Обвинетиот Михајловски, актер и политички фактор од редовите на ВМРО ДПМНЕ, се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик.
Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот.
Во текот на истражната постапка, надлежниот јавен обвинител презеде повеќе истражни дејствија, а преку меѓународна правна помош од социјалната мрежа ги обезбеди и податоците за корисничкиот профил од кој беа упатени заканите, соопшти обвинителство.
Глумецот и член на тесното раководство на ВМРО ДПМНЕ, лани летото на својот ФБ профил напиша дека ,,лично би го убил Бранко Тричковски без око да му трепне“.
Тогашниот министерот за култура, Роберт Алаѓозовски нареди да се поведе дисциплинска постапка против актерот и уметничкиот директор на Македонскиот народен театар, Тони Михајловски поради
неговите закани по живот упатени кон новинарот Бранко Тричковски. Со оглед на тоа што станува збор за актер-првенец во МНТ, Алаѓозовски директно го повика директорот Дејан Пројковски да постапи согласно законот и да поведе дисциплинска постапка за повреда на угледот на установата.
Тогаш, дисциплинска постапка за заканите кон Тричковски побараа од здружението на новинари на Македонија.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против актерот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски, за сторено кривично дело Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 од Кривичниот законик, поради заканата за убиство на новинарот Бранко Тричковски објавена на Фејсбук. За ова дело е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна.
Михајловски на својот фејсбук профил на 16 јуни 2017 напиша „Јас Бранко Тричковски можам да го убијам и да не ми трепне око. Прости ми боже“.
„Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот. Во текот на истражната постапка, надлежниот јавен обвинител презеде повеќе истражни дејствија, а преку меѓународна правна помош од социјалната мрежа ги обезбеди и податоците за корисничкиот профил од кој беа упатени заканите“, соопшти Обвинителството.
Во јуни 2017, на заканата на Михајловски со остра осуда реагираше и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и најави дека до Јавното обвинителство ќе достави писмено барање за кривично гонење.
„Говорот на омраза и повикувањето на насилство против новинари е асполутно неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на говорот. Смртните закани имаат за цел да ги вознемират новинарите и да се замолчи критиката во медиумите. Јавно повикуваме да престанат сите видови закани и притисоци против новинарите затоа што ваквиот насилнички говор не може да се смета како слобода на изразување туку е тешко кривично дело кое се казнува со затвор. Се надеваме дека обвинителството ќе ги цени нашите докази и ќе покрене истрага против Михајловски. Новата влада има законска и морална одговорност јавно да ги осуди ваквите закани и да воспостави ефикасен систем за казнување на насилството против новинарите. Одговорност на владата е да гарантира безбедна средина за работата на новинарите“, се велеше во реакцијата на ЗНМ.
Михајловски е вработен во Македонскиот народен театар (МНТ), а за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е избран во јануари годинава.
Еве што одговори на ова на својот твит колегата Тричковски.
Тони во Шанац
Го поздравувам решението на Основното јавно обвинителство да поднесе обвинителен предлог против Тони Михајловски во врска со заканите со убиство што ми ги упати пред извесно време. Актот на Обвинителството го сметам за чин насочен кон рехабилитацијата на правната држава, односно кон воспоставување на такави стандарди во јавната комуникација во кои луѓето ќе се чувствуваат безбедни во изнесувањето на различни ставови и одговорни кон општиот дискурс и кон поединците со кои се имаат спротивни ставови. Се разбира, без да се стерилизира стилот и богатството на јазикот и изразот. Во таа смисла ја поздравувам уште еднаш и иницијативата на Здружението на новинарите и на петседателот Насер Селмани, да поднесат кривична пријава против Тони Михајловски и на тој начин да покажат дека како еснафско здружение ќе влезат во битка против заканите врз новинарите и против разните видови насилство на кое беа изложувани, вклучително и со смртни последици, каков што беше случајот со Никола Младенов. Како и против нападите врз нивните имоти.
Во врска со кривичната пријава јас дадов исказ во Основното јавно обвинителство во која прилика ја поддржав иницијативата за кривичен прогон на наведентото лице и го аргументирав тоа со реалните закани и чувството на егзистенцијална загроза на кои бев изложен поради неговите објави на социјалните мрежи. Како што е познато, непосреден повод беше неговиот статус во кој беше напишал “Јас би можел да го убијам Бранко Тричковски и око да не ми трепне”, но таквите и уште пожестоки закани имаше и порано, особено по еден мој статус за полицајците во акцијата во Диво Насеље.
Две работи се важни:
Прво, Тони Михајловски се закануваше на еден обичен човек кој на своја страна имаше само едно перо, односно една тастатура, еден ајфон и еден таблет. Ништо друго, ниту пари, ниту оружје, ниту партија, ниту партиски војници, добро, освен ајфонот имаше и по некое шише пиво или “џејмисон” блек лебл, една мала група пријатели од “Корзо” и, фала Богу, Фамилијата која успеа да го издржи мојот отпор и да истрпи неверојатен терор, зашто Тони Михајловски беше само една виолина во Симфонискиот оркестар на сеопштиот терор на вмро-дпмне и на нивниот многу обожаван лидер по име Никола Груевски.
Втората работа е во тоа што тие закани беа упатувани од позиција на сила. На невидена сила. Во атмосфера на хистерија на широките народни маси од моќта на вмро и од навистина неограничените димензии на таа моќ. Се сеќавате на тие времиња од пред неколку години. Неговите закани имаа покритие во апсолутната моќ на власта.
Кога ќе затропаа свраките по ронките од претходната ноќ на мојата тераса во Орешани, јас му викав на Мајло, бегај Мацико, низ онаа врата, идат емисарите по твојот газда. Денска се други времиња, од оваа дистанца тоа тешко може да се сфати, но во она време, секој шум можеше да се толкува така како што тука се обидувам да пишувам.
Што се однесува до потрагата по некаква рамнотежа со наводните мои закани кон бившиот премиер, кон вршителот на должноста претседател или кон сегашниот лидер на опозицијата, сакам да ја нагласам драстичната разлика која произлегува од следнво:
Моите текстови се високоестетизирана политичка проза, можам нескромно да кажам, и поезија, само будали и идиоти можат во таа метафорика и висока стилистика да бараат говор на омраза или закана. Второ, моите обраќања се однесуваат на највисоки претставници на власта и на политичкиот живот. Значи, не на обични луѓе и приватни личности, туку на индивидуи кои се одговорни за општите состојби во државата, па според тоа и за мојата ситуација како поединец.
Тоа е.
Ова е обраќање кое има за цел да одговори на големиот интерес на медиумите и на јаноста.
Уметничките, хахаха, обработки на темата ќе ги публикувам многу скоро.
(Р.Г.)