Американскиот претседател со своите некадарни изјави и штети и на НАТО и им повладува на Путиновите коментари за нивната улога на Балканот, со можност навистина да се испровоцира конфликт на Полуостровот
Нов бисер минатата недела одново дојде од Белата куќа. Тоа американскиот претседател Доналд Трамп по завршувањето на самитот на НАТО и враќањето од средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки. Овојпат жртва е Црна Гора.
„Зошто мојот син да оди во Црна Гора да ја брани од напад? Зошто е тоа така?“, го праша модераторот на американската телевизија Фокс њуз Такер Карлсон претседателот Доналд Трамп по враќањето во САД.
„Разбирам што ми кажувате. И јас се прашувам истото“, гласеше првичниот одговор на Трамп, кој деновиве беше предмет на жестоки критики поради изјавите кои ги даваше на самитот на НАТО во Брисел, во Велика Британија, како и по средбата со рускиот претседател Путин во Хелсинки.
Но, Трамп не застана тука.
Најпрво ја оквалификува Црна Гора како „мала земја со многу силен народ…“ За потоа да продолжи со оценка дека народот во Црна Гора е толку агресивен што би можел да предизвика и Трета светска војна.
„Не, видете, тие се многу силен народ. Тие се многу агресивен народ. Тие би можеле да станат агресивни и честитки, ќе се најдеме во Трета светска војна. Го разбирам тоа, но така сето е така устроено“, рече Трамп.
Минатата година, исто така на самит на НАТО, Трамп веќе предизвика еден скандал поврзан со Црна Гора откако грубо го оттурна црногорскиот премиер Душко Марковиќ за да се пробие до првиот ред.
На Трамповата изјава за Црна Гора, што се чини беше само пример во целата приказна, отро реагираа некогашниот главен командант на НАТО – генералот Весли Кларк и републиканскиот сенатор од Аризона Џон Мекејн, истакнувајќи дека Црна Гора е под постојан притисок на Русија.
„Народот на Црна Гора смело го издржа притисокот на Путиновата Русија за да ја гушне демократијата. Сенатот гласаше со 97 спрема 2 за да го подржи приемот на земјата во НАТО. Со нападот на Црна Гора исо доведувањето во прашање на нашата обврска како членка на НАТО, Трамп го прави токму она што на Путин најмногу му одговара“.
Од друга страна пензионираниот генерал и поранешен претседателски кандидат Весли Кларк потсети дека „Русија дури се обиде да го убие црногорскиот претседател“.
„Како поанешен командант на НАТО силите знам дека членот 5 постои за да се спречи војната. Токму затоа е активиран само еднаш. После 11 сптември 2001 година. И Црна Гора праќа свои војници во Авганистан, заради нас. Загрижувачки е кога се слуша како Трамп користи руски финти во разговор со Такер Карлсон, кога говори за Црна Гора“, напиша Кларк и додаде – „Трамповите коментари ја слабеат НАТО, и и даваат на Русија дозвола да преизвикува неволји и на тој начин всушност го зголемуваат ризикот за обновување на конфликти на Балканот“.