БИЉАНА СЕКУЛОВСКА
Колкава е таа тежина што Мицковски ја носи во себе со леснотија, се додека не ни ја префрли нам, да не натовари, не згрбавува, не снеможува таа тежина што одамна ни е смачена и неиздржлива. Борбата на овој човек, на Мицковски, не е лесна, особено што сиот овој период тој останува осамен борец за некогаш и да биде прифатен како вистински, автентичен лидер на ВМРО-ДПМНЕ
Конечно, и Венко Филипче се налути. Неговото обраќање кон јавноста на Твитер е само со две реченици: „Се чудам со каква леснотија Христијан Мицковски ја лаже јавноста дека сме имале тестови за само еден ден. Џабе се бориме против лажни и неточни вести, ако претседателот на најголемата опозициска партија свесно лаже и креира паника меѓу граѓаните”.
Иако, Филипче мора да го разбере и Мицковски, на крајот на денот.
Барем малку, барем за миг да застане и да помисли низ што се моравме заедно да поминеме- ние и тој, заради Мицковски, заради неговата партија, повеќе од една деценија.
Колкава е таа тежина што Мицковски ја носи во себе со леснотија, се додека не ни ја префрли нам, да не натовари, не згрбавува, не снеможува таа тежина што одамна ни е смачена и неиздржлива.
Борбата на овој човек, на Мицковски, не е лесна, особено што сиот овој период тој останува осамен борец за некогаш и да биде прифатен како вистински, автентичен лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Неговата главна борба, задача уште од самиот почеток, уште кога дојде на чело на партијата на Груевски беше само една- да се продолжи онаму каде што застана самиот негов претходник.
Тоа беше најлесната борба за него, благодарејќи на неговата политичка диоптрија- да се слави триумфално груевизмот, да се запамти, за никогаш да не се заборави. Или можеби да се заборави?
Да се заборават оние 600 милиони евра, или 700 милиони евра беа, да, тоа е скоро милијарда евра кои беа трошени, распарчувани и разделувани со иззживување, класичен криминал кој досега не е казнет, во комбинација со културен геноцид и фалсификат на историјата на сите нас.
Скоро милијарда евра за криминални споменици, триумфални капии, барокни згради, пластични фасади, обични ќепеци кои ако ги дувнете ќе се срушат.
Сега кога ги читате повиците на граѓаните, сега и не е доцна за да се праша Мицковски:” Знаете што е идиотизам? Да потрошиш 700 милиони евра на споменици и да прашуваш зошто немаме респиратори”.
Зошто немаме доктори во земјава, зошто немаме медицински работници, зошто сите избегаа од Македонија, од Груевски, од пустошот кој го направи груевизмот, зошто немаме добро опремени болници, зошто имаме очај во очите на луѓето.
И не само да се праша Мицковски. Тоа не е доволно. Од Мицковски треба и да се бара одговор. Секој ден, да се прашува и секој ден да се оди по одговор кај него.
Тоа може да биде и Филипче, или Заев, се разбира, тие можат исто така да го прашуваат, секако. Но, тоа ни е и задача нам, можеби пред се нам. Затоа што, за нас се работи.