Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ТРАМП ЗАСЕГА НЕ ПОМИНУВА ВО СЕНАТОТ

January 28, 2019 Filed Under: Свет

Ниту еден од предлозите НА Трамп не може да мине без меѓупартиска поддршка, со оглед дека се неопходни 60 гласа за усвојување на легислативата

УСЛОВ Вработените во администрацијата да добијат плата па потоа ќе им говор н претседателот – вели Пелоси

Американскиот Сенат минатата недела гласаше за два партиски предлози, еден републикански, еден демократски, за ставање на крај на делумното владино затворање, кое сега е во вториот месец.

Едно од гласањата – на републиканците – го` вклучуваше и барањето од 5,7 милијарди долари од претседателот за изградба на Ѕидот долж американско – мексиканската граница, плус ограничени имиграциони реформи, во пакет за финансирање на владата до крајот на актуелната фискална година.

Сенатот гласаше и за демократскиот предлог за финансирање на владата до 8-ми февруари. Мерката не содржи пари за пограничната безбедност, и` првенствено е насочена кон повторно отворање на федералните агенции и да обезбеди простор за конгресните лидери и Белата куќа да постигнат договор прашањата кои што доведоа до делумно затварање на владата во декември.

„Нема оправдување за сенатските републиканци да не ја усвојат легислативата“, изјави спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, алудирајќи на предлогот од демократите.

Ниту еден од предлозите нема да може да мине без меѓупартиска поддршка, со оглед дека се неопходни 60 гласа за усвојување на легислативата. Републиканците имаат благо мнозинство од 53-47.

СОСЛУШАН Трамп се уште има парламентарна толранција за сослушување, но просторот се стеснува

Претседателот Трамп го повтори ставот дека пограничниот ѕид е неопходен за безбедноста.

Делумното владино затворање погоди 800.000 федералните работници, од кои 420.000 работат без плата. Сите нема да го примат и вториот двонеделен чек, овој петок, ако нема решение во Конгресот.

Кои се вообичените прашања во врска со актуелниот американски проблем,

Мора ли да има обраќање на претседателот за состојбата на унијата?

Да. Тоа го предвидува Уставот на САД.

Кога?

„Oд време на време“ – предвиделе основачките татковци

Кога ќе биде наредното обраќање на претседателот Трамп?

Не се знае. Закажано беше за 29-ти јануари, но заради затворањето на владата е одложено.

Зошто претседателот се обраќа на почетокот на годината?

Со ратификацијата на дваесеттиот амандман, од 1933 година одредено е првата сесија на новиот состав на Конгресот да се одржува во јануари, наместо во март. Од тогаш станало вообичаено обраќањето на претседателот да биде во првите два месеци од годината.

Треба ли претседателот да биде поканет да се обрати пред Конгресот?

Да. Претставничкиот дом и Сенатот треба да донесат заедничка резолуција што во основа е официјална покана за претседателот да го одржи обраќањето.

​Спикерката на Претставничкиот дом го покани претседателот. Во што е проблемот?

Пелоси во (минатата) средата практично ја повлече поканата. Рече дека нема да дозволи гласање за таква резолуција, додека владата е затворена.

Има ли рок за обраќањето на претседателот до нацијата?

Нема.

САМО НА ТВ Еднаш Реган не можел да пристапи во Сенатот, е опбратил на нацијата од телевизијата – дал изјава за CNN

Мора ли обраќањето да се одржи во Претставничкиот дом?

Не. Во Филаделфија, пред Вашингтон да стане главен град на САД, годишното обраќање вообичаено се одржувало во Сенатот. Денес се смета дека сенатската сала е премногу мала.

Може ли претседателот да ја изнесе состојбата на унијата во писмена форма?

До 1913 година било така. Томас Џеферсон ја почнал таа пракса во 1801 година доставувајќи го документот до двата дома на Конгресот.

Кој ја прекршил таа пракса?

Претседателот Вудроу Вилсон. Во 1913 се обратил пред членовите на двата дома на Конгресот. Во истата прилика, тој за прв пат додал и елементи на промоција на неговата политичка агенда. До тогаш обраќањето било претежно административно.

И оттогаш останало така?

Не. Има исклучоци. Заради здравствени причини или заради рокови поврзани со мандатот.

Некој пример за тоа?

Џими Картер во 1981 обраќањето го доставил во писмена форма, четири дена пред Роналд Реган да даде заклетва како нов претседател.

Дали некогаш претседателот бил одбиен?

Да. Во 1986 година, спикерот од редовите на демократите, Тип О’Нил, не му дозволи на Реган да се обрати додека не помине гласањето за одобрување помош за бунтовничките сили во Никарагва. Реган на крајот имал обраќање на телевизијата, пренесувано само од CNN.

 

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet