Овие августовски денови во судницата во Кривилниот суд слушаме дека во 2011 година во Америка само 30-тина луѓе биле подготвени да гласаат на парламентарните избори. За предметот „Титаник“, СЈО има поднесено 5.910 материјални докази и предложено 191 сведок
Феријата заврши и сите оние кои секојдневно ги следеа процесите кои ги иницираше Специјалното јавно обвинителство нема повеќе да мислат на плажи и пешкири. Сега се тие пред зградата на Кривичниот суд, заедно со обвинетите, политичарите од топ лигата на претходната власт и судиите. Последниве веќе ги одбија барањата на адвокатите и на обвинетите во предметот „Титаник“ за опструкција на снимените разговори, т.н. Бомбите на Заев односно да се утврдува кога и како биле добиени разговорите, да се утврди автентичноста на ауио доказите, како докази, како и тоа, нивното изведување да биде затворено за јавноста.
Судот имено соопшти дека во конкретниов случај јавниот интерес е над приватниот, а го прифати ставот на обвинителката Лиле Стефанова дека за бомбите како доказ веќе се изјаснил и Апелациониот суд во претходна фаза на оваа постапка и ги дозволил како дока врз кој може да се заснова пресуда.
По ваквите решенија, во судницата почна слушањето на неколку од 1.000 снимени разговори, со кои СЈО ќе го докажува „злосторничкото здружување во ВМРО ДПМНЕ“.
Се работи за разговори снимени во април и мај 2011, непосредно пред парламентарните избори. Најголем дел разговори се помеѓу Миле Јанакиески и Мартин Протоѓер. По малку изненадувачки, посебно за првиот, бидејќи излегува дека биле клучните наредвбодатели односно извршители на волјата и стратегијата на врвот на Фамилијата. Во она што се слушна овие августовски денови, според колегите кои се поупатени, се работи за непознати материјали до сега, Протогер е тој кој издава наредби а ексминистерот за транспорт и врски кој треба да биде подготвен „да оди пешки“ во нивното извршување. Додуша тоа раздвижување не е мало – Јанакиевски би требало да оди далеку и да ја тера дијаспората во Европа, Америка и Австралија да се пријави и да гласа за пратеници, бидејќи тие преку океаните не се многу волни да излезат да гласаат.
Присутните во судницата слушале низ 15 прислушкувани разговори како Мартин Протоѓер му дава задолжение на Миле Јанакиевски да ги присили амбасадорите и конзулите во Америка и Австралија да одат „од врата на врата“„ и да лобираат македонските исселеници да се пријават, да отворат кол центри во конзулатите и амбасадите и по три пати на ден да им вртат на иселениците, по систем на хиерархија, да стават по двајца луѓе во секое македонско друштво, да им вртат од штабови за да се достигне бројката од 1.000 пријавени за гласање, бидејќи тогаш, според разговорот, во Америка имало пријавени само 30 луѓе заинтересирани за гласање.
Курирот Миле требал да обезбедува по 70 сигурни гласачи на ден за да се добие минималниот скор.
Интересен е вториот разговор, меѓу Миле и Мартин околу продолжување на рокот на партискиот оглас за пријавување кандидати, на што Јанакиески реагира дека тоа е невозможно, бидејќи, звршува рокот за пријавување во ДИК. На ова, Протуѓер реагира: „Миле, после избори задолжително да одиш на тест за интелегенција“ – вели Мартин, откако сфаќа дека Јанакиески направил збрки со датумите.
Од разговорите се слушало дека многу им е важен Лондон, па бараат луѓе што имаат „лондонска виза“ за да ги испратат кај исселениците, а исто така и Америка и Канада, каде што од Брисел ја испраќаат Васе Тренеска во Торонто.
Се зборува и за пари кои треба да се подигнат од партијата за да се покријат или рефундираат парите за трошок на луѓето што ги испраќаат во странство.
По почнување на разговорите во судница реагирал Илија Димовски, кој барал одговор дали покрај што е должен да присуствува на судењето, должен е да ги слуша и телефонските разговори. судот му објасни дека мора да седи бидејќи е обвинет.
На барање на адвокатите, обвинителката овој пат не читала помеѓу кого се води разговорот, туку само бројот под кој е заведен доказот.
Инаку Специјалното јавно обвинителство побара во седум од 1.063 „бомби“ поради приватни разговори да биде исклучена јавноста.
Обвинетите поранешни министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески изјавија дека им биле нарушени човековите права со тоа што со години биле незаконски прислушувани.
-Да се утврди автентичноста на прислушуваните разговори пред да бидат репродуцирани во судница оти и на мене и на Миле грубо ни се прекршени човековите права. Би биле доведени во ситуација судот да донесе неправилна одлука од нешто што произлегува од најгрубо кршење на човековите права, со тоа што биле прислушувани нашите разговори со години без судска наредба“, рекла Јанкулоска.
Јанакиески рекол дека тој и Јанкуловска се обратиле до Народниот правобранител оти не добиле од СЈО информација кога и како биле прислушувани и со цел да ги остварат своите права како граѓани на Република Македонија.
– Не само што незаконски сум бил следен со години, туку не е сигурна ни автентичноста на тие разговори“, рекол Јанакиески.
Судот го одби барањето на одбраната.
Куриозитет во судењето е фактот дека рочиштата за „Титаник“ ќе бидат пркеинувани заради мајчинските обврски на поранешната министерка Гордана Јанкуловска. Така судењата ќе се одржуваат во периодот од 10 до 12 часот, по што ќе следи пауза од еден час, потоа од 13 до 15 часот ќе има пауза од еден час и потоа се продолжува од 16 до 18 часот.
За предметот „Титаник“, СЈО има поднесено 5.910 материјални докази и предложено 191 сведок.
Да се потсетиме дека обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.