Случајот „Титаник 1“ започна со воведно излагање на адвокат на одбраната Наков. „Титаник 2“ треба да тргне во вторник, денес, а судење за „Титаник 3“ е уште не е закажано. Се суди за организирано мамење на избори
Повеќе од 1.000 прислушувани разговори ќе се користат како доказ на судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, одлучи Апелацискиот суд во Скопје во декември лани и така се отворија големите порти за овој случај, кој е еден од централните во кои и се суди на поранешната власт.
Одлуката на Апелацискиот суд слeди по вчерашната јавна седница во судот, на која се расправаше по жалбата на СЈО на решението на Кривичниот суд од 20 октомври, со кое прислушуваните разговоти, т.н. „бомби“, беа издвоени од доказниот материјал за овој случај.
Поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, обвинети во случајот, на седницата рекоа дека се жртви на прислушувањето и побараа „бомбите“ да не се користат како доказ, бидејќи ќе се создаде правна несигурност.
Случајот „Титаник“ се однесува на изборни нерегуларности и во него, покрај Јанкулоска и Јанакиески, обвинети се и поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешниот генерален секретар на владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, и уште петнаесетина други лица.
Известувачите кои беа во Кривичниот суд во понеделникот, 21 мај, пренесоа дека злосторничкото здружување во вакви големи обвинителни акти како обвинението за „Титаник“ е исклучително тешко да се докаже. Ова беа зборови на одбраната кои истакнаа во своето излагање дека ќе докажат дека поистоветувањето на политички и државни структури со злосторничко здружување е незаконито и не произлегува од правната пракса и теорија. Ова е дел од воведниот говор на адвокатот Дончо Наков кој е бранител на дел од обвинетите во случајот „Титаник“.
На денешното рочиште во новиот суд дојдоа сите 21 обвинет во случајот меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, Гордана Јанкулоска Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.
Според Наков, не може Груевски, Протуѓер, Јанкулоска, Јанакиески, Божиновски два пати да одговараат и како извршители и како наводни поттикнувачи
Во овој случај обвинетите поранешни функционери се товарат за изборни нерегуларности.
-Моето искуство како бранител, а врзано за Основниот суд Скопје 1 говори дека низ праксата се покажа дека големината на обвинителните акти и наводното злосторничко здружување е исклучително тешко за докажување, посебно ако се има предвид широкиот временски период, рече адвокатот Дончо Наков во воведените зборови за првиот случај на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Титаник“ кој се однесува на изборни измами и финансирање на изборните кампањи на изборите во 2011, 2013 и 2014 година.
Тој уште рече дека наводниот мотив не произлегува од судската пракса и побара примена на Европското право кое што со измената на Законот за судови доби обврзувачка примена.
-Оваа позиција како нишка ги поврзува сите обвинети поединечно. Ќе докажеме дека таа нишка се прекинува, фактички и не постои, односно обвинетите поединечно немале умисла да остварат вакво дело. Ниту времето, ниту местото на извршување на поединците, се дадени согласно законот. Исто така, за една работа за едно дејствие некој два пати да одговара – како потикнувач и извршител, е неможно. Ова се однесува на обвинетите Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Мартин Протугер и Кирил Божиновски, рече Наков.
Адвокатот Димитар Дангов во воведното обраќање пред судот побара ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски како и за уште тројца обвинети меѓу кои и за градоначалникот на општина Пустец и претседател на политичка партија на Македонците во Албанија, Едмонд Темелко.
Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.
Malku e познато дека случајот „Титаник“ има и две други продолженија, „Титаник 2“ и „Титаник 3“ исто така поврзани со изборни нерегуларности.
Во „Титаник 2“ обвинети се поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи како и поранешните членови на Државната изборна комисија (ДИК) Бедредин Ибраими, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска. Мијалков е обвинет за Примање награда за противзаконито влијание а останатите четворица за Злоупотреба на службената положба.
Според СЈО, Мијалков го поттикнал Тачи, кој му наложил на претставникот на ДПА во ДИК Бедредин Ибраими да ја искористи својата службена положба и овлатување и да гласа „ЗА“ уважување на приговорот поднесен од листа на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за избор на градоначалник на Општина Струмица на едно избирачко место на локалните избори во 2013 година. Како што тврдат од Специјалното обвинителство, противправното дејствувале и тогашните членови на ДИК обвинетите Бедредин Ибраими, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска кои, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, иако биле свесни дека нема законски основ, донеле незаконско решение со кое незаконски е поништено гласањето на едно избирачкото место во Општина Струмица.
„Конкретно, обвинетиот Сашо Мијалков, воден од сопствениот идеал за еднопартиски систем, во кој што политичките противници не претставуваат конкуренција туку непријател кој што треба да се елиминира од политичката сцена, во координација со Мендух Тачи кој што ја злоупотребува сопствената политичка и партиска моќ успеаваат на недемократски начин да ја згазат демократијата.
На крајот резултатот од тргувањето со политичкото влијание и безпоштедното полтронство доведуваат до состојба во која што кандидатот Васил Пишев опстојува во политичката битка и повторно се организира прегласување каде што се трошат буџетски пари како последица на незаконита одлука на Државната изборна Комисија. Она на што треба да се посвети поголемо внимание е мотивот за сторување на ова кривично дело од страна на обвинетите, пред се’ на Сашо Мијалков. Тоа е мотив кој што се базира на чувство на сопствената политичка недопирливост и имуност на политички пораз“, пишува меѓу другото во воведните зборови на СЈО за овој случај што обвинителството денеска ги објави на својата официјална страница.
Во „Титаник 3“ пак, СЈО ги гони Исмет Гури и Ејуп Аљими за „уништување на изборен материјал.“
„Виновни се затоа што со сопствени дејствија, а и служејќи се со дејствијата на сведоците, со преправање, односно додавање и одземање на повеќе гласови, го уништиле изборниот материјал, односно списите кои што служат за изборите и гласањето и тоа, записници за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласање од избирачки одбори за 13 избирачки места за избор на градоначалник на општина Чаир од прв изборен круг, при одржување на локалните избори во 2013 година, на начин што материјалот станал неупотреблив“ пишува во воведниот говор на ова обвинителство што исто така беше објавен денеска на неговата официјална веб страница.
Во јуни минатата година, обвинетиот Ејуп Алими во писмена изјава до медиумите изјави дека ќе соработува со органите на правдата за да се докаже вистината во врска со покренатите обвиненија.
„Убеден сум дека ова обвинение за кое дознав од медиумите нема никаква основа, но мислам дека независноста на оваа институција е најдобар начин да се докаже вината или невиноста на секој човек. Останувам во служба на правдата. Во меѓувреме очекувам да се почитува презумпцијата на невиност, додека тоа не се потврди во судска постапка“, изјави Алими.
Случајот „Титаник“ е во тек, рочиште за „Титаник 2“ е закажано за вторник а датумот за почеток на судењето за „Титаник 3“дополнително ќе биде одреден.
(користени извештаи на повеќе медиуми)