството (околу 80%) доаѓа од винскиот регион Повардарие, што впрочем може да се види по самите винарии кои потекнуваат од овој крај.