Изминатата година Владата имаше полни раце работа, демантирајќи разни дезинформации искажани во медиумите, од политичари и лажни вести објавени на социјалните мрежи. Дезинформациите поврзни со македонската влада не беа застапени само во македонските медиуми, туку простор најдоа и во медиумите кај соседните земји. Голем дел од овој избор на дезинформации се рецензирани во Критинк
СИМОНА АТАНАСОВА
- СРПСКАТА ПРЕМИЕРКА АНА БРНАБИЌ ПРЕЧЕКАНА БЕЗ ЗНАМЕ
Офцијалната посета на српската премиерка Ана Брнабиќ не помина без шпекулации и дезинформации. „Република“ објави дека Брнабиќ била пречекана без српското знаме пред влада за „да не се случи резил“ со поставување на погрешно знаме. Но, ова е лажна вест. Според фотографиите од официјалниот пречек може јасно да се види дека знамето на Република Србија е поставено на јарбол веднаш до македонското знаме. За манипулацијата да биде поуспешна и поуверлива, медиумот избрал фотографија на која се гледа само македонското знаме. Но тоа не значи дека српското знаме не било таму.
- ТОРБАТА СО ПАРИ, БОКИ 13 И КИЧЕЕЦ ЈА ОДНЕЛЕ ВО ВЛАДА
Една од многуте шпекулации што се појавија поврзани со случајот „Рекет“ е дека торбата со пари, која осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец ја добиваат од Јордан Камчев, завршила во Владата. По објавувањето на написот, портпаролот на Владата ја демантираше информацијата и ја нарече „лажна објава“.
Ја демантираме веста дека осомничените лица од „Рекет” на 20.2 биле во Владата или во гаражите на Владата. Бараме од порталите Нетпрес и Дудинка да ја повлечат лажната објава и да го објават овој демант, одговорија од Влада.
- ОТСТРАНУВАЊЕТО НА ОГРАДАТА НА ВЛАДАТА ЧИНИ 7 МИЛИОНИ ЕВРА
Медиумот лажно пренесува дека за отстранување на оградата на Влдата ќе се потрошат седум милиони евра. Владиниот портпарол ја демантираше информацијата велејќи дека „нема да се трошат пари од граѓаните, туку ќе се искористат внатрешните ресурси, односно постојните капацитет на службите во рамките на Владата“.
Договорите со компаниите кои се цитираат во текстот со кои Владата има склучено договори во вредност од седум милиони евра, се всушност за одржување на хигиената на објектите на државната управа, а не на отстранување на оградата.
- КРАН ПРЕД ВЛАДАТА, ВЕЧЕРВА ЌЕ СЕ ПОСТАВУВА ТАБЛА „ВЛАДА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“
Кога текстот беше објавен, Владата сè уште ја чекаше официјалната вербална нота од Грција дека го ратификувала Договорот од Преспа и оти тој стапува во сила. Потоа се чекаше „Службен весник“ да ги објави уставните измени што се донесоа во Собранието како обврска од Договорот со Грција.
Како што објави Владата во демантот, таа вечер не се поставувала нова табла, туку се варосувала заградата на места каде што била оштетена пред официјалната церемонијата за подигање на знамето на НАТО.
- АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК СТАНУВА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ЗА ОСНОВЦИТЕ
Дел од медиумите „инспирирани“ од објави на социјални мрежи објавија дека албанскиот јазик ќе стане задолжителен за сите ученици од трето одделение и дека ова поради ова оставка даде заменик министерот за образование Петар Атанасов. Владата го демантираше ова тврдење.
Владата на Република Северна Македонија категорично ја демантира дезинформацијата дека албанскиот јазик станува задолжителен за сите основци и дека тоа е причината за оставка на заменик министерот Атанасов, се вели во демантот.
- ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕРИ СО ВЛАДИНИОТ АВИОН БИЛЕ НА ШОПИНГ ВО ЉУБЉАНА
Директорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата, Пеце Мирчевски, заминал заедно со четири жени, вработени во истата служба, со владиниот авион „Лирџет“ на шетање во Љубљана, објавија некои од медиумите. Од СОЗР ги демантираа ваквите тврдења.
Станува збор за тренинг лет, кој заради безбедност мора да се изврши за владиниот авион. Летот е извршен на релација Скопје-Охрид-Љубљана. Во авионот има двајца пилоти, еден инструктор и четири лица. Летот почна во 7:30 часот, а по Охрид авионот продолжи за Љубљана, бидејќи тестирањето на авионот подразбира три часа непрекинат лет, изјавил Мирчевски.
- ЗАЕВ И ХАРАДИНАЈ ИМААТ ТАЈНИ ВРСКИ И ЦРНИ ФОНДОВИ
Српски „Блиц“, повикувајќи се на дипломатски извори од Приштина, објави дека „македонскиот премиер Зоран Заев и поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај се блиски соработници, имаат договор за контрола на работите во Македонија, но и создавање црни фондови кои треба да служат за плаќање на политичари од Брисел, но и од Грција, со цел на секој можен начин да се ублажи стопирањето на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО“.
Македонската влада ги демантираше овие тврдења и во демантот потенцираа дека станува збор за „апсолутни невистини кои не се корисни за добрососедските односи во регионот“.
- ЌЕСЕ ЛЕАГЛИЗИРА МАРИХУАНАТА
ТВ 21 објави дека Владата наскоро ќе ја легализира марихуаната во Македонија и дека на почеток тоа ќе биде на туристичките места во Охрид и Струга. На оваа објава стигна одговор од Владата во кое се вели дека тврдењето е дезинформација.
Станува збор за дезинформација. Не постојат тековни владини анализи за легализирање на марихуаната за рекреативни цели. Владата останува на почитување на постоечката регулатива со која во земјата е дозволено производство на канабис исклучиво во медицински цели, се вели во реакцијата за ТВ 21.
- ИЧКРТАНИ НОВИТЕ ТАБЛИ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
По објавата на некои портали дека во герила акција биле исшкртани новите табли со името Репубика Северна Македонија, Владата излезе со информација дека тоа е лажна вест.
Владиниот протпарол Миле Бошњаковски во објава на Твитер информираше дека кога текстот бил објавен таблите воопшто и не биле поставени.
- „ВОИН НА КОЊ“ ЌЕ ЗАМИНЕ ЗА АТИНА, А АТИНСКИОТ „ТРКАЧ“ ЌЕ ПРИСТИГНЕ ВО СКОПЈЕ
Грчки медиуми објавија дека во духот на Договорот од Преспа ќе се случи размена на споменици, па, така, споменикот Воин на коњ ќе се замени со атинската скулптура Тркач. Од Владата одговорија дека нема иницијатива за размена на споменици.
Според Договорот, во наредниот период сите споменици кои припаѓаат на хеленската историја ќе бидат означени како такви. Во моментов не постои друга иницијатива во Владата на Република Северна Македонија, стои во реакцијата од Владата.