Без да се навлегува во поединечните вредности на имунизаторите за ковид-19, факт е дека алчноста на акционерите од западните производители на вакцини се судри со можноста на едно место на Балканот да се добијат две фабрики за руски односно кинески вакцини! Ова ја менуваа пазарната слика за овој производ за 180 степени
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
За време на нашиот продолжен, празничен викенд слушнав вест дека од најзагрозената земја на планетава со ковид-19 – Индија, Лондон земал еден милион вакцини од типот Астра Зенека и потоа ги препратил во пребогата Австралија (750 илјади „парчиња“). Типичен колонијален манир на гледање на светот низ очила што толку строго прават селекција на човечката мака. Потоа дојде веста дека Британија ќе и помогне на Индија со испраќање на 600 апарати за вештачко дишење (респиратори) – ќе ги испрати со брод…јавува Хиндустиан тајмс на 26 април.. И ова само ја дополнува сликата за колонијалните манири на една земја која во Комонвелтот ги имаше и сиромашната Индија и една од помоќните држави Австралија.
Битката со вакцините и низ овој случај продолжува да ги задржи своите планетарни димензии. И да реплицира врски на кои сме заборавиле, кои укажуваат дека имаме врааќања во времињара од пред Големата војна. Среде нив, само стуткана некаде на маргините се наоѓа и Македонија, со сите свои неволји и надежи, на која и требаа два милиони вакцини вкупно за да го покрие населението и барем таа со заболените да не претставува проблем навнатре и кон надвор.
Опозицијата постојано се обидува да ја критикува власта затоа што вакцинацијата доцни; власта признава дека големите менаџери на фабриките за вакцини не сакаат да мислат на држави кои се така минорен пазар. Еден професор рече дека вакционите не ги добавуваат парите туку играњето на голф со моќните луѓе во политиката и пред се во бизнисот. Ние такви немаме, мора да си признаеме а тоа се должи на немањето на традиција на никое поле на општествен живот. Добро, имаме ама само во фолклорот.
Рака на срце, во контекст на тие непријатни ситуација и сознанија поставувањето на здрави нозе на фабриката Торлак во Белград, која ќе произведува (препакува) руски вакцини од типот „спутњик В“, како и најавата за изградба на сличен објект за исфрлување на кинеските вакцини, барем на Балканот, од корен ја менува ситуацијата и прави пресврт во филозофијата на другите, западни монополисти. Тие можат да се однесуваат индиферентно, ама пазарот целосно ќе го изгубат! Исто е и со источните производители, кои барем кон Македонија водеа специјална војна (за тоа веќе сме пишувале). Кај руските вакцини таквата војна е забележлива и сега,кКај кинеските „браната пукна“ на Први мај.
И во едниот и во другиот случај Торлак е многу важен: ако западните фирми не почнаа да бидат „милосливи“ деновиве тие целосно ќе го изгубеа пазарот. Од друга страна инаетот на руските и кинески извозници ќе беше и онака со кус рок, бидејќи, снабдувањето кон нас и онака подолго време доаѓа индиректно а особено тоа ќе биде присутно
после јули, кога полнилницата во Белград ќе работи со полна пареа. На ред е да се пребројат понудите, бидејќи како и тенковите во Курската битка балканските увозници од губитници станаа интересни пазарни субјекти.
Првата серија на контролни дози на руските вакцини веќе е направена, но тие се испратени во матичната земја, за тамошните стручњаци да се уверат во квалитетот. Како што е познато производството на овие вакцини кои ние ги добивме во помало количество ги произведува Институтот Гамалеј. Производството се надоврзува на претходните испитувања за вакцината за ебола, да цитирам оригинални документи, што подразбира користење на т.н. аденоварилен вектор- безопасен аденовиру сна кого со генеричка интервенција му е заменет дел од ДНК со избрана информација на генеричка интервенција, со што организмот, рагирајќи на „прелада“ , создава имунитетен одговор на ковид-19!
Угледниот вирусолог Ана Глигиќ објаснува дека во Белград ќе се врши полнење и затворање на флашичките со вакцинален раствор, а дека смесата ќе доаѓа од Русија. Тоа не е рамниште на посакуваниот регионален центар кој Србија сака да го има и би вложила пари, бидејќи е повеќе од јасно дека транзицијата го остави Торлак без потребниот кадар и технолошка основа! Точно е дека во социјализмот – кога зад Торлак стоеше системот и пазар од 20 милиони граѓани – имаше многу од она што сега недостасува, бидејќи, тогаш земјата беше независна од странство кога беа вирусите во прашање. Но тие времиња се зад нас а многу од искусните стручњаци, како Глигиќ се во пензија, додека младите заминале во странство. Впрочем, извозот на лекови и други препарати е секогаш поврзан со корупција која збогатува поединци и групи. Пример: кога пред десеттина години во земјава снемаа дијализери и не можеа никако да се покријат од увоз власта на Груевски се сети дека Алкалоид на времето имал такво производство. Секако дека имал ама лакомости на здравствените власти да увезуваат дијализери од странство (колку поскапи, толку подобро, се’ се смета во проценти). И тогаш се сетија на Алкалоид и фабриката мораше за три дена да го врати тоа производство за да ги спаси многубројните корисници на оваа метода која ги заменува заболените бубрези! Во прашање беа животите на десетици и десетици илјади животи.
И ова е еден сличен пример, па екипата на Торлак реагира на предизвикот со свое минимално креативно учество, користејќи ја својата политичка позиција на неутралност и ќе лиферува руски а потоа и кинески вакцини.
Одлучната на министерот за здравство Филипче дека соработка со Торлак ќе биде долгорочна ама не за вакцините против ковид-19, заради нарачаните „доволни количества“ се потпираше и на некои западни „протоколи“. Наспроти реалната ситуација во ковид-центрите.
Но ако некој бара да се спротивставуваш на источните лекарства а самиот не ти помага да го чуваш народното здравје и тоа една година по стартот на пандемијата, промени во политиките се можни. Па дури и дозволиви и нужни. Кај Филипче неговата децидност за набавките се истопи за 24 часа, тој минатиот вторник замина во Белград и даде значајна поткрепа на планските документи во Торлак. Секако, лесно било да се потсети дека ние станавме хронично зависни од подароците и позајмиците од Србија кај имунизаторите што нема таква опција која може да не оддалечи од „новата политика на неутралност“ – посредникот од ЕУ Вархеи ќе доаѓа да присуствува на пристигнување на вакцините од западните земји, дури ќе може да ги преброи истите. Сепак, клучните фактори во имунизација на населението ќе бидат оние кои ќе доаѓаат од Истокот, за што упорно се противевме долго време, изнесувајќи причини кои секако држеа, но оставаа имунолошко приземјени.
Гледано од практичната страна, новата ситуација на фронтот на одбрана од короната на Балканот стои сознание дека вакцини ќе има, западните производители ќе имаат скиселени изрази на лицето (да не претеруваме не многу), Србија ќе има заработка… Но, малку е веројатно дека Србиоја со Торлак ќе стане имунолошка сила, како во времето кога ги правеше вакцините полио и ги извезуваше во целиот свет. И Западиот и Истокот си имаат свои глобални, империјалистички планови од кои Балканот, онака поделен, стиснат меѓу двете менгемиња на половите ќе мора да преживува. При транзицијата во нашите вени влезе корупцијата и таа целосне не парализира за да бидеме создатели на сопсствени, автономни производи.