Во т.н. Втора виетнамска војна во која Кисинџер има активна улога загинаа 5 милиони луѓе. Од нив 3 милиони се цивили! Во оваа војна загинаа 50 илјади американски воницуи, 150 илјади останаа инвалиди а 89 илјади се самоубија во поствоениот синдром! Кисинџер доби Нобелова награда за која не глесаа сите членови на Нобеловиот комитет
Нема сомнение дека авантурата на САД во Камбоџа е една од оние кои донесоа многу жртви и оставија долгорочни трагични траги. Пред се затоа што таму дојдоа на власт Црвените Кмери кои направи ја невиден холокауст во сопсствената земја со милионски жртви. А идејата била преку интервенција во оваа неутрална земја да се затворат наводно невидливи канали преку кој Виетконг комуницирал меѓу тогашните Северен и Јужен Виетнам, вториот колонија на Франција а потоа и на САД.
На почетокот од 1969 година, Кисинџер се спротивставил на планираната операција Мени (бомбардирање на Камбоџа), сметајќи дека Никсон постапува избрзано, но на 16 март 1969 година Никсон најавил дека бомбардирањето ќе започне следниот ден. Кој кому му бил советник тука? Затоа во Америка се измисли и терминот „Никсинџер“, две тела со една глава.
Кон крајот на 1969 г. немало напредок во Париските мировни преговори поради опструкционизмот на јужновиетнамската делегација. Претседателот на Јужен Виетнам Нгујан Ван Тину не сакал САД да се повлечат од Виетнам и фрустран од него, Кисинџер одлучил да започне тајни мировни преговори со Ле Дук То во Париз истовремено со официјалните разговори. Поминало многу време во кое не постоел успех. Дури на 1 август 1972 г., Кисинџер повторно се сретнал со То во Париз и бил подготвен за компромис. Но времето минувало.
Вечерта на 8 октомври 1972 година, на таен состанок на Кисинџер и То во Париз на повидок било решение во преговорите. Тọ започнал со предлог за прекин на огнот со кој Американците ќе ги повлечат сите свои сили од Виетнам во замена за ослободување на сите заробеници во Северен Виетнам.[ Кисинџер ја прифатил понудата на Tọ. На 21 октомври Кисинџер и американскиот амбасадор Елсворт Банкер пристигнале во Сајгон за да му го покажат мировниот договор на Тину. Овој одбил да го потпише мировниот договор и побарал големи измени за кои Кисинџер му рекол на Никсон дека „се граничат со лудило“.
Иако Никсон првично го поддржал Кисинџер против Тину, другите советници – Х.Р. Халдеман и Џон Ерлихман го повикале да размисли, тврдејќи дека измените на Тину се оправдани. Никсон направил 69 амандмани на нацрт-мировниот договор кои требало да бидат вклучени во конечниот договор и го пратил Кисинџер во Париз за да го принуди То да ги прифати. Кисинџер 69-те амандмани на Никсон ги сметал за „глупости“ бидејќи знаел дека То нема да ги прифати. Очекувано, Tọ одбил да разгледа некој од 69-те амандмани и на 13 декември 1972 година, заминал од Париз за Ханој.
На 8 јануари 1973 г., Кисинџер и То повторно се сретнале во Париз и следниот ден постигнале договор, кој во суштина бил ист како оној што Никсон го отфрлил во октомври со одредени козметички отстапки за Американците. Tину повторно го отфрлил мировниот договор, но добил ултиматум од Никсон и затоа неволно го прифатил мировниот договор. На 27 јануари 1973 година, Кисинџер и То потпишале мировен договор со кој се барало целосно повлекување на сите американски сили од Виетнам до март, а за возврат Северен Виетнам требало да ги ослободи сите американски заробеници.
На 10 декември 1973 година, заедно со То, на Кисинџер му била доделена Нобелова награда за мир, за преговорите за прекин на огнот содржани во Парискиот мировен договор за „Завршување на војната и враќање на мирот во Виетнам“, потпишан претходниот јануари. За прв пат во историјата на наградата за мир, двајца членови го напуштиле Нобеловиот комитет во знак на протест. То ја отфрлил наградата, велејќи му на Кисинџер дека мирот не е вратен во Јужен Виетнам. Кисинџер му напишал на Нобеловиот комитет дека „со понизност“ ја прифаќа наградата, и „целиот приход го донира на децата на американските војници убиени или исчезнати во акција во Индокина“. По падот на Сајгон во 1975 година, Кисинџер се обидел да ја врати наградата.
Втората индокинеска војна, попозната како Виетнамската војна (на САД), е можеби најапсурдниот настан во современата човекова историја. Виетнамскиот народ претрпе огромни загуби. Повеќе од 5.000.000 жртви, меѓу кои 4 милиони беа цивили, а материјалните загуби се рефлектираат и до денес. На другата страна, под маската на заштита од комунизмот, во џунглите во Индокина загинаа 60.000 Американци, 150.000 илјади останаа повредени, а околу 50.000 од вратените извршија самоубиства (познато како Виетнамски синдром).
Војната меѓу палестинската терористичка група Хамас и Израел е топ тема во светот и влијателни личности даваат предлози како би можело да се стави крај на крвавите немири.
Екс американскиот државен секретар Хенри Кисинџер кажа дека решението за две држави не е гаранција дека нападите нема да се повторат.
(продолжува – користени се како извори многу бројни текстови)